Стиснати тупаници на раѓање, отворени дланки на умирање

 Стиснати тупаници на раѓање, отворени дланки на умирање 

Поука на протоереј Андреј Ткачев за модерното незадоволство




Кога се раѓаат бебињата, нивните раце се стегнати во тупаници.
Тие природно ги држат рачињата затворени. Но, кога човек умира, неговите раце се отвораат — и што има во нив? Ништо.

Затоа апостол Павле зборува за една едноставна, но длабока вистина:
„Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека ништо не можеме ни да однесеме“ (1. Тимотеј 6:7).

Ние често го забораваме тоа.

Затоа Павле вели: ако имаме храна и облека, да бидеме задоволни.
Но, дали сме навистина задоволни?

Сигурен сум дека меѓу оние што слушаат нема човек што умира од глад и нема ништо во фрижидерот. Исто така, сигурен сум дека нема ниту еден човек без облека. Секој има чорапи, долна облека, панталони, чевли. Плакарите се преполни со облека — фустани, џемпери, јакни, палта и сè што може да се посака.

Никој не е гол, никој не е гладен — а сепак, малкумина се задоволни.

Но Павле пишува:
„Ако имаме храна и облека, со тоа да бидеме задоволни.“

Дали имате храна? — Да.
Дали имате облека? — Да.

Тогаш, зошто луѓето не се среќни?

Денес дури и просјаците често не бараат леб, туку пари. 

Просјаците не земаат леб. „Дајте ми пари за леб!“ Значи, излегувате од продавницата, купувате три леба. Им давате еден леб , „Не, не ми давајте леб, дајте ми пари!“ Денешните просјаци не земаат леб. Тоа значи дека нема гладни луѓе. Луѓето станаа дрски. Ако им понудите леб, велат: „Не ми давај леб, дај ми пари.“ Тоа покажува дека проблемот не е Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. само во гладот, туку и во човечката незаситност.

Сите денес се добро облечени. Се сеќавам како се облекувавме во шеесеттите и седумдесеттите години — скромно и едноставно. Можеби облеката беше квалитетна, но не толку впечатлива. А денес, каде и да погледнете, луѓето се убаво облечени. Кафулињата се полни, сите јадат, разговараат, се забавуваат.

Никој не е гладен, никој не е гол — но многумина не се среќни.

Што се случува со човекот?

Можеби сме ја изгубиле способноста да бидеме благодарни. Можеби треба повторно да ја разбереме вредноста на најосновните нешта — парче леб, топла облека, покрив над главата. Тогаш и најобичниот компир би ни изгледал како благослов, а старите чевли како дар.

Размислете за ова. Зашто луѓето денес имаат многу, а сепак живеат незадоволно. А таквата состојба не може да трае вечно. Човекот мора да научи да ја цени вредноста на она што веќе го има.

Ова е поука од Првото послание на апостол Павле до Тимотеј, шеста глава, седми стих.

Читајте, размислувајте и духовно усовршувајте се.

✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Comments