Пoкрај тoа штo сeкoј oд дванаeсeттe апoстoли има свoј пoсeбeн дeн на празнувањe вo гoдината, сeпак Црквата гo oдрeдила oвoј дeн какo сoбoрeн празник на ситe заeднo, а сo нив и Павлe. Oва сe имињата и дeнoвитe на пoсeбнитe празнувања на свeтитe дванаeсeтмина:
Апостол Петар
Тропар
Првопрестолници на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, да и дарува мир на вселената, а на душите наши – милост голема.
Кондак
Сигурните и богогласни проповедници, врвот на апостолите Твои, Господи, си ги примил во наслада и покој на Твоите добра, бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја правдина, Ти, Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето.
Апостол Тома
Тропар
Апостоле свети Томо, милостивиот Бог моли Го, да им даде прошка на гревовите на душите наши.
Кондак
Вистинскиот Христов апостол и служител, исполнет со благодат на премудроста, во покајание Ти повикуваше: Ти си мојот Бог и Господ.
Апостол Андреј Првоповикан
Тропар
Како првоповикан меѓу апостолите, и брат на врховниот апостол, Андрее, моли Го Владиката на сите, мир да и подари на вселената, и на душите наши милост голема.
Апостол Матеј
Тропар
Како првоповикан меѓу апостолите, и брат на врховниот апостол, Андрее, моли Го Владиката на сите, мир да и подари на вселената, и на душите наши милост голема.
Апостол Јакoв Завeдeeв
Тропар
Ти си бил избран апостол, и на возљубениот Богослов брат еднороден, сефален Јакове. За оние што те воспеваат, испроси прошка на гревовите, за душите наши – милост голема.
Кондак
Кога го слушна гласот Божји, кој те повикува, си ја презрел љубовта таткова, и си тргнал по Христа, славен Јакове, заедно со твојот брат (Јован). Со него си се удостоил да го видиш божественото преображение Господово.
Апостол Јаков Алфеев
Тропар
Славата Божја која небесата ја вознесуваат, ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове, проповедајќи ја науката за бесмртноста и слободата, ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки, а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение. Моли се, свети апостоле, да го запазиме печатот на крштението неповреден.
Апостол Јован Богослов
Тропар
Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помолиш; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.
Кондак
Твоето величие, девственику, кој може да го прикаже, зашто ти точиш чудеса и излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши, како богослов и Христов пријател.
Апостол Јуда
Тропар
Како Христов сродник познавајќи те, о Јудо, и како храбар маченик свештено те восфалуваме, ти прелеста ја порази и верата ја сочува, денес празнувајќи го сесветиот твој спомен, разрешување на гревовите по твоите молитви просиме.
Апостол Филип
Тропар
Празнува вселената, ликува Етиопија, како со венец украсена, од тебе просветувајќи се, светло го слави твојот спомен, благоглаголив Филипе. Ги научи сите во Христа да веруваат, и текот на својот живот достојно евангелски го заврши. Затоа со смелост со оган се подигнува етиопската рака кон Бога. Него моли Го да ни подари милост голема.
Апостол Симеон Зилот
Тропар
Надминувајќи ја плотската зависност, нозете Спасителеви ги прегрна, и по стапките Негови поита, о Симоне, велики ревнителу, Христов ученику, не само што чашата Негова ја испи, туку докрај и Крстот го вкуси, о учителе на трпението, моли се сега за нас пред Христа Бога, од престолот на дванаесетмината, за и ние да го пречекаме Женикот, со палмови гранчиња и избелена одора.
Апостол Вартоломеј
Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.
Кондак
Ти си бил севистински служител на Господа, како прв од седумдесетте апостоли; твојата проповед си ја озарил со Павла, на сите возвестувајќи им Го Спасителот Христа: Поради тоа, Варнаво, твојот спомен со песни го славиме.
Апостол Матиј
Тропар
Апостоле свети Матие, моли Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.
Кондак
Твојата проповед, која излезе во целиот свет како светлозарно сонце, со благодатта ја просветлува Црквата, произлезена од незнабошците, чудоносен апостоле Матие.
Апостол Павле
Тропар
Првопрестолници на апостолите, и учители на вселената, Господарот на сите молете Го, да и дарува мир на вселената, а на душите наши – милост голема.
Кондак
Сигурните и богогласни проповедници, врвот на апостолите Твои, Господи, си ги примил во наслада и покој на Твоите добра, бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил подобро од секоја правдина, Ти, Кој единствен знаеш да ги читаш срцата на луѓето.
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар