Чедо мое, нема да ти посакам минлив (световен) успех , пред сè посакувам да останеш со Христос

 Чедо мое, нема да ти посакам успех, пред сè посакувам да останеш со Христос




 Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде (Матеј 6:33).

 

Знам дека сите ти го зборуваат тоа овие денови. Го слушаш од роднини, пријатели, учители и познаници. Но, човечката душа не е создадена за да биде сместена во некаква оценка, ниту нејзината вредност се мери со поени и испити.

Те гледав како се мачи Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. ш. Те гледав како се изнемоштуваш. Те видов како остануваш буден цела ноќ, борејќи се со немир, страв и неизвесност. Те видов како носиш бреме поголемо од твоите години. Чекориш по пат кој често бара поголема издржливост отколку што може да поднесе едно младо срце.

Но, слушни ме внимателно.

Христос нема да те  сака повеќе ако успееш, ниту помалку ако не успееш.

Неговата љубов не се мери со кантар. Не се споредува. Не се вреднува според световните стандарди. Тој ги гледа твоите тајни напори. Ги гледа солзите што никој друг не ги видел. Ги слуша воздишките и молитвите што излегуваат од ноќната агонија. Го гледа твоето срце.

Затоа, нема да ти посакам успех.

  • Ти посакувам да не Го изгубиш Христа во животната борба.

  • Ти посакувам да ја зачуваш чиста својата душа во овој свет кој ги учи луѓето да се грабаат за титули, пари и признанија, а ги заборава најважните лекции: како да љубат, како да се молат и како вистински да живеат.

  • Ти посакувам да сфатиш дека најголемата победа не е да се запишеш на факултет или да најдеш престижна работа, туку да не дозволиш гревот да Го протера Бога од твоето срце.

Ако успееш, заблагодари Му се на Бога и остани смирен. Ако не успееш, никако не паѓај во очај. Зашто, многупати патот што ние не сме го избрале е токму оној пат кој Бог го одредил за наше спасение.

Светителите не станаа свети затоа што беа успешни во математиката н Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. а овој свет. Станаа свети затоа што среде сите неволји научија да велат: „Да биде волјата Твоја Господи!“

И кога срцето ќе ти натежне, кога стравот ќе те опкружи и сè ќе изгледа неизвесно, сети се на зборовите на Пророк Давид:

„Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи...“ (Псалм 54:22)

Животот не завршува со еден тест. Животот започнува одново секојпат кога човекот ќе Му се препушти на Бога со доверба.

И кога еден ден ќе застанеш пред праведниот Христов Суд, Господ нема да те праша колку поени и дипломи си собрал.

Ќе те праша:

  • Дали љубеше?

  • Дали простуваше?

  • Дали ја зачува верата?

  • Дали трпеливо и без жалење го носеше својот Крст?

  • Дали Него Го бараше среде бучавата на овој свет?

Затоа, чедо мое, нема да ти посакам минлив (световен) успех. Ти посакувам нешто многу поголемо:

Христос да те просвети. Пресвета Богородица со својот омофор да те покрие. Благодатта на Светиот Дух да те води.

Ти посакувам да станеш вистински Божји човек, зашто тоа е единствениот успех што никогаш не пропаѓа и кој останува за вечноста.

Посветено на  моите деца и на сите деца кои водат свои битки и на сите родители кои со солзи и во тишина се молат за нив. Најголемиот успех е да не Го изгубиме Христа.




✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Comments