Како еден Христов војник треба да излезе во битка наутро?
Откако ќе станеш наутро и ќе се помолиш подолго време, повторувајќи:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“,
првото нешто на кое треба да помислиш е следново:
Замисли дека се наоѓаш на духовен стадион, кој не е ништо друго освен твоето срце и целиот твој внатрешен човек. На тоа место се води борба од која никој не може да избега; кој нема да се бори, духовно ќе остане мртов.
Пред себе замисли ја страста или гревовната навика против која си решил да се бориш. Биди подготвен да бидеш ранет, да претрпиш болка и мака, само за да ја победиш.
Од десната страна на тој духовен стадион гледај го со очите на верата нашиот Господ Исус Христос – Победоносниот Во Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. јсководец, заедно со Пресвета Богородица, со ангелските чинови, со светителите и со светиот Архангел Михаил.
Од левата страна замисли го ѓаволот со неговите демони, кои ја поттикнуваат страста во тебе и сакаат да те наведат да се откажеш од борбата и да им се покориш.
Потоа замисли дека го слушаш гласот на својот Ангел Чувар како ти говори:
„Денес ќе се бориш против оваа страст и против сите свои духовни непријатели. Не плаши се и не бегај од борбата. Нашиот Господ Исус Христос стои овде опкружен со Своите небесни војски, подготвен да те заштити и да не дозволи непријателите да те победат.
Господ ќе се бие за вас...“ (Исход 14:14).
Затоа стој цврсто. Поднесувај ја болката и напорот што ќе ги почувствуваш во борбата и од длабочината на срцето извикувај:
„не ме предавај на своеволноста на непријателите...“ (Псалм 26:12).
Повикај ги Господа, Пресвета Богородица и сите светии. И сигурно ќе победиш, зашто е речено:
„ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот“ (1 Јованово 2:13).
Дури и ако си слаб, а непријателите изгледаат силни и многубројни, запомни дека Оној Кој те создал и те откупил е неспоредливо посилен од нив.
„Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ“ (Псалм 23:8).
Тој има поголема желба да те спаси отколку што ѓаволот има желба да те погуби.
Затоа бори се и не заморувај се од подвигот. Од трудот, искушенијата и духовната борба се раѓа победата. Со таа победа се стекнува небесното царство и душата засекогаш се соединува со Бога.
Започни ја борбата во името Божјо – со недоверба во себе, а со целосна надеж во Бога; со молитва, трпение и духовна будност.
Особено со умно-срдечната молитва:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме.“
Ова пресвето име е како меч со две острици, кој ги поразува демоните и страстите.
Со тоа оружје бори се против секоја страст и против секое зло што војува против твојата душа.
Не тагувај што оваа борба е тешка. Таа е должност на секој христијанин кој сака да Му служи на Бога и да Му угоди.
Ако ја напуштиме оваа духовна војна, сигурно ќе бидеме победени.
Зашто ако денес се предадеш на светот, на телесните наслади и на духовната негрижа, тогаш во староста и во часот на смртта ќе мораш повторно да се бориш, но во многу потешки околности.
Тогаш демоните и страстите ќе те опколат од сите страни и нема да знаеш против кого најнапред да се бориш.
Затоа не биди неразумен. Не ја одложувај борбата за подоцна.
Како мудар човек, поднеси го трудот денес, за утре да бидеш победник, да ја примиш небесната круна и да се соединиш со Бога и во овој живот и во Неговото вечно Царство.
„И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови и не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили”“ (Проповедник 12:1).
„Невидливата војна“ - Свети Никодим Светогорец
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
Comments
Post a Comment
Напиши коментар