Акатист на Свети Лука Кримски (Војно-Јасеницки)
Кондак 1
Тебе кој се бориш за нас,светителу на Православната Црква и исповеднику,во нашата земја и кримската област заблеска како светлозрачно светило,ти во подвиг се потруди и за името Христово гонење претрпе,слава на Господ Кој те прослави и те подари на нас како молитвеник и помошник,пофална песна ти пееме,а ти како оној кој има голема пред Владиката на небото и земјата,од секаква душевна и телесна немоќ ослободи не,да истраеме у ѕкрепи не во Православието,та сите умилно да воскликнеме:
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Икос 1
На ангелите собеседнику и на луѓето учителу,Лука преславен како евангелистот и апостолот Лука со исто име како и тој,си добил од Бог дар да исцелуваш болести и немоќи на луѓето,за исцеление на болестите на ближните многу се потруди,и тело носејќи за телото не се грижеше,со добри дела Небесниот Отец си го прославил.Затоа ти благодариме и со умиление ти воскликнуваме:
Радувај се,од младоста својот разум на Христовиот јарем си го покорил!
Радувај се,си бил пречесно пребивалиште на Светата Троица!
Радувај се,блаженството на милостивите,споре зборовите Господови,си го наследил!
Радувај се,со верата Христова и богодаруваното знаење многу болни си исцелил!
Радувај се,миосрден лекару на оние кои страдаат од телесна немоќ!
Радувај се,за време на војната на војниците и војводите исцелителу!
Радувај се,на сите доктор и учителу!
Радувај се,брз помошнику на оние кои се во тешотија и неволја!
Радувај се,цврст столбу на Црквата Православна!
Радувај се,на нашата земја озарување!
Радувај се,похвало на духовното кримско стадо!
Радувај се,украс на градот Симферопол!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 2
За време на лекувањето,во луѓето како во огледало си видел премудрост и слава на Бог,Творецот,насекаде кон Него со духот си се возигнувал богомудри,со светлата богоразумност сите нас не озари,кои воскликнуваме заедно со Тебе:Алилуја!
Икос 2
Со божественото учење својот разум си го просветлил сефален Лука,си отфрлил секакво телесно мудрување,разумот и волјата на Господ си ги покорил,станувајќи сличен на апостолите.Бидејќи тие,според Христовите зборови:Појдете по Мене,и Јас ќе ве направам ловци на луѓе,-веднаш оставија се и тргнаа по Него,а ти светителу,слушајќи го Госпо Исус Христос,Кој те повика на служење преку Својот слуга Архиепископот ташкентски Инокентиј,веднаш си примил свештенички чин во Црквата Православна.Затоа како богомудар учител те славиме и со пофални песни ти пееме вака:
Радувај се,радост на ангелот чувар!
Радувај се,биејќи никогаш не си го натажил!
Радувај се,ти во учењето си напредувал и мудреците од овој свет си ги зачудил!
Радувај се,од оние кои прават беззаконие си се чувал!
Радувај се,на Божјата Премудрост созерцателу и проповеднику!
Радувај се,вистински богослов и златоречив учителу!
Радувај се,на апостолското предание чувару!
Радувај се,свеќо од Бога запалена,која темнината на безбожјето ја растеруваш!
Радувај се,ѕвездо патот кон спасението го покажуваш!
Радувај се,на Православието ревнителу!
Радувај се,разобличителу на расколите!
Радувај се,ти си бил жеден за одредбите и сведоштвата Господови!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 3
Со силата на Божјата благодат уште во времениот живот си добил дар болестите да ги исцелуваш,и сите оние кои усрдно пристапиле кон Тебе си ги исцелил од телесните болести,а особено од душевните,достојно воскликнуваат:Алилуја!
Икос 3
Деноноќно си се грижел за спасение на душите на оние кои од Бога ти беа доверени,Лука блажен,преку својот личен пример,непрестајно си ги упатувал кон душеспасоносен живот и зборови.Затоа прими ги нашите пофалби кои достојно ти ги принесуваме:
Радувај се,со Божји разум исполнет!
Радувај се,со благодатта на Светиот Дух осенет!
Радувај се,на сиромаштијата Христова,подражателу!
Радувај се,пастиру добар,кој оддалечените од верата православна и оние кои заблудени лутаат по горите на празноумието ги бараш!
Радувај се,лозару на лозјето Христово,кој чедата Божји ги утврдуваш во вистинската вера пправославна!
Радувај се,заштитнику кој ја чуваш побожноста!
Радувај се,непоколеблив темелу на Православието!
Радувај се,тврд камену на верата!
Радувај се,разобличителу и искоренителу на душегубното неверие и злотворното обновленство!
Радувај се,мудар укрипетелу на подвижничките духовни дела!
Радувај се,кој прогонетите од овој свет ги водиш кон тивкото пристаниште!
Радувај се,бидејќи го зема и по Христос тргна!
Радувај се,светителу кримски,исповенику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 4
Со бура од внатрешни помисли си бил исполнет слуга Божји,што ќе рече Бог за тебе кога предвиделе да те постават за епископ во градот Ташкент,но,сепак,предавајќи се на Христос,Нему благодарност си Му вознесувал воскликнувајќи:”Благословен е Бог Кој ја излева благодатта на архиереите Свои”,-и пеејќи Му:Aлилуја!
Икос 4
Прогонетите православни луѓе откако слушнаа за изобилните плодови на твојата душа,богоносен Лука,те запознаа како достоен сад на Божествената благодат во архиерејскиот чин,видоа како немоќните ги лекуваш и на сиромашните им го даваш она што им недостасува,зачудени од Божјата промисла ти принесуваат вакви пофалби:
Радувај се,архиереју од Господ одреден!
Радувај се,врз својата книга си бил подготвен претскажување за наречение во епископски чин!
Радувај се,украсу на ерарсите!
Радувај се,како пастир си бил подготвен животот свој да го положиш за овците разумни!
Радувај се,сјајно светило на Црквата!
Радувај се,рамен на апостолите!
Радувај се,убавино на исповедниците!
Радувај се,секоја грижа за себе си ја отфрлил!
Радувај се,ублажителу на неволјите!
Радувај се,зашто се натажуваш поради човечките незнаења!
Радувај се,зашто ги поучуваш оние кои спасението го бараат!
Радувај се,со својот живот ова учење не си го посрамил!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 5
Kрвта кој од Бога истекува чува од вечна смрт и искупува,кога во деновите на страшно гонење,епископскиот чин по благослов на светиот патријарх Тихон од раката на православниот епископ си го примил,свети Лука,делото на благовесник добро си го извршил,разобличувајќи,запретувајќи и утешувајќи,во се си бил олготрпелив и во се си поучувал,пеејќи Му на Бога:Алилуја!
Икос 5
Ангелските сили гледајќи ги твоите големи подвизи според заповедта Божја:Блажени се прогонетите зараи правда,зашто нивно е Царството Небесно-со сета сила на срцето без роптање во заточеништво и прогонство во Сибир се си поднел заради Господ и светата Црква Христова,со големо трпение спасението си го наследил,и со пример на верата душата си ја украсил.А ние со љубов усрдно те почитуваме и вака те прославуваме:
Радувај се,светило на црковниот свеќник поставено!
Радувај се,бидејќи зборовите на Писмото:”Љубовта се претрпува”-ти ги оправда!
Радувај се,ти на верниците си им забранил да те штитат!
Радувај се,на властите си се покорил и поради тоа доброволно во рацете на војниците ноќе си се предал!
Радувај се,ти од соучесникот со неправедниот судија си бил понижен!
Радувај се,во затвор смирено и без роптање си отишол!
Радувај се,од своето ташкентско стадо заради правдата си бил прогонет!
Радувај се,бидејќи верниците плачеле поради разделба со тебе!
Радувај се,заради Господ распнатиот си бил повредуван и тепан!
Радувај се,устите на лажливите неверници си ги затворал!
Радувај се,со праведната уста небесната вистина и во прогонство си ја проповедал!
Радувај се,бидејќи мачениците на небесата воскликнуваат поради твоето трпение!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 6
Незамолклив проповедник на тајните на Пресветата,Единосушна и неразделна Троица во темнината и во сибирските градови во прогонство си бил,трпејќи глад,мраз,северна зема и сурови безбожни сопатници.Затоа Кримската Црква проповеда величина Божја за тебе објавена свети Лука,бидејќи со силата Божја во земјите во прогонство си исцелувал телесни и душевни болести,за сите со едно срце и една уста да Му пееме на Бога:Алилуја!
Икос 6
Како сјајна ѕвезда си засветлил на краснојарското и тамбовско паство,озарувајќи ги душите на верниците и разгонувајќи ја темнината на неверието и безбожноста.Исполнувајќи ги на тебе зборовите Христови:Блажени сте вие,кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови-заради Мене!Ти си бил прогонуван од град во град и клевети си претрпувал,архипастирското служење усрдно си го извршувал и со пишуваните твои дела со слаост си ги насладувал сите гладни и жедни заради правда,кои благодатно те повикуваат:
Радувај се,наставнику на сите кои ги водиш кон патот на небесата
Радувај се,на славата Божја вистински ревнителу
Радувај се,Христов војнику непобедлив
Радувај се,ти заради Христос Господ затворање и тепање си претрпел!
Радувај се,на Неговото смирение вистински подражателу!
Радувај се,сместилиште на Светиот Дух!
Радувај се,ти кој со мудрите си влегол во радоста на Господа!
Радувај се,на користољубивоста разобличителу!
Радувај се,погубноста на празната слава си ја покажал!
Радувај се,беззакониците си ги повикал на покајание!
Радувај се,ти кој со Христос се прослави!
Радувај се,ти сатаната го посрами!
Радувај се,светителу кримски,исповенику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 7
Сакајќи достојно да го извршиш подвигот кој Бог ти го довери,си се облекол во Божјото оружје и си завојувал против господарот на овој свет,духот на злобата на земјата,опашувајќи ги бедрата со вистина и облекувајќи се во оклопот на правдата,си ги угасил,исповеднику Лука,сите стрели на нечестивиот,пеејќи Му на Создателот и Бог:Aлилуја!
Икос 7
Безбожните и баззакони луѓе обновувајќи го гонењето на Православната Црква во длабочината на далечните земји во тајгата те прогонија,свети Лука,а ти пред лицето на смртта о Божјата рака беше зачуван,со апостолот Павле си воскликнувавал:До овој час ние и гладуваме,и жедуваме,и необлечени одиме,се мачиме и се потураме по светов,но се трудиме,работејќи со своите раце.Кога не укоруваат,ние благословуваме,а кога не гонат-трпиме,кога хулат на нас,ние се утешуваме.Станавме како сметиште на овој свет,како отпад на сите луѓе.Затоа знаејќи дека си таков,те славиме вака:
Радувај се,блажен Христов исповеднику!
Радувај се,студ и глад во прогонство си претпрел!
Радувај се,си бил пред лицето на смртта и од Господ си бил сочуван!
Радувај се,одрекувањето совршено си го покажал!
Радувај се,душата на Христос Женикот си ја заветил!
Радувај се,Господ распнатиот на Крст секаде пред себе си го гледал!
Радувај се,бидејќи во бдение и молитва истрајно си пребивал!
Радувај се,на Едносуштната Троица вистински ревнителу!
Радувај се,од секаква болест брз и бесплатен лекару!
Радувај се,болести на коските и тумори си лекувал!
Радувај се,заболените од неизлечиви болести на коските и со гнојни рани здрави си ги подигнувал!
Радувај се,со твојата вера и лекарска вештина исцелуваш!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 8
Во туѓа земја си бил пример на трпение,а воздржание и чистота си покажал исповенику Лука.Кога татковината била во опасност од освојувачи,љубов евангелска си покажал,деноноќно во болниците си се труел исцелувајќи немоќни и ранети војводи и војници за татковината,со незлопамтење и со љубов си ги зачудувал сите кои те искушале,а многумина од нив си ги обратил кон Христос,да Му пеат:Алилуја!
Икос 8
Исполнет со љубовта Христова милосрден Лука,животот си го полагал за пријателите и како ангел чувар си им бил на ближните и далечните,злострорствата си ги скротувал,непријателите си ги смирувал и на сите спасение си им дарувал.Сеќавајќи се на твоите обри дела,луѓето од татковината благодарно ти воскликнуваме:
Радувај се,чудесна љубов кон татковината си покажал!
Радувај се,на смирение и незлобивост учителу!
Радувај се,за Христос си страдал и си бил мачен!
Радувај се,непоколебливо Христос си Го исповедал!
Радувај се,непријатеската злоба со љубовта Христова си ја победил!
Радувај се,отче милосрден,кој на многумина спасение си им посакувал!
Радувај се,со големи непријатности си бил искушуван!
Радувај се,во гонењето чудесно трпение си покажал!
Радувај се,за непријателите Господ си го молел!
Радувај се,твојата љубов секакво непријателство победува!
Радувај се,со незлобивоста суровите срца ги покори!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 9
На сите си им бил се,како и свети Павле,па откако некој ќе спасиш,свети Лука,архипастирски подвиг си остварил,во тамбовскиот крај со многу труд храмови си обновил и изградил,уставот светоотечки строго си го исполнил,спасението на духовното стадо не си престанал да му го проповеаш,од чистиот ум на Бога пеејќи Му:Алилуја!
Иос 9
Многуглаголивите говорици не можат достојно да ги искажат мноштвото доброетели кога во кримската земја си се појавил,како татко кој ги сака децата,свети Лука,бидејќи твојата десница полна со богати дарови секаде стасуваше.Ние,пак,сакајќи твојата милосрдност да ја подражаваме,возбудени воскликнуваме:
Радувај се,лулко на Божјата љубов!
Радувај се,неисцрпна ризницо на Спасителното милосрдие!
Радувај се,се што си имал на сиромашните си го раздал!
Радувај се,своите ближни повеќе од себе си ги засакал!
Радувај се,на сираците без мајки хранителу и раководителу!
Радувај се,на беспомошните старци и старици старателу!
Радувај се,болните и затворените во темница,си ги посетувал!
Радувај се,недостатоците и неволјите на многу места во татковината си ги пополнувал!
Радувај се,не заборавајќи ги сиромашните трпеза си им приготвувал!
Радувај се,на ожалостените како ангел-утешител си им се јавувал!
Радувај се,ангелу земни и човеку небесен!
Радувај се,со длабочината на милосрдието твојата мајка си ја израдувал!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 10
Многу години не престанувајќи да служиш за спасение на кримското духовно вое стадо,по примерот на Архипастирот Христос,изгубените на рамењата си ги земал и кон Бога Отецот си ги привел и со надеж во Божјото милосрдие си ги тешел,на поправање во животот со поучни зборови си ги привлекувал сите со чисто срце да Му пеат на Бога:Алилуја!
Икос 10
Како верен слуга на Небесниот Цар Христос Бог,свети Лука,неуморно си објавувал вистински зборови во сите храмови во областа тавричка,со душеспасоносна од учењето на Евангелието верните чеда си ги хранел и си им заповедал до црковните правила да се приржуваат.Затоа како добар пастир те славиме вака:
Радувај се,неуморен проповеднику на евангелската вистина!
Радувај се,разумното стадо о Бога довереното добро си го пасел!
Радувај се,овците свои од душепогубните волци си ги штител!
Радувај се,на црковниот поредок строг надзорнику!
Радувај се,на чистата вера православен чувару!
Радувај се,преку тебе тебе Светиот Дух напиша спасоносни зборови!
Радувај се,на мудреците на овој свет за постоењето Божјо си им проповедал!
Радувај се,молњо која гордоста ја уништуваш!
Радувај се,оние кои беззаконо живеат како гром ги плашиш!
Радувај се,на црковната побожност втемелителу!
Радувај се,архипастиру,кој пастирите духовни непрестајно ги вразумуваш и ги поучуваш!
Радувај се,светителу кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 11
Молитвеното пеење на твојот гроб,угонику Божји не прстанува во деновите по твоето упокојување.Многумина кои го знааеле твојот живот како богоносен и рамноангелски собрани од сите краишта на татковината за соборно да се молат за твојата душа,која во небесната татковина се искачуваше,пеејќи Му на Бога:Алилуја!
Икос 11
Во Христовата Црква си бил како свеќа која гори со нетлената светлина на благодатта Божја во сите краишта на нашата земја.А кога дојде за твоето заминување,божествените ангели земајќи ја твојата света душа во небесно пребивалиште ја вознесоа.затоа сеќавајќи се на твоето блажено успение на небесата и на земјата славено,радосно ти принесуваме пофалби вакви:
Радувај се,незгаслив светилнику на Незалезната Светлина!
Радувај се,поради Твоите добри дела многумина Го прославија Небесниот Отец!
Радувај се,Божји угоднику,животната трка ја заврши побожно!
Радувај се,вера,недеж и љубов од Господ си добил!
Радувај се,со Христос,Кого си го возљубил засекогаш си се соединил!
Радувај се,на вечната слава на Царството Небесно наследнику!
Радувај се,светлината на твоите добри дела пред луѓето засветли!
Радувај се,ти кој ги научи луѓето да ги исполнуваат заповедите Христови!
Радувај се,архиереју,од Вечниот Архиереј Христос со благодатни дарови исполнет!
Радувај се,брз помошнику на оние кои те повикуваат!
Радувај се,цврст столбу и нов светилнику на кримската земја!
Радувај се,на родот христијански благодатен покровителу!
Радувај се,светителу Кримски,исповеднику Лука,добар и милостив лекару!
Кондак 12
Откако спознавме дека благодатта ти е даена одозгора,побожно ја целиваме ииконата со твојот лик,свети Лука,и се надеваме на твое застапништво пред Бога.Затоа притекнуваме пред Твоите свети мошти и со умиление се молиме:поткрепи не да бидеме истрајни во православната вера,угоднувајќи Му на Бога со добри дела,силно пееме:Алилуја!
Икос 12
Пеејќи Му на Бога,Кој е прекрасен во Своите Светии,те славиме тебе,Христов исповеднику,светителу и застапник пред Господ.Сега си во висините,но и она што е долу на земјата не го оставаш,свети Лука,секаде со Христос царуваш и за нас грешните пред Престолот Божји се застапуваш.Затоа умилно те призиваме:
Радувај се,незалезна светлино!
Радувај се,на ангелите си им радост и на луѓето-веселие!
Радувај се,со делата и списите неверниците ги просветуваш!
Радувај се,маловерните и малодушните ги укрепуваш!
Радувај се,достоен за Царството Небесно си се покажал!
Радувај се,по патот на исповедништво до рајските населби си стасал!
Радувај се,заради Христос срам си претпел и вечна слава од Него си добил!
Радувај се,застапнику за нас грешните,пред Престолот Божји!
Радувај се,Православна пофалбо и на земјата наше радование!
Радувај се,си се удостоил меѓу светиите да пребиваш!
Радувај се,на сите свети кримски собори учеснику!
Радувај се,светителу Кримски,исповеднику Лука,обар и милостив лекару!
Кондак 13
О,велик и преславен угоднику Божји,светителу наш отче Лука,прими ја оваа пофална песна од нас надостојните,која ти ја принесуваме со синовска љубов.Со твоето застапништво пред Престолот Божји и со твоите молитви во православната вера и во добрите дела утврди не,заштити не од секаква неволја,жалост,болест и искушение кои во овој живот доаѓаат-сочувај не,од маките во идниот век избави не,удостој не во вечниот живот заедно со тебе и со сите светии да Му пееме на Создателот:Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати,а потоа Икос 1 и Кондак 1)

Comments
Post a Comment
Напиши коментар