СКРИЕНО ЖИВЕЕЊЕ ВО ГОСПОДА - Свети Георгиј Задонски Затворник
Додека сè уште не е изминато времето, читајте црковни книги, стражарете, молете се,трудете се, бдејте, сѐ заради Господа правете, за Господ да ве спаси со Својата милост; а Он ќе го очисти и ќе го обнови, и вечна радост ќе му подари на страдалното срце, кое деноноќно го бара Својот Господ. Колку и да ни паѓаат тешко секаквите страданија, немаштии и тешкотии, ако ги прифатиме како духовен подвиг, заради постапув
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
ање според Господовите заповеди, и ако го претрпиме тоа до крајот во овој привремен живот , ќе се радуваме низ целата вечност и нашето ликување нема да има крај. Читајте го Псалтирот, вознесувајќи молитви и правејќи метании: тоа спасува од секаква непријатност и внесува мир во душата која стражари.
Срдечно молете Му се на Господа, додека сè уште имате време, додека душата сè уште ви престојува во телото. Благочестивиот христијански дом никако не трпи празнословие, шеги, безумна смеа и играње, во него нема место за завист, за злоба, озборување, сладострастие, од што Бог да ја избави секоја душа која оди по патот на спасението.
Во христијанскиот дом владее трепет, добар поредок, мир, тишина, едноставност, чиста љубов и незлобивост; во него се исполнуваат Христовите заповеди, и сѐ се прави во слава Божја. Искрено ве молам: живејте и учете онака, како што нѐ учи Самиот Господ Исус Христос, Логосот Божји – во тоа има спокојство и неминлива радост! Секогаш треба да се опоменуваме и да знаеме дека на вистинските христијани им се туѓи безбожните дела, беззаконите обичаи и празните забави. Треба да се чуваме од луѓе кои не се плашат од Бога и не Го почитуваат. Кога сострадувате со болните и кога сочувствувате со луѓето
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
кои страдаат, носејќи го истовремено и бремето на своите страданија, одите навистина по вистинскиот пат кон Царството Божјо. Благоразумната девојка, христијанка, која копнее по спасение, само Бога го сака и кон Него единствено се прилепува; само Него Го љуби и Нему Единиот сака да Му угодува. Таа ги чува во чистота својот дух, своето срце и телото, очите и сите сетила и своето тело го почитува како храм Божји. Скромноста се гледа и во облеката и во целиот нејзин изглед. Сѐ во неа покажува целомудреност: и очите и зборовите нејзини. Таа се плаши од сѐ, дури и од сенката на злото и секаде пред себе Го гледа Бога. Со Светите Тајни се причестува со трепет и со должна подготовка: во ова таа наоѓа радост, утеха и сила за себе. Со голема срдечност Му се моли на Бога, на Света Дева Марија – Мајката Божја, на својот ангел чувар и на сите свети девојки. Верна е и во најситните работи, но не се потпира врз себе: им се противи и на најмалите поводи за грев, и на најмалите искушенија, и се чува од сѐ на што има, или на што може да има макар и сенка на злото; се оддалечува од собирите на момчиња, од игри, веселби и претстави. На секое место внимава на себе и во сѐе претпазлива; и кога станува од спиење, и кога легнува, и кога се облекува, нејзино огледало е Исус Христос Распнатиот, на Кого често погледнува. Мила ѝ е молитвата, размислувањето, читањето на душоспасоносни книги, црковните богослужби, и во сето тоа таа си наоѓа задоволство.
Секогаш се занимава со нешто и никогаш не го поминува времето напразно; педантна е во исполнувањето на своите обврски и на сѐ што Бог од неа бара во онаа состојба во која ја повикал. Животот на христијанската девојка е живот скриен во Бога, духовен, внатрешен, смирен, едноставен, исполнет со покајание, живот примерен, кој поминува во поучување, во осаменост, во криење од светот. Христовата Девственица никогаш не оди некаде каде што нејзината целомудреност би се нашла во опасност, и го избегнува секој повод за нешто такво. Таа со своите мисли се насочува кон Бога, често вознесувајќи ги кон Него својот дух и своето срце, пеејќи или читајќи псалми и други духовни песни; ги одвраќа своите очи од секакви нечесни, соблазнителни и недостојни претстави и слики и од сѐ што ѝ е спротивно на целомудреноста. Ги затвора очите пред грижите на овој свет; нејзините зборови и разговори се исполнети со чистота; сѐ
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
о неа зрачи со целомудреност: таа не знае за шеги, таа го умртвува своето тело, сетилата, страстите и својот поглед го вперува единствено кон оние работи, кои не можат да ја соблазнат и да ја наведат на искушение. Во јадењето и во пиењето е умерена; со сите живее во мир и во согласност.
На секое место, на секој човек таа му всадува љубов кон целомудреноста со кротост и со зборови; своето тело го покрива со голема скромност, за ништо на неа да не е спротивно на христијанската кротост и благодоличност. Не чекори горделиво, не дава знаци со очите и со своите телесни движења, не гледа околу себе, туку оди скромно; воздивнува заради своите гревови кои ѝ штетат на целомудреноста; не е врзана за светот, за почестите, за богатството, за задоволствата. Често Му се моли на Бога сите да го поминат својот живот во целомудреност; ја љуби осаменоста, тихувањето, спокојството. Таа постојано бдее над своето срце, стражари над зборовите, разговорите, очите и над сите свои сетила.
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето!
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето!

Comments
Post a Comment
Напиши коментар