Имаше еднаш еден побожен човек по име Агатоник.
Уште од своето детство бил научен пред иконата на Пресветата Богородица да ја кажува молитвата: „Богородице Дево, радувај се благодатна Маријо, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто Го роди Спасителот на нашите души.“
Подоцна живеел живот со многу грижи и ретко ја кажувал оваа молитва на Дева Марија. Потоа малку по малку тој престанал да ја кажува.
Меѓутоа, Бог, Кој не ја сака смртта на грешникот, испрати во неговата куќа пустиник од Теба да го провери бидејќи ја заборавил оваа молитва кон Дева Марија.
Агатоник му одговорил на монахот пустиник дека престанал да ја кажува, зашто, иако го кажувал многу години, не нашол никаква корист.
Тогаш пустиникот му рекол: Имај на ум и биди благодарен, колку пати оваа молитва ти помогнала и те спасила од разни искушенија!
Сети се, кога уште беше дете, како на чудесен начин се спаси од давење!
Сети се, кога соседите те турнаа во вода каде што падна, а сепак остана неповреден!
Сети се, исто така, кога еднаш патуваше со еден твој пријател, и двајцата паднавте од количката. Тој ја скрши ногата а ти не се повреди.
Зарем не знаеш дека твојот пријател е слаб од болест, а ти си здрав и не чувствуваш никаква болка?
И кога ги спомна сите овие прекрасни дела, на крајот му рече:
Знај дека сите овие неволји и несреќи што дојдоа во твојот живот, беа отстранети од Пресвета Богородица, благодарение на оваа молитва, која ја кажуваше секој ден пред Неа.
Затоа помоли се и продолжи да се молиш во иднина со оваа молитва и Мајката на нашиот Господ никогаш нема да те остави.
Така сфатил Агатоник и повеќе не ја напуштил оваа молитва.
Исто така и ние да не дозволиме да помине ден без да ја кажуваме оваа молитва пред Пресвета Богородица и така ќе бидеме заштитени од многу искушенија и страданија во нашите животи.