Не плаши се, предај се на пристаништето на Неговата прегратка.

 



Не плаши се, туку верувај. Кога ќе одлучиме да не ни е грижа ако бидеме повредени, тогаш можеме да бидеме ослободени да живееме и вистински да сакаме. И Бога и човекот.

Несигурноста е себичност. Ако сакаме да сакаме без да бидеме повредени, а ако случајно бидеме повредени, стануваме ѕверови, тогаш има проблем.

Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. Се плашиме да сакаме за да не бидеме повредени, се плашиме да одиме кај Христос за да не нè контролира чистотата на Неговата љубов, се плашиме да одиме на лекар за да не чуеме нешто непријатно.

Живеењето во страв е како умирање. Сликата на крвавите клинци на Христос може да нè шокира, но тоа е љубов во најдобро издание.

Ако љубовта имаше сопруг, тоа би била болката, а плодот на нивната љубов би била светоста. Светителите не се плашеле, туку се дале себеси, се предале, затоа издржале неверојатни маки кои, сепак, со благодатта Господова, изгледале како роса. 

Се плашам...

И Господ одговара : „Не плаши се, туку верувај“.

Ако љубиш христоцентрично, немаш од што да се плашиш. Бидејќи твојата љубов е крстена со вечноста. Но, зошто се плашиш?

Затоа што за вистински да сакаш, мора да се ослободиш од она што те убива за да можеш да леташ.

Не сакаме да се разведеме од гревот, сакаме да се ожениме со Христос, но сакаме и љубовница заедно со него. Ова е нашата трагедија...

Стравот од љубов, а не од тоа да бидеш повреден, е пекол што ти си го направил за тебе. Како желбата да пливаш без да се намокриш. Колку е тешка довербата.

Знаеш ли што ми се допаѓа кај Христос? Тоа што во твојата слабост, тој не те грди, туку ти Го „слушаш“ како ти „ шепоти“ : „Те разбирам и те сакам“.

Тој ни вика!: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Мат.11:28), но наместо да трчаме, ние едноставно зјапаме, умирајќи во страшна тишина.

Но, се прашувате: „Како да го надминам стравот?“

Едноставно, чедо мое, погледни и прегрни ги крвавите клинци Господови и исцелувањето веќе започна. Оздрави брзо.

Отец Спиридон Скутис

✍️ Преведено и подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Comments