Внимавај.
Внимавај да не станеш арогантен.
Внимавај да не веруваш дека си нешто посебно, нешто супериорно во однос на другите луѓе...
Запознав луѓе...
Добри луѓе.
Морални луѓе.
Семејни луѓе.
Луѓе кои никогаш во животот не сакале да повредат мравка...
Во еден момент, велите вие,
во неочекуван момент, овие луѓе станаа горди.
Нивните умови се воздигнаа.
Не премногу. Малку. Толку.
Мислеа дека станале некој.
И овие луѓе,
добрите, моралните, семејните глави, станаа чудовишта.
И предизвикаа толку многу болка во своите домови што вашиот ум не може да ја разбере.
Ги повредуваа своите жени, ги повредуваа своите деца, своите пријатели, своите родители, ги повредуваа сите...
Нивната куќа веќе не беше доволно голема за нив.
Нивната сопруга не им беше доволна.
Нивните деца беа товар за нив.
Мислеа дека се создадени за други, поголеми работи...
Затоа ти велам да бидеш внимателен.
Внимавај да не дозволиш умот да ти талка...
Знаеш... Од сите работи што можат да му се случат на секого, ова е она од што најмногу се плашам...
Елефтериадис Г. Елефтериос
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
