„НО, ЈАС ЈА ПОЗНАВАМ...“
За едно од чудата на Свети Гаврил Грузијски
Десет години бев член на таканаречената секта. „Јеховини сведоци“ Мајка ми, сега почината Р.Б. Јоана ме молеше да се вразумам, ме замоли да го напуштам изгубениот живот и да се свртиме кон патот на вистината. Потоа овие зборови ме изнервираа, згора на тоа, ми предизвикаа голем протест, поради што многупати се скарав со мајка ми и со мои блиски луѓе.
Кога мајка ми отиде кај Господ (како што реков тогаш, „умре“), моето семејство ја погреба според православната традиција: поканија свештеник, ја пееја погребната служба, воопшто, сè беше како што треба. Кога почна погребот за мајка ми, излегов и не слушав ниту молитва ниту проповед, бидејќи тогаш сето тоа го сметав за непотребно и погрешно.
По погребот на мајка ми, се чувствував лошо: имав силни главоболки, висок крвен притисок и нерамнотежа. Ме однесоа во болница, направија тестови и томографија. Врз основа на сите резултати е испратен на онколошкиот оддел. Ми беше дијагностициран рак на срцевиот мускул. Оваа дијагноза бара повеќекратни прегледи и тестови за да се утврди кои органи се засегнати и каков третман вреди да се подложи.
Многу чуда се случуваа по молитвите на Свети Гаврил Грузијски за неговиот живот - луѓето беа исцелени, се охрабруваа да ја зајакнуват својата вера, и се научија на љубовта.
И самиот старец често кажуваше: Нека никој не мисли дека љубовта е вроден талент.
Љубовта може да се научи и кон тоа треба да тежнееме. Господ несака големи зборови туку сака дела.
Добро дело е љубовта кога правите добро, се качувате за една степеница, но кога грешите, паѓате долу. Целиот наш живот се состои од оваа искачување и паѓање.
Луѓето денеска се инспирирани од молитвите на Свети Гаврил, примајќи исцеление со неговите молитви и со задоволство ги делат таквите случки со нас.Ви представуваме една таква случка за чудесното исцеление.
Блиско се поврзав со Свети Гаврил кога мојот син Давид стана продуцент на филмот за Светителот.Слушнав разни приказни за Баќушката, за тоа каков човек беше, како им помагаше на луѓето, оцрнувајќи се себеси истовремено да не му мислат добро.
Од се тоа што го слушнав ми беше мило што мојот син и неговите пријатели снимаа филм за таков Светител.
Еден убав ден во мојата куќа се одвиваше интервју со една религиозна девојка од Русија Елена.
Незнаев за тоа, се вратив од работа,влегов внатре, видов опрема,осветлување;се изненадив што се случува и ја слушнав случката која ја раскажува девојката:
Имав меланом на рамето. Се помазав со маслото земено од гробот на Свети Гаврил, а потоа заминав на анализа кај онкологот: Покажи ми што се случува.
Ја соблеков јакната и му го покажав рамето. Докторот ме праша: Каде е?
Како мислите каде?Еве, на моето рамо!
Повторно ми го постави истото прашање, а јас повторно му одговорив: На рамето!
Ме заврте спрема огледалото и видов дека на моето рамо нема ништо! Се беше чисто!
Докторот ме погледна преку наочарите и ми кажа: Па, млада дамо, земи ги анализите и оди во мир! Што сте сонувале незнам!
Вознемирена, тивко излегов. Во петокот имав меланом од прва фаза, а во понеделник се беше чисто!
Слушајќи ја оваа приказна, бев зачуден.
Се прекрстив и веднаш пријдов кон иконите.,,Голем си, Господи", кажав.
Помина нешто повеќе од една година кога во мојот живот се случи катастрофа: На главата ми се појави некаква точка која раснеше и потемнуваше.
На тоа место почна да тече некоја течност и заминавме на доктор. Ни кажаа дека тоа е тумор и дека треба по итно да се направи операција.Исто така и докторите во Италија тоа го потврдија.
Во моето семејство набрзо беа донесени моштите на Свети Гаврил Грузијски, неговиот шешир, дел од неговата мантија и икона од Светителот.
Со големо почитување се поклонив пред Светите мошти, започнав да се помазувам со маслото од гробот на Светителот, се молев и го посетив манастирот Самтавро и набрзо приметив дека повеќе не тече течност од туморот.
Неколку недели покасно, туморот потполно исчезна.Немаше посреќен човек од мене. Целото мое семејство му се заблагодари на нашиот сакан Светител Гаврил, по чии молитви Господ го објави таквото чудесно исцеление.
Кога бев на преглед после се што се случи, докторите неможеа да веруват дека туморот исчезнал без операција. Моите тестови беа 100% чисти. Кога ги испративме сликите во Италија, тие истотака неможеа да веруваат.
Неможе тоа да се случува! Кажаа. Без операција? Како?! им одговорив радосно дека овдека имам одличен доктор - успеа без операција.
А што ако беше потребна операција? понекогаш ме прашуваат луѓето, а јас им одговарам дека се е од Севишниот, а главно е дека никогаш нетреба да ја губиме надежда и да се молиме за Божја помош.
Кој прашува, добива, и тогаш од ништо не стравувате и операцијата не е така страшна: Господ работи со рацете на докторот.Главно е дека треба да му се молиме на Господа и да не ја губиме надежта.
А кога е блиску таков голем Светител, како нашиот сакан старец Гаврил, тогаш морате да му се молите и да бидете уверени дека Баќушката со своите ревносни молитви ќе го однесе вашиот повик кон Бога.
Господ е милостив, а кога ќе се приближиме кон Него се ќе оди како што треба - тоест, ќе биде добро.
Господ прави такви чуда по молитвите на Свети Гаврил.
Слава и благодарност на Него за се.
Амин!
***
ВОСКРЕСЕНИЕ НА НАРКО ЗАВИСНИК
Оваа се случи на 14 октомври 1998 год.во Мцтхети,древна престолнина на Грузија. Ѓорѓи главниот јунак раскажуваше:
- Во оваа тешко време живеевме со својото семејство во Тбилиси. Бев наркоман.
Тој ден мојот пријател ме повика да појдам со него.
Бев во состојба на опиеност со дрога,земав хероин. Тогаш бев рамнодушен спрема Црковните празници: се согласив да одам со нив тој ден.
Бевме на концерт,седевме во ресторан.
А кога се спремавме да заминеме,неговата сопруга Тамара,кажа дека тука во близина е гробот на чудотворецот старец Гаврил, и дека сакаше да оди на неговиот гроб и да се помоли.
Бев ме присилени да застанеме,но не влеговме во манастирот Самтавро, во чиј двор тогаш се наоѓаше гробницата. Се сеќав дека повикав по неа: Запали една свеќа и помоли се за мене!
Навечер, кога пиев чај дома, дојде еден мој познаник и ми покажа "одличен" хероин.
Тогаш бев опиен од дрога, но одбивањето беше под мое достоинство...
Не се сеќав што понатаму се случи.
Ме извлекоа од кујната. Родителите кои беа дома повикаа итна помош.
Докторите безуспешно пробуваа да ми помогнат. По првото возило дојде и друго, па трето, четврто...покрај мојата куќа беше колона од возила на итната помош.
Мојот брат влета. Сите викаа.
Ми вбризгаа 20 мг.Наркан. Тие кои се разбираат од медицина знаат дека таквата доза може и покојникот да го воскресне, но ништо не се случи.
Потоа ми вбризгаа адреналин во срце, применија електрошок, но се беше залудно...
Поминаа 45 минути од мојата смрт.
Четири лекарски тимови залудно пробуваа да ми помогнат...
Еден час подоцна, сликата беше следнава: јас целиот поцрнет, со раце заврзани со завој, лежев на подот под белиот чаршав.
Тогаш мојата мајка ја изгуби свеста а татко ми ослепе. Вратата беа отворени.Во дворот се собраа соседите. Жените плачеа. Докторите го пишуваа посмртниот лист.
Некои од нив тивко шепотеа: тоа не е првиот млад човек кој умре од таа проклета дрога. Колку оваа може да трае...
Во тој момент Манана, сосетка која беше верничка која беше парохијанка на манастирот Самтавро, тивко влезе низ отворената врата на собата во која лежев.
Манана ми го тргна чаршавот од лицето и со масло од гробот на Старецот Гаврил ми направи Крст на челото.
Се надеваше дека оваа некако ќе ми помогне пред Севишниот...
И јас...веднаш рипнав со завој на рацете!
Младиот доктор кој го пишуваше посмртниот лист падна во несвест.
Настана невидена мешаница. Веднаш ме одвезоа во болница и бев три дена на прегледи.
....И понатаму ја чувам посмртница.
Поминаа веќе 26 години од смрта на големиот старец Гаврил, но чудо- прво на неговиот гроб, а сега и на Светите мошти - не престануваат...
***
Заедничката помош на Свети Серафим Саровски и Свети Гаврил Грузијски
Божјата слугинка Софија сведочи:
„Мојот сопруг и јас се скаравме откако ми забрани да продолжам да одам кај различни лекари и исцелители за да останам бремена. На мое големо жалење, му кажав навредливи зборови на мојот сопруг - мислејќи на фактот дека токму тој ме советуваше да барам начини за алтернативна и традиционална медицина. Излегол од дома и реков: кога ќе престанете да им верувате на бабите исцелители, тогаш јавими се. Бев толку навредена што не сакав сам да му се јавам. Невозможно е да се каже дека нашето семејство било црковно или длабоко религиозно. Поминаа околу пет дена, а на интернет наидов на информација дека во Москва ќе биде икона од Грузија, пред која се случуваат многу чуда и дека ќе донесат и дел од мошти. Си помислив: „Што имам да изгубам? Ќе одам и ќе се обидам да се излечам, бидејќи многумина веќе нашле утеха и исцеление“. Отидов, влегов во храмот, се приближив до иконата и почнав да прашувам кои се овие светители. Не го препознав веднаш Свети Серафим Саровски и не знаев ништо за Свети Гаврил. Очекував дека од иконата ќе истече миро или ќе блеска, бидејќи е чудесна, но не гледајќи такво нешто, малку се разочарав, но сепак ја бакнав и се вратив дома. По пат се сетив дека ништо не сум побарав од иконата, но се тешев со тоа што иконата сè уште не блескаше и не течеше миро, па не беше ништо страшно.
Неколку дена подоцна сонувам чуден сон. Стојам во црква со неколку жени, се одржува богослужба, неколку свештеници кадат, а еден стои на амвонот со крст и ги повторува зборовите: „Жени, послушајте се на своите мажи како на Господа, бидејќи мажот е глава на сопругата...“. Кога се разбудив душата ми беше немирна. Мислев дека ова е знак од Господ дека треба да се помирам со мојот сопруг и да му се извинам.
Се облеков и се вратив во црквата Ирининска, сега барем да побарам сила од Светителите да склучам мир со мојот сопруг. Влегов во црквата, се качив до иконата и видов: маж ми стоеше во ред за да ја види иконата. Не можев да поверувам како можеше да се случи таква случајност што, без да кажеме збор, решивме да дојдеме во храмот во исто време. Ова е и покрај фактот што пред тоа тие влегуваа во храмот еднаш годишно. Мојот сопруг исто така беше многу изненаден што ме виде. Ја бакна иконата, по мене. И пред да имам време да кажам дека решив да се извинам и да се помирам со него, тој ми ја подаде книгата „Добриот дедо Гаврил“ и рече: „Ја купив оваа книга. Ова е грузиски Светител. А тој е чудотворец“. Бев запрепастена. На корицата го препознав лицето на свештеникот кој во сон ми рече: „Жени, послушајте ги своите мажи...“. На иконата сликата беше поинаква, но на фотографијата беше лицето што го видов во сонот.
Тивко го напуштивме храмот, се помиривме, отидовме дома, а мојот сопруг ми рече: „Замисли, никој да не каже дека нема Господ. Знаеш ли зошто дојдов во црква? Сонував чуден сон... Како да стоев во црква, а Серафим Саровски таму служеше како свештеник, држеше темјан. А некој свештеник дојде на амвонот и повтори неколку пати: „Мажи, сакајте ги своите жени, како што Христос ја сакаше Црквата“. Се разбудив и не можев да најдам место за себе. Почнав да пребарувам на Интернет каде се наоѓа црквата Серафим Саровски и наидов на информација дека во црквата Иринински ќе има икона со Свети Серафим Саровски и Свети Гаврил Грузијски. Од фотографијата дознав дека Свети Гаврил бил тој што служел. Затоа отидов таму да да ја бакнам иконата и сакав да те повикам да се помириме“.
Душата ми затрепери, а солзите сами излегоа од моите очи. И му кажав на сопругот за мојот сон. Ја посетувавме иконата речиси секој ден, а потоа отидовме да ги посетиме родителите на мојот сопруг во Екатеринбург една недела. Му кажавме на свештеникот што го знаевме за нашите соништа, наш роднина. Откако дозна дека не сме во брак, не советуваше да се венчаме. По некое време во се венчавме, почнавме да одиме во црква, а пред само неколку недели дознавме дека сум бремена. Не можам да ги задржам солзите кога ја гледам иконата на Светителите, која ја купивме и ја поставивме на најистакнатото место во нашиот стан. Отидовме во Дивеево, ги поклонивме моштите на Свети Серафим Саровски, наскоро одиме во Грузија да ги поклониме моштите на Свети Гаврил, затоа што тие застапија за нас и не поддржуваа на таков пријателски начин. Не случајно иконата е наречена „Пријателство во Христа на рускиот и грузискиот православен народ“.
***
Свети Гаврил Грузијски во операционата сала
Во 2002 година бев во страшна несреќа. Како што рекоа моите пријатели, ја удрив главата во стаклото и го скршив. Кога ме донесоа во болница, видов како луѓе во бели мантили го носат моето тело од автомобилот. Бевме двајца: едниот јас, кој стоев и видов сè, а другиот, кој легна. Докторите долго и макотрпно се бореа за мојот живот, но подоцна ме сметаа за мртов и ме оставија како мртовец. Подоцна, кога моето тело беше префрлено во мртовечница, луѓето што работат таму радосно извикаа: „Жива! Таа е жива!" - и го вратија моето тело во операционата сала. Се погледнав и видов како лекарите со сите сили се обидуваат да ме вратат во живот. Тогаш видов чудо кое засекогаш остана втиснато во моето сеќавање.
Одеднаш вратата се отвори, а Свети Гаврил влезе во операционата сала, се приближи до операционата маса и почна да чита молитви. Низ целата моја критична состојба не ме остави, се грижеше за мене и ставаше нешто како лисја на раните. Не се сеќавам како се дојдов при себе.
Според лекарите, скршените коски и ужасно изобличеното лице било невозможно да се излечат без операција, но и овде ми помогна Свети Гаврил. Со голема вера и почит кон големиот Светителот нанесував масло од кандило од гробот на Свети Гаврил Грузијски на раните и со текот на времето ми се врати обликот на лицето и целосно закрепнав.
Фала му на Бога за сè! Слава Ти, оче Гавриле!
Мзија Синауридзе
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“



