Во доцните 80години на минатиот век мојот живот го одведе моето семејство до ивица на потполен распад. Станав зависник од коцкање и пиев алкохол како вода, а не прескокнував ниту еден ден.
Ја изгубив работата и пријателите, нанесувајќи им мака на сите роднини. Длабоко во себе ја сфатив сериозноста на својата состојба, но не бев во состојба да се изборам со себе.
Највероватно се навикнав на таков живот. Потонав во очај и постанав незадоволен до таа мерка да чуствував преголем товар да би можел да живеам понатаму.
Во тоа време не барав никакво духовно засолниште; ниту ни помислував да одам во црква, свештенството него сфаќав сериозно.
Оваа можеби ќе продолжеше и понатаму, ако една убава вечер старецот Гаврил не влезе во кафеаната во која ја долевав редовната чаша на пиво и се припремав на луд непромислен чин. Да, добро прочитавте: старецот Гаврил влезе во таа кафеана!
Еве како се се случи: седејќи во бучната кафеана,слушнав јасен, гласен, лут глас на човек кој бара да му се наточи пиво и вотка во најголемата можна чаша, инаку "срцето ќе му пукне". Затоа ќе плати со сите пари.
Немој да се грижите,парите се донирани од парохјаните повтори човекот со громогласен глас, додека луѓе се смееја, дофрлувајќи погледи полни со презир.
Тогаш не го знаев значењето на зборот парохјани продолжив да седам со свртен грб спрема човекот кој го кажа тоа и не се интересирав кој е тој.
Од некоја причина се сеќавам дека тој човек го замислував како висок,стилски облечен човек, некоја врста на бунтовник, кој како мене ја заливаше тагата со алкохол.
Гласот не престануваше да зборува, а набрзо вообичените звуци на кафеаната ги прекина бунтовникот кој започна толку убаво да пее Грузијска песна се свртев да видам и во центар на кафеаната,пееше побелен свештеник облечен во партали.
Целата кафеана тивко гледаше во него, додека тој гледаше право во мене со своите невероватно големи очи. Во еден момент ми пријде, ме погледа во очи и кажа: Реваз,запали го тоа што го имаш во џебот!
Ме удари во градите, ги подигна рацете кон небото и во дел од секундата над мене го направи крсниот знак. Потоа повторно ме погледна во очи и ми кажа: Запали го онаа што тие е во џебот!
Тоа се случи толку брзо да луѓето ништо не приметија, мислејќи, како мене, дека крсниот знак е некоја врста на танцово движење. Набрзо, заврши танцот, старецот замина. Неговото заминување е испратено со аплауз на сите со зборовите како " Каков добар човек...Браво Отец! Така тоа се прави!
Стоев со солзи во очите.
Плачев не затоа што ја разбирав целата смисла на постапките на старецот, туку затоа што неговите зборови ме погодија како струен удар.
Неможев да разберам како можеше да знае дека во џебот имав писмо напишано оти планирав самоубиство со кое се простувам од семејството.
Да, навистина бев спремен на тој страшен, непоправлив чин кога Божјата волја ми го доведе тој старец со неговиот прекрасен настап!
Ништо помалку невероватен беше фактот дека тој ден се откажав од алкохолот заедно со својот убрзан животен стил и несакав да слушнам ниту збор за коцката.
Ми беше жал што не успеав да го пронајдам тој свештеник во Тбилиси. Се распрашав наоколу, но добив одговор дека се работи за некој луд човек, кој се појавува повремено.
Во брзо време се свртев кон Бога и започнав да одам во црква. По неколку години јас и моето семејство заминавме да го посетиме манастирот Самтавро, каде ја видов фотографијата на старецот кој ме спаси и повторно ме отрезни.
Беше на еден од гробовите и окружен со многу луѓе. Вкочен стоев во место, додека солзите течеа како река.
Ми се насмевна на фотографијата, како во шега да прашува: „Па Реваз, дојде да го видиш "Бунтовникот?"
Неговото полно име е Старец Архимандрит Гаврил Ургебадзе (Грузијски) и е сакан во целиот православен свет. Неговите молитви и љубов ги спасуваат луѓето, а со Божјата благодат ќе спаси и уште многу други.