Акатист кон света великомаченичка Марина-Огнена Марија
Кондак 1
Тебе,храбрата невеста Христова,која си избрана неизречената сава Божја да ја објавиш со своето величенствено страдање,усрдна молитва ти вознесуваме и те повикуваме да погледнеш и на нас недостојните,и да ни помогнеш од гревови да се очистиме,душата со добродетели да ја обложиме и во Царството Небесно да влеземе,како би можеле да ти воскликнуваме:
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженствена љубов!
Икос 1
Ти не беше родена како Хрситијанка,но кога си го слушнала тивкиот глас на Господ Исус Христос,твоето срце се разгоре со неизмерна Божествена љубов,и ти,света великомаченице Марина,цело свое битие Нему си му го предала.Страдањата кои си ги поднесла,не одрекувајќи Му се пред мачителите,си ги восхитила и Ангелите,и не можат да се искажат со човечки зборови.А ти сите маки нестрашливо си ги издржала и си се удостоила да примиш величенствен венец на славата Небесна.Затоа и ние,восхитени со твојата неискажана храброст,од се срце вака те величаме:
Радувај се,бидејќи огнот на Христовата љубов во своето срце си го запалила!
Радувај се,бидејќи својата младост на Христа Бога си му ја предала!
Радувај се,бидејќи со мачеништво за цела вечност си се прославила!
Радувај се,бидејќи светол храм на Светиот Дух си постанала!
Радувај се,бидејќи со чистотата на душата на ангелите си се уподобила!
Радувај се,бидејќи невенлив венец на мачеништво од Господ Христос си задобила!
Радувај се,бидејќи Црквата Божја со величенствено мачеништво си ја украсила!
Радувај се,огну на Христовата неугаслива љубов!
Радувај се,света великомаченичке Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженствената љубов!
Кондак 2
Твоите родители,света Марина,беа високородни и возвишени со славата на овој свет,но беа помрачени со многубожечко верување и не знаеле за вистинскиот Бог.Затоа ти како останатите христијански деца не си слушала умилни зборови за Оној кој најмногу ги сака децата,за Господ Исус Христос,и тебе крај лулката немало кој да ти пее ангелска песна:Алилуја!
Икос 2
А беше и неѓто полошо од тоа,света Марина,бидејќи твојот татко Едесиј беше идолски поп во Антиохија.Но бидејќи ти остана без мајка како дете,тој те предаде на една доилка на село,и која иако не беше христијанка,сепак во твојата нежна душа влеала добрина и љубов,така што ти израсна убава со телото,но уште повеќе со духот,чекајќи го женикот на кој ќе му го поклониш своето срце.Затоа вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи Бог те избавил од темнината многубожечка!
Радувај се,бидејќи си ревносно воспитана во добрина и љубов!
Радувај се,бидејќи низ тебе Господ Христос ја пројави својата бескрајна слава!
Радувај се,светла и целомудрена девице Христова!
Радувај се,нежен цвете на Рајот Христов!
Радувај се,ангеле во човечко тело!
Радувај се,Христова светла гулабице!
Радувај се,огнена птицо Небесна!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божествената љубов!
Кондак 3
Во тоа време се подигна страшно гонење на благоверните Христијани,кои се криеја од мачителите по пустините,горите и пештерите,а нкои и по селата.Имај
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
ќи голема ревност за Господ Христос,тие и понатаму ги поучувале неверните за светата вера Христијанска,пеејќи радосно:Алилуја!
Икос 3
И тогаш,по премудрата промисла Божја,и до тебе,дванаесет годишно девојче,света Марина,дојде глас за Царот Небесен,Господ Исус Христос,кој дојде во светот,и низ Пресвета Богородица постанал Човек,не престанувајќи да биде Бог,за да ги спаси од вечна гревовна смрт сите оние кои со љубов поаѓаат за Него,исполнувајќи го Евангелието Негово.И како небесна молња,во твоето срце блесна неопишлива љубов спрема тој Цар,па ти со целото битие посака да бидеш само Негова небеста.Заради таа љубов спрема Синот Божји,и ние со љубов вака те величаме:
Радувај се,бидејќи Господ Христос со љубовта Небесна во срце те ранил!
Радувај се,бидејќи пламено си го засакала!
Радувај се,бидејќи Тајната на Небото ти е откриена!
Радувај се,бидејќи слушајќи за Господ Христос се земско си отфрлила!
Радувај се,бидејќи со благода си го исполнила своето срце!
Радувај се,бидејќи си постанал слугинска Господова!
Радувај се,бидејќи Вечен Живот си задобила!
Радувај се,бидејќи твоето житие со умиление ги надахнува Христијаните низ вековите!
Радувај се,огнена Христова девственице!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божествената љубов!
Радувај се,бидејќи твоето житие со умиление ги надахнува Христијаните низ вековите!
Радувај се,огнена Христова девственице!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгоре ги и нашите срца со огнот на Божествената љубов!
Кондак 4
И таа Небесна љубов,љубовта Божја,љубов неискажана,така силно затрепери во тебе,невесто Христова,Марина сеславна,па ти ништо друго не размислуваше,ниту зборуваше,туку само за Богочовекот,Господ Исус Христос,чие Евангелие со срцето и душата си го засакала,и Кому радосно си Му пеела:Алилуја!
Икос 4
Иако сеуште не си била крстена,бидејќи немаше свештеник да те крсти,ти света Марина,храбро и без срам си почнала пред сите да ја исповедаш Верата Христијанска.Слушајќи дека многу маченици го примиле светото крштение низ својата пролиена крв,ти си посакала,како и нив,да ја пролиеш својата крв за Господ,и да бидеш вброена во мачениците Негови.Восхитени на твојат пламена вера,ние ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи Господ Христос ти бил почеток и крај!
Радувај се,бидејќи Евангелието Негово со цело срце си го засакала!
Радувај се,бидејќи и животот си била спремна да го положиш за својот Господ!
Радувај се,огнен саде на девственост и чистота!
Радувај се,бидејќи твоите икони ги украсуваат Божјите храмови!
Радувај се,бидејќи од Бога си избрана за величенствен подвиг на мачеништво!
Радувај се,бидејќи безбројни дарови си примила!
Радувај се,бидејќи без страв си го исповедала Господа Христа!
Радувај се,огнен зраку на Боженскиот оган!
Радувај се,света великомаченица Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божестевната љубов!
Кондак 5
На крајот и твојот татко,попот многубожечки,дозна дека слободно ја сиповедаш верата христијаснка,и дека ги презираш неговите богови,па така силно те замрази,што повеќе не те сметаше за своја ќерка.А ти,гулабице света,Марина света,цела свртена кон Бог,непрестајно пееше:Алилуја!
Икос 5
Кога ти имаше петнаесет години,света Марина,ти излезе во поле да го видиш стадото на својот татко,и тогаш те сретна епархот Олимвриј,лутиот мачител на Христијаните.Гледајќи те така убава и целомудрена,тој толку се занесе,што помисли да те земе за жена,па почна да те испитува од кој род си,нудејќи ти ги сите сласти земни,но ти сето тоа го сметаше за ништо,не сакајќи ни да чуеш за неговите понуди.Величајќи ја твојата љубов спрема Небесното,ние те величаме тебе вака:
Радувај се,бидејќи заради Господ Христос и родителската љубов си ја презрела!
Радувај се,бидејќи си ги мразела лажните богови на својот татко!
Радувај се,бидејќи иако беше нежна како срца,не си се уплашила од мачителите!
Радувај се,бидејќи ништо не можело да те одвои од љубовта Христова!
Радувај се,бидејќи си се уподобила на мудрите девојки!
Радувај се,бидејќи со светлост Божја си исполнета!
Радувај се,бидејќи неизмерно си го сакала Оној кој го сака цел свет!
Радувај се,бидејќи на Господа Христа со целото битие си му се предала!
Радувај се,огнена Небесна заштитничке на Христијаните!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божествената љубов!
Кондак 6
Тогаш ти,целомудрена девице Марина,храбро пред епархот исповеда дека си Христијанка,и дека веќе си свршена на другиот Женик,Господ Исус Христос,кој ти вети неброено поубави блага,кои никогаш нема да пропаднат,и дека во Неговите брачни спални соби те чека таква сладост и убавина,која не може да се спореди со сите убавини на овој свет,па умилно запеа:Алилуја!
Икос 6
Слушајќи дека си Христијанка,епар
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
хот веднаш им нареди на војниците да те водат во град,но да се однесуваат спрема тебе со чест,света Марина,бидејќи си го восхитила со својата убавина и мудрост,па мислел дека,заканувајќи ти се со маки,лесно ќе те заплаши,и ќе те земе себеси за жена.А ти,целомудрена слугинко Господова.го молеше Богаво себе да ти даде снага сите закани и претстоечки маки храбро да ги издржиш,како би примила невенлив венец на мачеништво.Затоа ти вознесуваме вакви песни:
Радувај се,бидејќи со умот си била во Вишниот свет!
Радувај се,бидејќи како робинка Христова оковите радосно си ги примила!
Радувај се,бидејќи победоносно си одела кон своето страдање!
Радувај се,бидејќи непорочна жртва на Господ Христос си му принела!
Радувај се,светла грлице Небесна!
Радувај се,славна девице Христова!
Радувај се,чисти изворе бестрашен!
Радувај се,невино јагне Господово!
Радувај се,огну кој ги гори демоните!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженствената љубов!
Кондак 7
Доаѓајќи во градот,суровиот епарх најпрво ја принесе жртвата твоја на своите погани богови,па фати уште многу Христијани и ги фрли заедно со тебе во темница,света великомаченице Марина.А вие,со пламена љубов Му благодаревте на Бог,кој ве избави од многубожечката темница и те доведе пред ватата на мачеништвото,радосно пеејќи до зори:Алилуја!
Икос 7
Следниот ден епархот устрои свечено судење пред народот и напрво нареди да те доведат тебе,света великомаченице Марина,бидејќи откако те виде,беше страсно обземен со твојата убавина и мудрост.И тогаш почна да те наговара да се одречеш од Господ Христа и да принесеш жртва на неговите богови,бидејќи ќе му биде многу жал да го упропасти со мачење твоето младо тело.А ти,девице Христова,храбро стоење пред нго,молејќи го Господ да ти помогне во она што те чека.Затоа вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи нестрашливо си стоела на судот пред мачителите!
Радувај се,бидејќи со храброст си го посрамила ѓаволот!
Радувај се,бидејќи со подвиг си се уподобила на Господ Христос!
Радувај се,бидејќи си сакала само рајска убавина!
Радувај се,бидејќи си украсена со многу доблести!
Радувај се,бидејќи си Богоблажена невесто Господова!
Радувај се,сеславна маченице Христова!
Радувај се,бидејќи и на неправославните чудесно им помагаш!
Радувај се,огнена молитвеничке за нашите гревови!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божествена љубов!
Кондак 8
Тогаш ти,света Марина,гласно,да слушне цел народ,почна да му говориш на епархот:”Јас сум се научила да го исповедам Небесниот Отец и единородниот Син Негов и пресветиот Дух,Единиот Вистински и Жив Бог,и Нму му се поклонувам и му принесувам пофална жртва,а на твоите богови,злите духови,никогаш нма да му принесам жртва,ниту да им се поклонам”-па гласно воскликна:Алилуја!
Икос 8
Епархот повторно проба да те одврати од Господ Христос со закани,но како ти остана непоколеблива во својата одлука,се исполни со бес,па нареди да те соблечат гола и да те тепаат со прачка.И ти долго си била мачена,о великострадалнице Марина,така што потоци од крв истекуваа од твоето тело.Некои од народот те наговараа да принесеш жртва на идолите,за да ја сочуваш својата младост,а многу плакаа за тебе,а ти тивко си се молела на Бог кој ти давал благодатна сила да издржиш она што на обичниот човек му е неиздржливо.Затоа ти благодариме вака:
Радувај се,бидејќи од љубов си се жртвувала за Господ Христос!
Радувај се,бидејќи не си се поклонила на многубожчките идоли!
Радувај се,бидејќи твоето тело прими тешки рани за Господ Христос!
Радувај се,бидејќи си се уподобила на нговите најголеми маченици!
Радувај се,бидејќи идолската измама си ја разобличила!
Радувај се,бидејќи со маченичка крв како со фустан си се облекла!
Радувај се,бидејќи за Христа си умрела,да би со Него вечно живеела!
Радувај се,огнезрачен храме на Светиот Дух!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженската љубов!
Кондак 9
Кога слугите на момент прекинаа со мачење,епархот ти рече:”Ова почеток на твоето страдање,Марина,и ако останеш упорна во непокорноста,ќе доживееш уште поголеми маки.”А ти,великомаченице Христова,храбро му одговори:”Прави што сакаш.Јас не обраќам внимание на маките и мене ми помага Господ Исус Христос,бидејќи е единствено Тој Бог,и само Нему треба да му се вознесува пофалба и да му се пее:Алилуја!
Икос 9
Има ли на светот беседник кој би умеел да го искаже твоето свето страдања,о великомаченице Марина,бидејќи како и твојот Господ некогаш за Крстот,и тебе тогаш темприковаа со клинци за маченичка даска,и со железни трозајци почнаа да го кинат твоето пречисто девојачко тело,од кое отпаѓаа парчиња месо.Тогаш мачителот повторно ти рече да принесеш жртва на неговите богови,а ти храбро му одговори:”Ако го поштедам своето тело,како тогаш мојата душа ќе се овенча со слава во Царството Небесно”.Стеојќи неми пред твоето неискажливо страдање,да чуеме како ангелите наместо нас тивко пеат:Алилуја!
Радувај се,бидејќи ни во мајголемите маки не си се откажала од Господ Христос!
Радувај се,бидејќи мачителите како најлути ѕверови го кинеа твоето тело!
Радувај се,бидејќи храбро си го издржала мажествениот подвиг!
Радувај се,бидејќи со тебе се фали соборот на девственици!
Радувај се,бидејќи со својата крв Небесни одежди си исткаила!
Радувај се,бидејќи со страдање си ја обложила својата душа!
Радувај се,бидејќи со слава неизречена си возвишена!
Радувај се,дево,со Небесна добрина исполнета!
Радувај се,огнена заштито од злите духови!
Радувај се,света великомаченице Марина,рагори ги и нашите срца со огнот на Боженствена љубов!
Кондак 10
Едвај жива,те затворија во длабока и мрачна темница,каде ги фрлаат осудениците на смрт,и ти,о света великомаченице Марина,од длабочините на срцето извика кон Господ:”Вишни Боже,Тебе со страв сите Небесни сили ти претстојат,погледни и на мене смирената,непотребна и недостојна слугинка Твоја,и дај ми снага да го совладам моите непријатели,и во мене да се прослави Светото Име Твое,бидејќи само Тебе ти доликува да се пее ангелска песна:Алилуја!”
Икос 10
Кога настапи ноќ,цела темница се затресе,и во некоја темна светлост се појави ѓавол во вид на огромна страшна змија.Таа се сврти на тебе и како со своите огромни вилици да те проголта,а ти,о великомаченице Марина,совладувајќи го стравот,се осени со крстниот знак и змијата се распадна,тогаш се отвори кров на темница и те опсипи со неопишлива Небесна светлост,и ти го здогледа големиот Крст и на него бела гулабица која ти рече:”Радувај се,Марина,бидејќи си го победила врагот и дојде твојот ден да се вселиш во Небесните дворови Христови.”И со чудесната сила Божја ти за момент постана исцелена и здрава како и пред мачењата.А ние,восхитени од твојот подвиг,вака со песни те величаме:
Радувај се,бидејќи страшниот демон со крстниот знк си го одгонила!
Радувај се,бидејќи со непристапна светлост си ја просветлила твојата душа!
Радувај се,бидејќи Господ чудесно сите тешки рани ти ги исцелил!
Радувај се,бидејќи тогаш се исполни со неопишана радост!
Радувај се,бидејќи потоци крв за Господ Христос си пролеала!
Радувај се,бидејќи со нив демонските замки си ги уништила!
Радувај се,бидејќи со крв за Го
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
спод Христос си се овенчала!
Радувај се,бидејќи со благодат и доблести си била исполнета!
Радувај се,огнена исповеднице на Господ Христос!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженствената љубов!
Кондак 11
Другиот ден те изведоа повторно на судење,и кога те здогледа исцелена,о света Марина,епархот страшно се зачуди,па со оглед на тоа што беше со помрачен ум,рече како неговите богови се смилувале на тебе,исцелувајќи те,и акко и ти треба да бидеш многубожечки поп како и твојот татко.А ти ,светла гулабице Христова,му рече дека е безумен,бидејќи единствено Семоќниот Лекар,Господ Христос,имал сила чудесно да те исцели,иако беше цела во рани,па радосно запеа:Алилуја!
Икос 11
Стврднатиот епарх нареди повторно да те мачат,света Марина,па слугите негови те палеа со оган по градите и бедрата,телото да ти постане црно како јаглен.Тогаш ти повика:”Господе,си ме удостоил да поминам низ оган,удостој ме и да поминам низ водата на светото крштение.”Побеснетите мачители така изгорена те фрлија во големо буре да те удават.Но тогаш се затресе земјата и конците со кои беше врзана се разрешија,а слугите од страв побегнаа,и повторно над тебе зајдоа зраци неискажани на Небесна светлост.Сочуствувајќи со тебе во страдање,ние ти пееме:
Радувај се,непобедлива великомаченица Христова!
Радувај се,бидејќи со чудесно исцеление го избезуми мачителот!
Радувај се,бидејќи од огнот не се исплаши!
Радувај се,бидејќи со Божја сила во мачеништво си крепена!
Радувај се,прекрасна дево меѓу мачениците!
Радувај се,бидејќи демоните ги направи свои слуги!
Радувај се,бидејќи за малку време на мачење вечни блага си наследила!
Радувај се,бидејќи маченичкиот собор благолепно си го украсила!
Радувај се,огнен зраку на љубовта Божја!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Божествена љубов!
Кондак 12
Тогаш повторно се појави онаа светла гулабица носејќи златен венец во клунот,и над тебе син огнен столб,света Марина,на чиј врв беше прекрасен Крст,и сите чуја глас:”Мир на тебе,Невесто Христова Марина!Сега ќе примиш венец Небесен од твојот Господ.”И ти повторно,со чудата Божји,излезе од водата потполно здрава.Гледајќи го тоа,многу и многу поверуваа во Господ Христа,па мачителите одма посекоа,и тиа со душите отидоа во Царството Небесно,пеејќи:Алилуја!
Икос 12
Избесумениот епарх гледајќи дека ништо не ти може,нареди со меч да ти ја отсечат главата.Одејќи на местото на погубување,ти го повика присутниот народ да го познае Единствениот Вистински Бог,Господ исус Христос,и да го орфрли верувањето во мртви идоли.Тогаш повторно се затресе земјата,и ти се јави Самиот Господ,великомаченичке Марина,а ти се исполни со неискажлива радост,говорејќи му на џелатот брзо да го изврши што му се наредено.И кога мачителите те посекоа,Твојот сакан Женик,Господ Исус Христос,ја зеде твојата света душа,и ја однесе во светлата Небесна населба,вечно да се радуваш во него.А нас сегрешните,твојот свет и светол подвиг надахнува вака да те величаме:
Радувај се,бидејќи Господ Христос пред смртта величенствено ти се јавил!
Радувај се,бидејќи душата твоја на Своите раце радосно ја примил!
Радувај се,бидејќи златен венец на мачеништво на својата глава си примила!
Радувај се,бидејќи со својот подвиг си поттикнала многумина да го исповедаат името Христово!
Радувај с,бидејќи во Небесната обител си се населила!
Радувај се,бидејќи твоите свети мошти исцеление точат!
Радувај себидејќи имаш сила да ги изгонуваш демоните од посднатите луѓе!
Радувај се,украсу на Црквата!
Радувај се,огнена осветнице на хулителот на светињите!
Радувај се,света великомаченице Марина,разгори ги и нашите срца со огнот на Боженствената љубов!
Кондак 13
О,света Марина,величенствена страдалнице Христова,принеси ја оваа молитва на твојој и наш Господ,просејќи од него себлага милост и за нас сиромашните и гладните,и замоли го да ни ги опрости сите гревови,душата
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
да ја очисти и да ја приведе кон бестрасен живот,како би до крајот на нашиот живот,и низ цела вечност,радосно би пееле:Алилуја!
(Овој Кондак се чита три пати,а потоа Икос 1 и Кондак 1)
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!

Comments
Post a Comment
Напиши коментар