За полесно или поконцентрирано да ја следите Литургијата, обидете се да се молите вака: во текот на часовите,(дел од утрената Богослужба) споменувајте ги починатите и живите. Ова споменување ќе се вознесе на небото со споменувањето на свештенството и ќе донесе голема радост на душите на оние што се споменати. Не е важно дали ќе се споменат во олтарот, до олтарот, или до вратите на олтарот, или на средина од храмот, не е важно, Господ ќе чуе насекаде.
Кога Литургијата започнува со зборовите: „Благословено е Царството“ - молете се Господ да ве удостои за Царството Небесно.
За време на првата ектенија, молете се Господ да ви го даде Својот смирение.
Ништо нема толку благотворно дејство врз душата како состојбата на смирение, а тоа е особено омразено за непријателот на нашето спасение; тој се стреми да го наруши на секој можен начин, да го извади човекот од мирна состојба, да го наведе во кавги, раздразливост, злоба, гнев и мрморење. Затоа, молејќи се Бог да ви испрати мир на душата, почувствувајте се како штица меѓу беснеечките бранови, почувствувајте ја вашата беспомошност и побарајте помош од Господа.
Потоа се пеат антифони, за кое време свештеникот чита молитви за зачувување на Црквата, а и вие се молите за истото, и Господ да го избави местото во кое живеете од неверие, ерес и раздор.
Пред Малиот Вход, свештеникот чита молитва што ги содржи зборовите: „Нека нашиот влез биде придружен со влезот на светите ангели, кои служат со нас и ја слават Твојата добрина со нас“. Во тоа време, храмот е исполнет со безброј мноштво ангели. И му се молите на вашиот ангел чувар да застане покрај вас и да се моли со вас: „Свети ангелу чувару, помилуј ме и посети ме“.
За време на читањето на Посланието и Евангелието, ангелите невидливо ни палат безброј свеќи. Свештеникот ја чита молитвата: „Запали ја во нашите срца, о, љубовен Владико, бесмртната светлина на Твоето познание за Бога и отвори ги очите на нашите умови за да можеме да ги разбереме Твоите евангелски проповеди“.
Во тоа време, молете се Господ да ви ја испрати и вам Својата божествена светлина и таа да свети во вашето срце.
Следува ектенија, кога хорот пее „Господи, помилуј“ три пати за секоја молба. Оваа ектенија го претставува целиот земен живот на Господ кога толпи луѓе го следеа со извици: „Смилувај ни се“. Нека поминат сите пред твоите очи: и Хананејката, и слепиот и лепрозниот - и предај ја целата своја душа на Господа, чувствувајќи се себеси лепрозен, беспомошен и слеп. Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. Фатете ги рабовите на Господовата облека(како крвоточивата жена од Евангелието) во вашите мисли и молете се за милост. Добро е да се поклониш пред иконата таму.
Воскликот по ектенијата дава надеж дека Господ ќе го чуе вашиот крик според Неговата голема милост: „Зашто Ти си милостив и човекољубив Бог, и Тебе Ти вознесуваме слава, на Отецот и Синот и Светиот Дух...“
За време на ектенијата за огласените (некрстените), молете се за неверниците. Можеби имаш роднини и познаници кои се неверници. Молете се Господ да им се смилува и да ги просветли нивните души со светлината на верата. Потоа заблагодарете Му на Господа што и вие, по Неговата промисла, сте меѓу верните.
Херувимската песна е молитва кон Господа во Гетсиманската градина. Еве, замисли си пред себе целата Господова борба во Гетсиманија, Неговата молитва дури до точка на крвава пот, Неговото страдање за гревовите на луѓето. Запомни дека си поминал пред очите Господови со сите твои неуспеси и гревови. Чувствувај дека Господ страдал за тебе таа ноќ. Особено препознај ја својата целосна недостојност - со која ќе му возвратиш на Господа за сè што ти е направено - и моли Го да ти се смилува. Како што самиот Господ беше послушен на волјата на Својот Отец, така и вие сега предајте се на волјата Господова и одлучете трпеливо да го носите крстот што ви го испратил.
За време на Големиот Вход, кој го претставува распнувањето на Господ, замоли Го да се сети на тебе во Своето Царство. На извикот: „Мир со сите вас“, кој го прикажува влегувањето на Господ во пеколот за спасение на починатите и оние што биле таму пред Неговото доаѓање, молете се вака: „Влези, Господи, во пеколот на мојата душа и спаси ме“. Кога ќе го чуете извикот: „Да се љубиме еден со друг, за да исповедаме еднодушно“, молете се Господ да ви ја даде светата љубов да ги сакате сите, особено оние што не ги сакате и ги навредувате, и оние што ве навредуваат и не ве сакаат.
По извикот: „Да стоиме смирено, да стоиме со страв...“ - молете се Господ да го стави Својот страв во вас за секогаш да го имате на ум присуството Господово.
По извикот: „Да му благодариме на Господа“ - упатете посебна благодарност. Во тоа време, свештеникот чита молитва во која се споменува целата Господова добрина кон луѓето и се заблагодарува за нив и за Литургијата што ја служи. Секој мора да биде благодарен за тоа, особено за она што Господ му го дал лично и за благодатите што му ги излеал.
За време на песната „Тебје поем“, треба да се сетиме на своите гревови, особено на тешките, и да го молиме Господ за прошка за нив.
Ако го првите ова на Литургијата на овој начин со сето ваше внимание и трудољубивост, сигурно ќе имате корист.
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
Comments
Post a Comment
Напиши коментар