Секој мој здив, секое дишење, мојата душа, моето тело – сето тоа Му припаѓа на Бога. Водата што ја пијам; храната што ја јадам; облеката на моето тело – сето тоа Му припаѓа на Бога. Сето она добро што го имам – ако го имам – сето тоа Му припаѓа на Бога. А јас? – ,,иако сум прав и пепел" (Бит. 18, 27).
Но, на Бога сепак не Му верувам! Јас не Му верувам и, всушност, воопшто не Го љубам. Тој сака да жалам за она што сум го направил лошо во животот, да се покаам и вистински да се поправам, а јас? Јас не жалам, не се каам и не се поправам. Мене ми пречат, прво, телесните задоволства, а второ – гревот кој владее со моите мисли.
Бог е љубов, Тој е пол
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
н со трпение и милосрдие кон луѓето. Тој, и покрај сè, се обидува да ми помогне, ми дава светлина и сила. И еве, го започнувам животот од чист лист. Се трудам малку по малку да се доведам во ред: се молам клекнат на колена; започнувам да постам и да се ограничувам. Одам да се исповедам и се обидувам во секојдневниот живот да внимавам на себе... И еве, веќе во моето срце доаѓа светлина, а со неа – и радост.
А понатаму? Еве, јас се радувам, и во тој миг ми доаѓа мисла: „А браво за тебе! Одлично се справи!“ И јас, за жал, ѝ верувам на таа мисла, и сè она што со толку мака го изградив, одеднаш се руши. Јас браво? Јас одлично се справувам? Или сепак тоа е Божјата благодат, која ме поддржуваше во борбата со гревот и ми даваше сила? Па кога веќе ќе се избавам од оваа проклета гордост и од сè она што произлегува од неа?!
Во мене се напластени цели планини од страсти; нив или не ги забележувам, или дури и не се обидувам со Божја помош да се борам против нив, па тие се претвораат во свирепи и безмилосни диктатори над мојата душа. Така бива и со фантазијата: се молам, а таа ми измислува „приказни“, не само со нечиста природа, туку и со слики од моето минато или едноставно такви што ме збунуваат. Другпат – ни самиот не знам како – фантазијата и помислите се слеваат и ме убедуваат дека јас сум... голем пророк, проѕорливец и светител.
Само благодатта дава вистинско покајание коешто води кон поправање.
На крајот на краиштата, одам, се исповедам и во солзи на покајание доаѓам на себе. Слава Му на Бога! И еве, молитвата веќе како да тече сама од себе, нема потреба ниту да се принудувам; се молам ноќе, а не ми се спие; да постам и да се ограничувам ми станува лесно, а срцето мое гори од љубов кон Бога и кон луѓето што ме опкружуваат. Колку е жално што сето тоа трае најмногу неколку дена, а потоа повторно започнува битката: мислите, помислите навалуваат врз мене од сите страни, моето тело и сите мои чувства повторно востануваат против мене, така што принуден сум да признаам: она што го мразам, тоа го правам (Рим. 7, 15).
Но, ако овој пат не се предадам, ако продолжам со борбата, ако цврсто се д
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
ржам за Божјата милост, за силата на верата, за благодатта – која единствена дава вистинско покајание што води кон поправање – тогаш темнината на моите гревови ќе се претвори во духовна светлина. Сонцето ќе изгрее; по бурата, на небото ќе блесне виножитото на Божјата љубов.
И така, сфатив дека секојдневно и секојчас треба сè да зап
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
очнувам од почеток, потпирајќи се на Божјата волја, која можеме да ја дознаеме преку свештеникот – нашиот духовник. Бидејќи единственото нешто што Бог го сака е да ме изведе од мракот на незнаењето на цврстиот пат – патот на спасението. Во оваа битка, рамо до рамо со мене се бори мојот Ангел чувар, а мојот командант е оној светител кого особено го сакам и го почитувам.
Покрај сè друго, верата, смирението, покајанието, жалењето за гревовите што сум го направил – сето тоа ми дава јасно разбирање: без Божјата благодат јас сум ништо. Па, што ми преостанува тогаш?
Да се надевам на Бога, да верувам и целосно да Му верувам на Неговата Промисла; трпеливо и упорно, постојано да го свртувам својот ум кон Него со зборовите: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“.
Јас веќе ништо не сакам, освен да се исполни Божјата волја. Нека се случи сè така како што сака Господ, и тогаш кога Тој ќе посака. Бог го гледа моето срце; Тој знае каква битка водам со своите мисли. Тој е мој Отец и Создател, и затоа Тој знае што, како и кога треба да ми се случи за да ми биде од корист. Тој има само една цел: да ме очисти, да ме направи помек и подобар, повторно да ме создаде, да ме преобрази, да ме просвети, да ме спаси! За мене, за мене, за ништожниот грешник, за мене – е сè.
Протопрезвитер Стефан Анагностипулос
⚠️ Важна напомена за преземање содржини:
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар