Прекрасна и убаво парфимирана дама на 83-годишна возраст, целосно облечена секое утро точно во 8 часот, со модерна фризура и совршена шминка, денес се пресели во дом за стари лица. Нејзиниот сопруг неодамна почина, што всушност беше и причината за преселбата.
По неколкучасовно трпеливо чекање во ходникот на домот, таа слатко се насмевна кога ѝ соопштија дека нејзината соба е подготвена. Додека
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината.
одеше кон лифтот, сопатниците ѝ даваа детален опис на нејзината мала соба, вклучувајќи ги и завесите што висеа на прозорецот.
„Ми се допаѓа!“, рече таа со возбуда на осумгодишно девојче кое штотуку добило ново домашно милениче.
„Но, госпоѓо, сè уште не ја сте ја виделе собата, почекајте малку.“
„Тоа не е важно“, одговори таа. „Среќата е нешто за што одлучуваме однапред. Дали ќе ми се допаѓа мојата соба или не, не зависи од мебелот, туку од мојата ментална состојба. Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука што ја носам секое утро кога ќе се разбудам.“
„Имам избор. Можам да го поминам денот во кревет, постојано размислувајќи за тешкотиите што ги имам со деловите од телото што повеќе не ми служат, или можам да станам и да бидам благодарна за оние делови што сè уште функционираат.“
Секој ден е подарок. Кога ќе ги отворам очите, се фокусирам на новиот ден и на убавите спомени што ги зачував токму за овој период од мојот живот. Среќата е како банкарска сметка – го повлекувате она што претходно сте го уплатиле. Затоа, мојот совет е да вложите што е можно повеќе среќа во вашата сметка за спомени.
Пет едноставни правила за среќа:
Ослободете ја душата од омраза.
Ослободете го умот од грижи.
Живејте едноставен живот.
Давајте колку што можете повеќе.
Очекувајте што е можно помалку.
Да се биде среќен е емоционална состојба во која проблемите и понатаму постојат, но насмевката... таа никогаш не исчезнува.
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
Comments
Post a Comment
Напиши коментар