Креветот, кој секогаш го наоѓаш со чиста постелнина.
Топлата храна, која е готова секој ден и те чека.
Алиштата што се испрани, закачени и испеглани, спремни за носење.
Плочките што ги имаш над главата.
Струјата што ја користиш, водата, интернетот, телефонот…
Сите твои работи… Сè во животот за кое велиш дека го имаш…
Луѓе се кријат зад сето ова. Луѓе, со огромна љубов кон тебе…
Тие се луѓето кои остануваат до доцна до тебе кога си болен.
Тие се оние кои те покриваат ноќе кога спиеш.
Тие се оние кои двојно болат од твојата болка и се радуваат на твојата радост.
Тие се твојата сопруга, твојот сопруг, тие се твоите браќа и сестри, твоите родители…
Ништо што прават за тебе не е дадено.
Тие немаат никаква обврска. Никој не ги наметнува.
Од љубов, затоа го прават тоа.
Од љубов кон тебе.
И не разговараш со нив. Ги игнорираш. Се однесуваш лошо кон нив. Им викаш.
Зошто?
Какви се овие гримаси?
Зошто си неблагодарен? Зошто се однесуваш вака со нив?
Не сакаат многу. Не бараат многу.
Една насмевка. Едно благодарам.
Два разговора со нив ќе променат...
Разбуди се. Смири се.
И цени ги.
И цени ги...
Елефтериадис Г. Елефтериос
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
