Стари и нови чуда на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец

Стари и нови чуда на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец



Во Сирискиот град Рамел се градеше камена црква во име на светиот великомачник Георгиј. Бидејќи во тој крај немаше камења од кои би се изработиле црковни столбови, таквиот камен се довезуваше од далечните прекуморски земји. Затоа многу богољубиви граѓани отидоа во прекуморските земји да купат камени столбови. Отиде и една благочестива вдовица, полна со усрдие и вера спрема светиот великомаченик Георгиј, сакајќи од својата сиромаштија да купи еден столб за светителот. Во една прекуморска земја таа купи прекрасен столб и го довезе на морскиот брег, каде богатиот римски градоначалник ги товараше во бродот неколкуте столбови што ги беше купил. Жената го замоли да го прими на бродот и нејзиниот столб, но тој ја одби и отплови. Тогаш жената падна ничкум на земјата, плачејќи и призивајќи го на помош светиот великомаченик, да ѝ помогне нејзиниот столб да биде одвезен во неговата црква во Рамел. Тагувајќи и плачејќи, таа заспа и во сонот ѝ се јави свети Георгиј како војвода на коњ, ја подигна од земјата и ѝ рече:

- Зошто тагуваш, жено?

Таа му ја кажа причината за својата тага и виде како светителот се симна од коњот и ја праша:

- Каде сакаш да го поставиш столбот?

Таа му одговори:

- На десната страна од црквата.

И светителот веднаш со својот прст напиша на столбот: „Овој вдовичин столб да биде поставен на десната страна од црквата, зад првиот столб, за да биде втор“. Па ѝ рече на жената:

- Ти самата помогни ми.

И кога и двајцата се фатија за столбот, каменот стана лесен и тие го фрлија во морето.

Таков сон виде жената. И кога се разбуди не го најде столбот. Надевајќи се во Бога и во светиот великомаченик, таа тргна на пат кон својот дом. Но, пред нејзиното доаѓање во Рамел, и пред да доплови бродот, утредента нејзиниот столб веднаш се најде на пристаништето во Рамел. Кога стигна градоначалникот со своите столбови, го здогледа столбот на вдовицата и на него зборовите испишани од светиот великомаченик, кои се беа врежале во тврдиот камен и многу се зачуди. Го сфати чудото што го стори светителот, го увиде својот грев, се каеше што ја одби нејзината молба и со многу молитви бараше прошка од великомаченикот. И доби простување од свети Георгиј, кој му се јави во видение. Столбот на вдовицата беше поставен на местото што го одреди светителот, според желбата на жената.

По многу години со Сирија завладеаја Сарацените и во градот Рамел, во споменатата црква на светиот великомаченик Георгиј се случи следното чудо:

Еден угледен Сарацен влезе со другите Сарацени во црквата за време на богослужбата и кога ја виде иконата на свети Георгиј и како свештеникот се моли и чита молитви пред неа, им рече на своите пријатели на сараценски јазик:

- Гледате ли што прави овој безумник? Се моли на даска. Ајде донесете ми лак и стрела, да ја застрелам таа даска.

Тој го затегна лакот, но стрелата не полета кон иконата туку во висина, па се спушти и се зари во неговата рака. Сараценот веднаш ја напушти црквата и си отиде во својот дом. Раката сѐ посилно го болеше и многу му отече, така што личеше на мев, а тој горко лелекаше од неподносливите болки. Ги повика своите робови христијани, им раскажа што стори, па праша:

- Зарем онаа икона има сила да направи така да се разболам?

Робовите му одговорија:

- Ние не сме учени и не знаеме што да ти одговориме, туку повикај го свештеникот, па тој ќе ти каже сѐ.

Кога дојде свештеникот, тој го праша:

- Сакам да знам каква сила има онаа даска или икона, пред која се молеше ти?

Свештеникот одговори:

- Јас не се поклонував на даската туку на мојот Бог, Создателот на сите, а го молев светиот Георгиј, изобразен на даската, да биде мој посредник пред Бога.

Варваринот го праша:

- А што ти е тој Георгиј, ако не е ваш Бог?

Свештеникот одговори:

- Свети Георгиј не е Бог, туку слуга на Бога, нашиот Господ Исус Христос. Тој бил човек исто како нас, само претрпел многу маки од незнабошците, кои го приморувале да се одрече од Христа. Откако тие маки јуначки ги претрпел и славно го исповедал името Христово, тој добил благодат од Бога да прави чудеса. А пак, ние, ја почитуваме неговата икона и како да гледаме во него самиот, му се поклонуваме и го целиваме. Така правиш и ти по смртта на своите родители и мили браќа. Ја држиш нивната облека пред себе, плачеш и ја целиваш како да ги имаш пред своите очи самите нив. И ние, значи, ги почитуваме светите икони, не како богови, туку како изобразени слуги Божји, кои чудотворат преку своите икони. Ете, и тебе ти се случило да ја спознаеш силата на светиот маченик, кога си се дрзнал да ја упатиш стрелата кон неговата икона. Тоа се случило за поука на другите.

Тогаш Сараценот рече:

- Што да правам? Ја гледаш мојата отечена рака, речиси умирам.

Свештеникот му рече:

- Ако сакаш да оздравиш, порачај да ти донесат икона на светиот великомаченик Георгиј, постави ја над твојот одар, намести кандило пред неа, припали го, нека гори цела ноќ, и наутро земи елеј од кандилото, премачкај ја болната рака и верувај дека ќе оздрави.

Сараценот веднаш постапи така, и кога утредента ја премачка својата болна рака со елејот од кандилото, болките веднаш престанаа и раката му оздраве.

Восхитен и израдуван од ваквото чудо, овој Сарацен го праша свештеникот дали во неговите книги пишува за свети Георгиј. Свештеникот го донесе Житието и страдањето на светиот великомаченик Георгиј и започна да чита. Сараценот слушаше внимателно, држејќи ја иконата, и на светителот како на жив му зборуваше:

- О, свети Георгиј! Ти си млад, а си бил паметен; јас сум стар, но сум безумен. Ти како млад си Му мил на Бога, а јас како стар сум лишен од Бога. Те молам, моли го твојот Бог за мене, и јас да станам Негов слуга.

Потоа, прегрнувајќи ги нозете на свештеникот, го молеше да го крсти. Свештеникот не сакаше, оти се плашеше од Сарацените. Но, на неговото упорно настојување се согласи и тајно го крсти. А кога осамна, новокрстениот Сарацен појде, и сред град, пред сите, велегласно Го проповедаше Христа, вистинскиот Бог, а сараценската вера ја проколнуваше. Веднаш се насобра многу народ, па Сарацените се нафрлија врз него и го исекоа на парчиња. Така, овој Сарацен за кратко време го изврши подвигот на исповедништвото и доби маченички венец, помаган со молитвите на светиот великомаченик Георгиј.

На островот Митилина имаше славна и огромна црква на светиот великомаченик Георгиј. Жителите на овој остров имаа обичај секоја година да се собираат во црквата и свечено да го прославуваат празникот на светителот. За тоа дознаа Агарјаните на островот Крит, и една година ја нападнаа црквата. Луѓето се разбегаа, а оние што ги затекнаа во црквата, агарјаните ги врзаа и ги одведоа во ропство. Меѓу заробените имаше и едно момче, кое што го поклонија на агарјанскиот кнез на Крит.

Кога измина една година и дојде празникот на свети Георгиј, родителите на ова момче, иако лишени од синот, не го оставија обичајот: секоја година за празникот на светителот одеа во неговата црква, и во својот дом приредуваа изобилен ручек во чест и спомен на свети Георгиј. И кога поканетите започнаа да доаѓаат на ручек, мајката на заробеното момче повторно отрча до црквата која беше во близина, и падна ничкум на земјата, плачејќи и молејќи го светителот како знае да ѝ го спаси синот од ропството. И беше услишана од брзиот помошник. По завршувањето на молитвата, таа се врати во својот дом. Гостите седеа на трпезата. Нејзиниот сопруг најпрвин го призва името на светиот великомаченик Георгиј, величајќи ја неговата помош и застапништво пред Бога, и потоа започна да ги служи гостите, а послугата со виното стоеше подготвена. Во тој момент, и нивниот син, спасен од ропството од страна на свети Георгиј, се појави пред нив држејќи во раката чаша со вино и давајќи ја на мајка си. Во тој момент момчето му прислужувало на трпезата на агарјанскиот кнез на Крит. И само што беше налеало вино во чашата и беше спремно да ја пружи кон својот господар, тоа, пренесено во тој час, се најде во својот дом во Митилина, со чаша полна со вино. Кога го здогледаа, гостите се запрепастија и прашуваа каде било, од каде дошло и како се нашло пред нив. Момчето им одговори:

- Оваа чаша ја наполнив со вино за да му ја дадам на кнезот, но во тој момент ме дофати еден пресветол човек качен на коњ, ме стави пред себе на коњот, и јас со едната рака ја држев чашата, а со другата се држев за неговиот појас и како што гледате се најдов овде.

Сите се восхитуваа на ова преславно чудо, станаа и Му благодареа на Бога и на Неговиот угодник, светиот великомаченик Георгиј.

Чудо, слично на ова, раскажа монахот Козма. Во времето на византискиот цар Василиј - вели монахот Козма - кога бев млад, на војводата кај кого што служев, царот му нареди да оди на островот Кипар. На Кипар слушнавме за чудото на светиот великомаченик Георгиј, кое за време на неговиот празник се случило во неговата црква. Тамошните жители ни раскажаа како синот на свештеникот, кој служел при црквата на светиот Георгиј, бил одведен во ропство од Сарацените, па сега на самиот празник се нашол покрај својот татко во црквата, за време на Литургијата. Тогаш војводата го повика кај себе свештеникот и неговиот син, и го распрашуваше синот како се вратил назад. Момчето започна да раскажува:

- Како што Бог сакал, така свети Георгиј ме ослободил. Јас пак, не знам како дојдов. Само знам дека бев во ропство веќе трета година. Ме заробија кога мојот татко ме испрати на пазар на коработ на кој имаше и други луѓе, но нѐ нападнаа Сарацените и сите нѐ заробија. Мене ме одведоа во Палестина, и таму му служев на мојот господар Сарацен, три години. Еве денес е осумнаесеттиот ден откако мојот господар ми нареди да му го однесам приборот за капење во јавната бања. Господарот ме праша:

- Ми донесе ли опсим за да пијам?

Јас му одговорив:

- Не донесов, господару.

Тогаш тој полета за да ме тепа, а јас побегнав дома кај господарката, зедов опсим и веднаш се вратив кај господарот. Патот водеше покрај христијанската црква, во која во тоа време се служеше света Литургија. Јас слушнав како после входот се пее кондакот на свети Георгиј: „Воздјелан од Бога показалсја јеси...“, а беше празникот на свети Георгиј. Кога го слушнав тоа пеење, јас горко за Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. плакав, велејќи: „Свети великомачениче Георгиј, зарем не му беше пријатна на Бога и на тебе ниту една воздишка на мојот татко? Зарем си ги презрел неговите солзи и молитви, што тој Ти ги принесува во твојата црква за мене, за да ме спасиш од робувањето?“ Зборувајќи така јас дотрчав во бањата. Кога ме виде расплакан, мојот господар започна да ме тепа и ми рече:

- Налеј ми!

Јас му налеав опсим во чашата.

А господарот нареди:

- Долиј топла вода!

И кога го зедов садот со топлата вода, јас престанав да го гледам мојот господар и повикав:

- Господару не гледам!

Некоја сила ме подигна од земјата и јас повеќе не слушав што зборува мојот господар, туку слушав како се пее песната: „Един свјат, един Господ, Исус Христос, во славу Бога Отца, амин“. И се видов себе си во олтарот, и како мојот татко го држи светиот путир и му вели на црковникот:

- Дајте ја топлотата (односно топла вода).

И јас, стоејќи пред него со садот топла вода, посакав да налеам во светиот путир. А мојот татко, кога ме здогледа го праша црковникот:

- Кое е ова момче?

Црковникот му одговори: - Не знаеме кое е и од каде е.

А јас бев потстрижан, и облечен во сараценска облека, па му реков на татко ми:

- Не ме познаваш ли, оче? Јас сум твојот син Филотеј.

Мојот татко ми рече:

- А зошто се во твоите раце таа чаша и тој сад и што има во нив?

Јас му одговорив:

- Во чашата има опсим, а во садот топла вода. Јас му служев на мојот господар близу Ерусалим, и во моментот кога сакав да му го дадам пијалокот, се најдов крај тебе во црквата.

Запрепастен, мојот татко затрепери и за малку не го испушти светиот путир од рацете. Толку се беше заборавил. А јас ги испуштив чашата и садот, па го фатив мојот татко за раката и му реков:

Не вознемирувај се, оче, веќе заврши службата.

Тогаш тој го стави путирот на светата трпеза, ги подигна рацете кон небото, Му изнесе благодарност на Бога и му оддаде пофалба на светиот Георгиј. А чашата што ја испуштив на мермерот не се скрши, ниту пак се проли; исто така и садот со топла вода. Откако ја заврши службата, мојот татко ме прегрна, ме целиваше со солзи, па си појдовме дома. Кога се расчу дека сум дошол, се собраа сите роднини и соседи во нашиот дом, ми се радуваа и Го прославуваа Бога и Неговиот слуга свети Георгиј, кој за миг ме избави од Сарацените.

Кога ја слушнаа ваквата повест за синот на свештеникот, војводата и сите со него Го прославија Бога и светиот Георгиј, им дадоа многу дарови и ги отпуштија момчето и неговиот татко.

Слично на претходните чудеса е и следното чудо на светиот великомаченик Георгиј:

Во Пафлагонија во градот Амастрид, живееше еден човек по име Леонтиј, со својата сопруга Теофана. И двајцата имаа голема вера и усрдие спрема светиот великомаченик Георгиј. Постојано одеа во неговата црква недалеку крај реката Партениос, поради што и црквата на светиот великомаченик беше наречена Партенија. Таа црква тие ја украсија од ѝубов спрема светиот Георгиј, кого го сметаа за свој покровител, хранител и заштитник. Секоја година тие чесно го прославуваа празникот на маченикот. Даваа многу милостиња, приредуваа богати трпези за ништите, бедните и туѓинците, а и за соседите и роднините. Па и својот син единец го нарекоа Георгиј.

Во тоа време царуваше Константин Седми, синот на Лав Мудриот и кога избувна војната Леонтиј како офицер беше веќе стар, па затоа во војната го испратија својот син, но претходно тој и Теофана го одведоа во гореспоменатата црква и молејќи се пред иконата на светиот великомаченик Георгиј велеа:

- Тебе, свет Великомаченику, ти го доверуваме нашиот син единец. Биди му чувар во војната и врати ни го жив и здрав, та имајќи го твоето доброчинство како плод на нашата вера, со многу добри дела да ја прославуваме твојата грижа за нас и твојата заштита.

Откако така се помолија, го испратија својот син во војната. Но, нивната војска беше победена, а Георгиј одведен како заробеник.

Кога слушнаа дека нивната војска е победена и синот не им се враќа, тие неутешно плачеа, мислејќи дека загинал во војната. Паѓаа пред иконата на великомаченикот и низ солзи го прашуваа зошто ги презрел нивните молби. Неговата мајка непрестајно плачеше и лелекаше секој ден.

Откако поминала зимата и се приближи празникот на светиот великомаченик Георгиј, Леонтиј и Теофана, иако очајни поради својот син, не го оставија празникот на светиот Георгиј, туку според својот обичај подготвија богата трпеза. По Божјата служба, за време на ручекот се разговараше само за Георгиј. А пак нивниот син, во ропството беше готвач кај својот господар, и во тој ден се сеќаваше на своите родители и нивното празнување, па се мислеше:

- Каква трпеза подготвиле моите родители? Какво е сеќавањето за мене? Дали ме сметаат за жив?

Момчето со солзи размислуваше така, а кога дојде време за ручек, требаше да однесе пред господарот некое јадење во грне. Ги избриша солзите, го зеде од огнот вжештеното грне и го понесе. Во тој момент се најде во домот на своите родители, стоејќи пред трпезата. Сите се запрепастија, а родителите мислеа дека гледаат привидение. Кога видоа дека е вистина, започнаа да го прегрнуваат и да плачат од ваквата неочекувана и неизмерна радост. Плачеа и сите присутни и го распрашуваа Георгиј како останал жив, каде бил и како се нашол дома. Тој им раскажа сѐ што му се случило, и им рече дека штом го зел грнето и влегол во собата на господарот, здогледал еден војник на коњ, кој го зел и го оставил овде.

Многу радосни, сите Му благодареа на Бога и на светиот великомаченик Георгиј, и јадеа и од јадењето во грнето. И се случи второ чудо. Колку повеќе јадеа од она грне, толку повеќе се множеше јадењето во него. А грнето беше мало, доволно за еден оброк, а пак гостите многу. И сите јадеа и Го прославуваа Бога, Потоа грнето го дадоа во црквата на светиот великомаченик Георгиј, каде го чуваа меѓу светите црковни садови како спомен на преславното чудо на светиот великомаченик Георгиј.

Таа стародревна црква на почетокот беше многу мала и со текот на времето пред распаѓање, и немаше кој да ја поправи и обнови или пак нова да изгради, зашто тамошните жители беа многу сиромашни. Така, таа црква опусте, но во неа се случи чудо. Таму се собираа децата и си играа, а меѓу нив имаше едно дете кое останатите деца постојано го победуваа во игрите и го исмеваа. Тоа му здодеа на момчето, па еднаш додека играа погледна кон црквата на светиот Георгиј и рече:

- Свети Георгиј, помогни ми и јас еднаш да победам во играта, па ќе ти донесам добар колач во црквата.

И веднаш тоа момче ги победи децата и тоа повеќе пати. Потоа отиде кај својата мајка и кажа дека му ветил на свети Георгиј колач на дар, и ја замоли да го направи, за да го исполни своето ветување. Чедољубивата мајка подготви прекрасен колач и му го даде на својот син. Момчето онака врел го однесе во црквата, го положи пред олтарот, се поклони и си замина.

Во тоа време четворица трговци минуваа покрај црквата, па свратија да му се поклонат на светиот Георгиј, и го видоа колачот кој многу убаво мирисаше. Тогаш трговците си рекоа меѓу себе:

- Овој колач не му е потребен на светителот. Ке го изедеме, а на негово место ќе приложиме темјан.

Кога го изедоа колачот и сакаа да излезат од црквата, тие не можеа да ја најдат вратата зашто таа им изгледаше како ѕид. Приложија по еден сребреник, но пак не можеа да излезат. Потоа приложија златник и се помолија на светителот да им дозволи да излезат, но не можеа зашто беа заслепени. Тогаш четворицата приложија по еден златник и усрдно се помолија, па им беше дозволено да излезат. Тие златници и среброто послужија како почетен прилог за обнова на таа црква, зашто гласот за тоа чудо се пронесе ширум целата земја и многу благочестиви луѓе даруваа злато и сребро, та се изгради нова голема камена црква, и се украси и снабди со сите потребни работи. И во таа црква се случуваа преславни чудеса, во слава на Христа Бога, а за пофалба на светиот великомаченик Георгиј.

Запишано е и чудото на светиот великомаченик Георгиј што го изврши над момчето кое смртоносно беше каснато од змија. Тоа чудо го раскажа богоугодниот монах ава Георгиј. Тој раскажуваше:

- Еднаш, додека одев по патот кон планината и во раката носев крст, ме сретна еден стар монах. Откако ми го зеде крстот, монахот тргна пред мене и по кратко време сврте од патот по едно патче, а јас одев по него. Пред нас видов стадо овци, а момчето коешто ги пасеше лежеше каснато од змија. Во близина имаше извор и старецот ми рече:

- Донеси вода да го измијам крстот.

Откако го сторивме тоа, му ја отворивме устата на момчето и му сипавме од водата со која го измивме крстот, и старецот рече:

- Во името на Пресвета Троица, те исцелува слугата Божји, светиот великомаченик Георгиј.

Тогаш момчето се подигна, го поврати смртоносниот отров и стана. Старецот го праша:

- Раскажи ми, како вчера се колнеше пред бедната вдовица, чија што овца, која што таа ти ја дала да ја пасеш, си ја продал за три сребреника! А на вдовицата си ѝ рекол дека ја изел волкот.

Момчето одговори:

- Да, оче, така е. Но, како дозна ти?

Старецот рече:

- Додека си седев во својата ќелија, дојде кај мене човек на бел коњ и ми рече: „Софрониј, стани и брзо појди кај изворот што се наоѓа од десната страна на југ. Таму ќе најдеш едно момче каснато од змија. По патот ќе сретнеш монах, кој носи дрвен крст. Земи го тој крст, измиј го со вода, и од водата дај му на момчето. И при тоа зборувај вака: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, те исцелува слугата Божји, маченик Георгиј“. И кажи: „Отсега не колни се во името Божјо, ни во неговите светии, нити врши некому неправда, и врати ја овцата на бедната вдовица за да не те снајде нешто полошо“.

Момчето падна пред нозете на старецот, говорејќи:

- Опрости ми, оче. Јас ја продадов овцата на онаа жена за три сребреника и вчера ја излагав дека волкот ја изел. А жената ме праша: „Вистина ли е тоа или лага?“ А јас ѝ се заколнав, велејќи: „Се колнам во вистинскиот Бог!“ Жената ми рече: „Знаеш дека сум сиромашна. Како можеш така да правиш? Но, ќе бараат од тебе Бог и свети Георгиј, зашто таа овца му ја ветив на свети Георгиј за неговиот празник“.

Момчето продолжи:

- Јас се прелагав и се огрешив, но, те молам, оче, помоли се за мене на Бога и на светиот Георгиј да ми го простат гревот. Сега јас ќе ѝ дадам на онаа жена три овна за празникот на свети Георгиј. И до крајот на својот живот за празникот на светителот ќе им давам на бедните десетина од моето стадо.

И така, исцеленото момче, откако измоли од тој блажен старец простување и молитви, се врати кај своето стадо, благодарејќи Му на Бога и на Неговиот угодник, светиот великомаченик Георгиј.

Не треба да го премолчиме и знаменитото чудо што го стори светиот великомаченик Георгиј, убивајќи аждаја во Сирофеникија, кај градот Вирит покрај морето, недалеку од градот Лида, каде беше погребано телото на овој свет великомаченик. Тоа чудо е изобразено на разни стари икони. А на оние што патуваат во Палестина им се покажува местото каде што се случило тоа чудо. Тоа се случило на следниот начин:

Кај градот Вирит имаше едно многу големо езеро, во кое живееше една многу голема аждаја, страшен погубувач. Излегувајќи од езерото, таа грабнувала многу луѓе, и ги одвлекувала во езерото и таму ги проголтувала. Народот, кој многу пати во хајка одел против неа, таа го растерувала и победувала, зашто со својот здив го исполнувала воздухот со смртоносен отров, од кој многумина се разболувале и умирале. И во тој незнабожечки град постојано владееше тага, лелек и плач. Сите жители, па и самиот цар беа идолопоклоници.

Еден ден се собраа жителите на градот Вирит, отидоа кај својот цар и го прашаа:

- Што да правиме? Ние гинеме од онаа аждаја.

А тој им одговори:

- Ќе ви го препорачам тоа што ќе ми го откријат боговите.

И тој, со откривање од демоните во идолите, доби совет кој им го соопшти на жителите од градот.

Советот гласеше вака:

- За да не загинат сите, треба секој ден по ред да ѝ ги даваме своите деца, син или ќерка, на онаа аждаја за храна.

При тоа изјави:

- Кога ќе дојде ред на мене, и јас ќе ја дадам својата ќерка, иако ми е единица.

Граѓаните го прифатија овој царев совет, или подобро речено совет на демоните, и одлучија секој ден да ѝ ги даваат своите деца за храна на аждајата. Секој ден на брегот на езерото оставаа нечиј син или ќерка, убаво накитени. И правеа така, иако многу жалеа и плачеа за своите деца. А аждајата излегуваше и ги јадеше децата. Откако се изредија сите граѓани во давањето на децата, дојде ред и на царот. Граѓаните му рекоа:

- Ете, царе, според твојот совет ние ги дадовме своите деца на аждајата. Сега што да правиме?

Царот им одговори:

- И јас ќе ја дадам својата ќерка единица, а потоа ќе ви јавам што ќе ни откријат боговите.

Тогаш царот ја повика својата ќерка и нареди да ја накитат многу убаво. Жалеше и плачеше по неа заедно со домашните, но не можеше да ја погази одлуката, божем божествена, а всушност демонска, за принесување на децата како жртва. И тој ја даде својата керка како жртва на богот на адската бездна, а самиот набљудуваше сѐ од палатата. И ја одведоа девојката на одреденото место на брегот на езерото. Таа стоеше лелекајќи и очекувајќи го смртниот час, во кој аждајата требаше да излезе од езерото и да ја изеде.

По промисла Божја, таму наиде светиот великомаченик Георги јавнат на коњ, со копје во рацете. Кога ја виде девојката ја запраша зошто плаче, а таа му одговори:

- Добро момче, бргу бегај одовде со коњот, за да не загинеш заедно со мене. Светителот ѝ рече: - Не плаши се девојко, туку кажи ми што чекаш, додека народот од далеку те набљудува? Девојката му одговори:

- Прекрасно момче, гледам дека си храбар јунак, но зошто сакаш да умреш со мене? Бргу бегај од ова место.

Тогаш светителот и рече:

- Нема да заминам одовде, додека не ми кажеш зошто стоиш и плачеш, и кого очекуваш.

Тогаш девојката му раскажа сѐ по ред, а светителот ѝ рече:

- Не плаши се, девојко, зашто јас, во името на мојот Господ, вистинскиот Бог, ќе те избавам од аждајата.

Таа му одговори:

- Добар војнику, бегај зашто и двајцата ќе загинеме.

Додека девојката зборуваше, се појави онаа страшна аждаја од езерото, и се наближуваше кон својата вообичаена жртва. Кога ја виде, девојката силно крикна:

- Бегај човече, доаѓа аждајата!

Свети Георгиј се прекрсти, и призивајќи Го Господа и велејќи: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, полета со коњот кон аждајата, силно го зари копјето во нејзиното грло, ја притисна на земјата, а коњот ја газеше со нозете. Потоа ѝ нареди на девојката со својот појас да ја врзе аждајата и да ја води низ градот, како кроток пес. А народот со запрепастување гледаше како девојката ја води аждајата и сите започнаа да бегаат од страв. Тогаш свети Георгиј рече:

- Не плашете се, туку надевајте се во Господа Исуса Христа, и верувајте во Него. Он ме испрати кај вас, за да ве избавам од аждајата.

Свети Георгиј ја уби аждајата со мечот среде градот, а луѓето го извлекоа нејзиниот труп надвор од градот и го изгореа. Тогаш царот на тој град и целиот народ поверуваа во Христа, и го примија светото крштение. Беа крстени дваесет и пет илјади луѓе, без жени и деца. Потоа на тоа место беше подигната огромна прекрасна црква, во име на Пречиста Дева Богородица, ќерката на Небесниот Цар Бога Отца, и мајка на Синот Негов, а невеста на Духот Свети, во име на светиот победоносец Георгиј, бидејќи ја избави онаа девојка од видливата аждаја. Тој исто така ја чува непорочна Црквата Христова, и секоја православна душа од невидливиот непријател и од гревот, како од смртоносна змија.

Кога потоа се осветуваше црквата подигната во име на Пречиста Дева Богородица и во чест на светиот победоносец Георгиј, во знак на излиената Божествена благодат, од олтарот потече извор на жива вода, исцелувајќи ја секоја болест кај сите кои со вера доаѓаа, во слава на Изворот на животот, Царот на славата, Бога во Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух, фалениот за навек во светиите Негови, амин.

Ако Света Гора се смета за градина (сопственост) на Пресвета Богородица, тогаш Свети Ѓорѓи се нарекува чувар на оваа градина. Католиконите (соборни цркви) на манастирите Зограф и Ксенофонт се посветени на Свети Ѓорѓи, а бројни капели и помали манастирски објекти - катисми и ќелии - именувани по Светиот Победоносец се расфрлани низ Света Гора.

Една од овие ќелии, за чие богатство се ширеа гласини и во која живееја двајца стари монаси, беше под јурисдикција на манастирот Пантократор.

Една ноќ, странци затропале на вратата од ќелијата. Глас одвнатре прашал кој е таму и што сака во ова време од ноќта. Чукачите одговориле дека се аџии кои бараат засолниште за ноќта. Еден млад послушник ја отворил вратата. Тројца мажи стоеле пред него, барајќи да ги видат старешините. Послушателот ги одвел во анрондарикот и ги замолил да почекаат.

Скитниците седнаа и чекаа. Во ќелијата владееше смртна тишина. Поминаа цели два часа во мачно исчекување! Конечно, се обидоа да станат, но без успех: некој им ги врзал рацете и нозете со невидливи окови. Во ќелијата одекнуваа вресоци. Кутрите старци се разбудија и исплашени истрчаа во гостилницата, каде што видоа странци како диво врескаат.

„Кој си ти? Што сакаш? Како влегол внатре?“ прашаа монасите, збунети.

- Твојот млад почетник нè пушти внатре!

- Почетник? Немаме почетник!


Ќелијата на Свети Јован Откриен

Потоа „аџиите“ беа принудени да ја откријат вистината: се покажа дека еден од нив е озлогласениот разбојник Стаматис, кој го ограбил целиот полуостров Халкидики и Света Гора. Заедно со двајца пријатели, Стаматис решил да ја ограби нивната ќелија, знаејќи дека таму живеат двајца беспомошни стари монаси. Претставувајќи се како аџии, тие планирале да се инфилтрираат во ќелијата, да ги убијат старешините и да извршат грабеж. И сè ќе одеше според планот, да не беше овој почетник! Кој беше тој и како заврши во ќелијата?

Старешините сфатиле дека сигурно се случило чудо. Тие истрчале во црквата и им ја донеле иконата на Свети Ѓорѓи на крадците. Крадците се ужаснале кога го виделе „почесникот“ прикажан на иконата. Да, тој им ја отворил вратата! Кога се обиделе да се поклонат пред иконата, невидливите врски се олабавиле.

Оттогаш, ќелијата се нарекува ќелија на Свети Георгиј Откриен (Фанеромен), а иконата сега се чува во католиконот на манастирот Пантократор. Чудото оставило таков впечаток врз Стаматис што тој ја напуштил својата штетна практика и, населувајќи се прво во најпустиот дел од Атос - Карулија - си изградил колиба со мала црква посветена на Свети Георги. Тој се упатил кон Господ со смртта на светец.

Бранител на растителниот свет

Во Западна Ерменија (сега дел од Турција), во регионот Акна, селото Ванк било познат центар на почитувањето на Свети Ѓорѓи. Неговите жители, претежно православни Ерменци, долго време го сметале Свети Ѓорѓи за светец-заштитник на нивното село. Старата црква во селото, посветена на светиот великомаченик, се наоѓала во шума на бреговите на библиската река Еуфрат. Како црковен имот, оваа шума се сметала за свет имот на Свети Ѓорѓи, а оние што ја нарушувале биле строго казнувани.

Крст реликвијар со фрагмент од главата на Свети Ѓорѓи (Тризница на Светата Столица Ечмиџан, Ерменија)Крст реликвијар со фрагмент од главата на Свети Ѓорѓи (Тризница на Светата Столица Ечмиџан, Ерменија)

Еден ден, еден Турчин, занемарувајќи ја светоста на „ѓаурите“, отишол во шумата да се снабди со дрва за огрев. Откако исекол едно дрво и ги префрлил дрвата на рамењата, задоволен од својата работа, се спремал да се упати кон дома кога одеднаш видел јавач на сив коњ и облечен во црвена наметка. Јавачот го извадил мечот и, држејќи го над главата на светогрдиот човек, се заканил:

„Следниот пат кога ќе дојдеш во шумата да сечеш дрвја, ќе те исечам! Можеш да ги исечеш мртвите ако сакаш, но не се осмелувај да ставиш рака на зелените!“ После ова, преплашениот Турчин истрча во селото, раскажувајќи им на христијаните за чудото и повикувајќи ги сите да се држат подалеку од шумата. Сепак, не му веруваа сите. Еден ден, една Турчинка влезе во истата шума и исече полумртво дрво. Кога падна, жената се приближи до него за да го помести, но откако едвај го допре, таа остана неподвижна. Пред неа стоеше оној што ја врза со невидливи синџири - Свети Ѓорѓи на коњ. Турчинката остана во оваа положба цел ден, врескајќи и молејќи за помош. Дури доцна навечер нејзиниот мал син, исплашен од продолженото отсуство на мајка му, отиде во шумата да ја бара и ја најде во жална состојба. Плачејќи, мајката му кажа на синот што се случило и вети дека никогаш повеќе нема да влезе во шумата, света за христијаните. Штом го изговори ова ветување на глас, невидливите синџири паднаа и таа можеше да стои исправено.

Непознат коњаник

Светиот исповедник Георгиј (Карслидис)Светиот исповедник Георгиј (Карслидис)На византиските икони, Свети Ѓорѓи често е прикажан како коњаник, со младо момче на коњ, кое Свети Ѓорѓи го спасил од ужасите на заробеништвото и го вратил неповреден во домот на своите родители. Поради оваа причина Црквата го почитува светиот Победоносец како ослободител на заробениците. Но, чудесните преместувања на луѓе од место на место од страна на Свети Ѓорѓи се познати дури и во нашата ера. Впечатлив пример е чудото што му се случило на светиот Исповедник Георгиј (1901–1959), еден од извонредните подвижници на 20 век.

Роден како Атанасиј Карслидис во понтискиот град Аргиропол, тој е роден во световното царство на Атанасиј Карслидис. Откако ги изгубил родителите на рана возраст, идниот светец бил одгледан од неговата богољубива баба, Ана. По нејзината смрт, седумгодишното момче се преселило со својот дедо во градот Карин (Ерзурум). Откако и неговиот дедо се упатил кон Господа, Атанасиј решил да се пресели на Кавказ. Сам, тој поминувал по тешки, снежни планински патишта, страдајќи од глад и студ. Еднаш, дури бил закопан во снег, а минувачите едвај успеале да го спасат. Атанасиј бил на работ на очај, но продолжил со солзи да бара Божја помош. Еден ден, додека продолжувал по својот пат, наишол на непознат коњаник кој го качил момчето на коњот и почнал со љубов да му објаснува каде ќе го однесе и што треба да прави следно. И покрај огромното растојание, коњаникот го однел Атанасиј во непознат град: луксузниот Тифлис (Тбилиси), главниот град на Кавказ. Атанасиј направи како што му беше кажано, а неговото животно патување го одведе во манастирот Нов Атос. Потоа, по добивањето на свештеничкото ракополагање, го зел името Георгиј, во чест на Светиот Победоносец – истиот Коњаник кој го спасил и го поставил на патот Божји.

Свети Георги, кој доцнеше на Литургијата

Околу 1903 година, Халил Абуфарха, православен Арап и водач на пештерска црква во сириското село Бетшахур, отишол во црквата за да ги запали кандилата и да го подготви храмот за утрена. Кога се приближил до црквата, слушнал непознати гласови: на негово изненадување, службата веќе била во тек. Замислете го неговото восхитување кога, по влегувањето, бил сведок на Божествената Литургија што ја служеле ангелските сили и самата Пресвета Богородица! Халил се замрзнал на место. Одеднаш, однадвор се слушнал звук на копита на коњ, а во пештерата влегол млад воин. Влегувајќи во црквата, тој побрзал кон Дева Марија.

- Богородице, Госпоѓо Богородице, еден чамец тонеше на отворено море, а јас истрчав да ги спасам луѓето што почнаа да ме викаат за помош.

Откако го кажа ова, Свети Георги ја соблече својата мокра наметка, прскајќи го лицето и облеката на Халил. На крајот од литургијата, Халил беше почестен да го прими антидорот од рацете на Пресвета Богородица. После ова, Мајката Божја, Свети Георги, и ангелите што ја служеа литургијата исчезнаа. Малку подоцна, кога селскиот свештеник и парохијаните влегоа во црквата, го најдоа Халил, сè уште мокар од прскањата од наметката на Свети Георги, внимателно држејќи го антидорот што го примил од Пресвета Богородица.

Бегство од смртна казна

Отец Харалампос (Галанопулос) лево од Свети Јосиф ИсихастотОтец Харалампос (Галанопулос) лево од Свети Јосиф ИсихастЕден од учениците и сопатниците на неодамна прославениот Свети Јосиф Исихаст (1897–1959) бил отец Харалампос (Галанопулос, 1910–2001), игумен на атонскиот манастир Свети Дионисиј. Понтиски Грк по потекло, роден е во 1910 година во Русија и на десетгодишна возраст се преселил во Грција со своето семејство, населувајќи се во селото Аркадико во близина на Драма во северна Грција. Младиот човек се истакнал во учењето, но го напуштил образованието за да се грижи за своето семејство.

Во 1941 година, за време на германската окупација на Грција, бугарските комесари ги уапсиле Хараламп и неговите соселани и ги фрлиле зад решетки во концентрационен логор. Една недела подоцна, се случило нешто неочекувано: затворениците биле осудени на смрт. Хараламп, со жестоки солзи, паднал на колена и се молел:

– Свети великомаченик Георги, голем Христов воин, спаси нè, и ветувам дека целиот свој живот ќе му го посветам на Бога!

„Штом ја завршив молитвата“, подоцна раскажал старецот, „слушнав татнеж над нас. Звук на копита на коњ. Погледнав нагоре. Коњ галопираше во воздухот над нас, но не можев да го видам јавачот. Но, сè беше јасно! Мора да е Свети Ѓорѓи, реков, едноставно сум недостоен да го видам. Дури и да го гледам само коњот, тоа значи дека нè слушнал!“

Рано наутро, џелатите влегоа во ќелијата, подготвени да ја извршат казната. Неколку секунди подоцна, вратите од ќелијата се отворија и влезе еден млад човек со атлетска градба, викајќи бесно:

„Престанете веднаш, злосторници! Пуштете ги невините луѓе да си одат дома! Или ќе ве застрелам сите!“

Џелатите, обземени од ужас, веднаш ја напуштија ќелијата. Младиот човек исчезна со нив. Никој, се разбира, не се сомневаше дека тоа е самиот великомаченик Георгиј. Кратко време подоцна, затворениците добија амнестија поради раѓањето на наследникот на бугарскиот престол.

Девет години по ова очигледно чудо, Харалампос Галанопулос го напушти светот и, откако пристигна на Света Гора, се замонаши, исполнувајќи го својот завет кон Бога и Свети Георги.

Отворање на храмот

Икона на Свети Ѓорѓи од манастирот Ксенофонт на Света ГораИкона на Свети Ѓорѓи од манастирот Ксенофонт на Света ГораВо времето на Хрушчов, протераниот архимандрит Серафим (Суторихин, 1901–1979) служел во црквата на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Самарканд. Репресиран и отслужувајќи 10 години затвор, отец Серафим, веќе стар и изнемоштен, станал светилник за многу верници, особено за младите. Властите не можеле да му простат за таквите активности. Со помош на агентите на КГБ, тие успеале да ја затворат црквата „Свети Ѓорѓи“, принудувајќи ги службите да се одржуваат тајно, под закрила на ноќта. Поминале две години и конечно било одлучено црквата да се претвори во градинка.

Еден ден, двајца коњаници во необични, антички офицерски униформи влегоа во црковниот двор. Водачот, слегувајќи од коњот, тргна кон ќелијата на отец Серафим, каде што читаше молитви, и даде наредба:

– Оче Серафиме, подгответе се за службата: црквата ќе биде отворена денес!

Потоа двајцата војници отидоа во извршниот комитет. Заканувачкиот офицер, заобиколувајќи ја полицијата и секретаријатот и без да поставува прашања, ја отвори вратата за претседателот на извршниот комитет.

„Црквата на великомаченик Георгиј мора да се отвори денес! Инаку, ќе бидете казнети без помилување!“, гласеше наредбата.

Војникот си замина на истиот начин како што се појави, а службеникот, во некаков несфатлив ужас, го повика комесарот за верски прашања:

– Веднаш испратете гласник во црквата на великомаченик Георгиј! Веднаш нека се отвори!

Црквата навистина беше отворена истиот ден - во пресрет на 6 мај, патрониот празник. Потоа претседателот на извршниот комитет се одвезе до отец Серафим, прашувајќи го името на својот црковен претпоставен. Отец Серафим му покажа на претседателот фотографија од ташкентскиот епископ.

„Не, не тој“, приговори службеникот. „Имате ли некој на повисоко ниво? Вчера бев со вашиот претпоставен, офицер, па... ох, вау... Тој имаше таков авторитет и нареди црквата веднаш да се отвори: „Инаку“, рече тој, „ќе бидете казнети без помилување!“ Веднаш можете да кажете - тој е претпоставениот...“

Потоа отец Серафим со солзи му ја донесе иконата на Свети Ѓорѓи. Претседателот, како некогаш атонските разбојници од старо време, беше ужаснат:

- Тој!!! Го имав вчера!


Извор: https://pravoslavie.ru/



Comments