„Нашиот живот има смисла само кога е со Христос, за Христос. Тогаш и само тогаш сè добива длабока и вистинска смисла…“
Ако некој те обвини за нешто што не си го сторил, биди среќен. Биди среќен затоа што ти се дава можност да се понизиш.
Ако некој те критикува за нешто што си го направил, биди среќен.
Радувај се затоа што ти е дадена можност да се вразумиш и да се покаеш.
Без смирение и покајание, ништо не може да се постигне во нашиот духовен напредок во Христа.
Без разлика колку зборуваме за љубовта, како голема добродетел, вистината е дека не можеме да ја внесеме во нашите животи без дух на смирение и покајание.
„Љубете се еден со друг“ што го кажа Христос, претпоставува, прво, дека живееме смирено, подготвени да го носиме крстот на неправдата и непочитувањето, и второ, дека имаме покајание живо во нашите животи, односно дека сме подготвени да ги препознаеме нашите грешки и да се обидеме да се промениме на подобро и да Му угодиме на Бога.
Луѓето лесно се задржуваат на некои од Христовите зборови. Тие ги апсорбираат без да сфатат дека зад овие Христови зборови стои таен внатрешен напор на човекот да негува други добродетели.
Дури и љубовта како доблест, за да стане совршена и угодна на Бога, треба да биде проникната со расудување.
Во духовниот живот, сè е поврзано. Ниту една добродетел сама по себе не може да го преобрази човекот и да го воведе во внатрешноста на Благодатта.
И секако, дури и да имаме многу добродетели во нашите животи, тие не можат да донесат духовен плод без нашето учество во Тајните на нашата Црква.
Добродетелен човек без таинствен живот е добар човек, но не и личност Христова. Целиот наш духовен напор го има Христос како свој извор и цел.
Ако нашиот напор стане независен од Христос, тогаш во најдобар случај ќе станеме хуманисти.
Христос е сè, нашиот однос со Него. Без Него, ништо нема вредност, сè е ограничено во нашиот простор-време.
Само преку нашето соединување со Богочовекот, нашата секојдневна борба се отвора кон вечноста и преминува од распадливост во нераспадливост.
Затоа целта во нашиот духовен подвиг не е да се поврземе со луѓе и ситуации, туку со Богочовекот Спасител Христос.
Ако сфатиме дека сме повеќе поврзани со нашиот духовен отец или со манастир отколку со Христос, тогаш има проблем.
Ако сфатиме дека постот, добрите дела и скромноста станале наши цели сами по себе, но се исклучени од присуството на Христос, тогаш треба да го преиспитаме нашиот пристап.
Нашиот живот има смисла само кога е со Христос, за Христос. Тогаш и само тогаш сè добива длабока и вистинска смисла.
Затоа доаѓаме во Црквата за да го пронајдеме Христос, ништо помалку.
Ова е она што ни го нуди Црквата, Христос.
Ние не доаѓаме во Црква за да најдеме утеха, мир и спокојство.
Затоа што тогаш создавате ризик дека наша цел ќе стане да го стекнеме нашиот мир, да се утешиме емоционално, да се смириме површно.
Ако побараме само брза утеха, таа ќе дојде и ќе помине.
Но, ако го бараме Христа и Тој дојде во нашите животи, тогаш во нашите срца ќе се роди цврста и слатка утеха од Неговото присуство што никој не може да ни ја украде.
Нашата цел е Христос.
Ако го ставиме Него во центарот на нашите животи, тогаш дури и во војна ќе живееме мирно, дури и во затвор ќе се чувствуваме слободни, дури и во тагите ќе доживуваме радост.
Христос доаѓа и сè менува. И сега човекот повеќе не се задржува на емоциите и надворешните настани.
Човекот е просветлен и сега го разбира несфатливото и сега се движи во овој живот низ призмата на своите ултимативи.
Архимандрит Павлос Пападопулос