Благослови ги непријателите мои, Господи - Свети Николај Велимировиќ

Благослови ги непријателите мои, Господи.




Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам и не ги проколнувам.

Непријателите мои ме фрлија во Твоите раце повеќе од пријателите мои. Пријателите мои ме врзаа за земјата, непријателите мои ме откорнаа од земјата и ги уништија сите мои надежи на земјата.
Ме направија странец во земските царства и непотребен жител на земјата. Како што ловено животно наоѓа побезбедно засолниште од она што не е ловено, така и јас, гонет од непријатели, го најдов најбезбедното засолниште, криејќи се под Твојот шатор, каде што ниту пријателите ниту непријателите не можат да ми ја уништат душата. 

Благослови ги непријателите мои, Господи. И јас ги благословувам и не ги проколнувам.

Тие ги исповедаа моите гревови наместо мене пред светот.
Ме бичуваа секој пат кога се двоумев да бидам бичуван.
 Ме мачеа, кога бегав од маки.
Ми се потсмеваа кога си ласкав.
Плукаа на мене кога бев горд на себе.
 
Благослови ги непријателите мои, Господи

Кога се преправав дека сум мудар, ме нарекуваа будала.
Кога се преправав дека сум моќен, ми се смееја како малечок.
Кога сакав да ги водам луѓето, ме туркаа во позадина.
Кога брзав да се збогатам, ме тепаа со железна тупаница.
Кога помислив мирно да спијам, ме разбудија од сон.
Кога изградив куќа за долг и мирен живот, ја срушија и ме избркаа.

Всушност, моите непријатели ме одделија од светот и ми ги продолжија рацете кон Твојата облека.
 
Благослови ги моите непријатели, Господи!

за да биде моето бегство кон Тебе неповратно;
за да биде надежта во луѓето биде искината како пајажина;
за да може смирението целосно да зацари во мојата душа;
за да може моето срце да стане гроб на моите два зли близнаци: гордоста и гневот;
за да можам да ги соберам сите мои богатства на небото; 
Ах, за да можам еднаш да се ослободам од самоизмамата, која ме заплетка во ужасната мрежа на животната измама.

 Моите непријателите ме научија да научам – што е тешко за секого да научи – дека човекот нема други непријатели на светот освен себеси.
 
Човекот ги мрази своите непријатели само кога не успева да препознае дека тие не се непријатели, туку сурови и немилосрдни пријатели. Навистина ми е тешко да кажам кој ми направил повеќе добро и кој ми направил повеќе зло на светот - непријатели или пријатели? Затоа, благослови, Господи, и моите пријатели и моите непријатели...

Затоа благослови ги, Господи, и моите пријатели и моите непријатели.

Робот ги проколнува своите непријатели, затоа што не знае. Но, синот ги благословува, затоа што знае.
Затоа што синот знае дека неговите непријатели не можат да го допрат неговиот живот. Затоа слободно чекори меѓу нив и му се моли на Бога за нив; Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги проколнувам

Свети Николај Велимировиќ „Молитви на езерото“ (Молитва 75)

⚠️ Важна напомена за преземање содржини:

Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.

Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето!

Comments