Да научиме да живееме - вистински - во Црквата.
Со звукот на камбаните, со темјан и свеќи, со метании и бдеење, со пости и гозби, со радост и тага и покајание, со духовни химни и тивки молитви.
Во Црквата коегзистираме со блудници и девици, пијаници и трезвени, зборлести и тивки, лакомци и оние кои постат, алчни и милостиви, семејни глави, монаси, богати, сиромашни, образовани, неписмени, славни и озлогласени; сите со страсти и доблести, со слабости и предности, со падови и воскреснувања, но сите несовршени, сите просјаци на Благодатта.
Ние сме во Црквата затоа што сме жедни да го надминеме компромисот со гревот. Не сме тука затоа што сме го надминале. Ние сме тука затоа што сме болни и нездрави, сме парализирани и неспособни за живот.
Во Црквата остануваме во потрага по Вистината, Христос.
Ние не живееме за да стигнеме до крај, бидејќи ова познанство што го бараме никогаш не завршува. Во суштина нема цел, постои само насока, пат кон Христос. Стрелата на животот да трча кон Него, Несфатливиот, Бесконечниот, Недостижниот, Неискажливиот, Неразбирливиот.
Христос е повеќе пат отколку дестинација, повеќе искачување отколку врв.
Без разлика колку читаш, без разлика колку ти кажувам, ќе го пронајдеш Бога сам. Бидејќи Бог се открива кога си сам, таму на врвот на твојата лична жед за Него.
Архиепископ Павлос Пападопулoс