Постојат три големи страсти, алкохол, коцкање и власт...
Постојат три големи страсти, алкохол, коцкање и власт.
Од првите две некако може и да се излечи, а од третата никако.
Власт е најтежок порок. Поради неа се убива, поради неа се гине, поради неа се губи човечкиот лик.
Неодолива е како волшебен камен, зошто собира моќ. Таа е дух од Аладинова ламба, која служи на секоја будала која ја држи.
Одвоени, не представуваат ништо; заедно се најголемо зло на светот. Чесна и паметна власт непостои, зошто желбата за моќ е безгранична.
Човекот на власт го потикнуваат кукавиците, го охрабруваат ласкачите, го подржуваат криминалците, и неговата представа за себе секогаш е убава.
Сите луѓе ги смета за глупи, зошто го кријат сопственото мислење, а за себе го присвојува правото дека се знае, и луѓето тоа го прифаќаат.
Никој на власта не е паметен, зошто и паметните набрзо го губат разумот, и никој не е трпелив, зошто мразат промена.
Веднаш праваат вечни закони, вечни принципи, вечна организација и ја врзуваат власта за Бога, ја уцврствуваат својата моќ.
И никој не би ги соборил ако не биднат закана на другите моќници.
Секогаш ги рушат од власта на ист начин, објаснувајќи го тоа како насилство спрема својот народ, а сите тие се насилници со предавство спрема владарот, а тоа на никого не му паѓа на ум.
И никого тоа не го опаметило, сите тежнеат за власт, како ноќен лептир на пламенот од свеќата.
Тврдина - Меша Селимовиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар