Кондак 1
Тебе,избраниот благовесник на нашето спасение,големиот слуга Божји и радосниот пратеник на Пречистата Дева Марија,те прославуваме со песни и со овие пофалби.Ти,пак,стоејќи пред Престолот на Царот на Славата,од сите неволји и жалости ослободувај не,со вера и љубов пофално да ти воскликнуваме:
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Икос 1
Застапникот на Ангелите,прекрасниот гласник на Тајната Божја,чудотворникот Гаврил,Архистратиг на Силите бестелесни,да го пофалиме сега,со длабоко умиеление припаднувајќи и извикувајќи:
Радувај се,чудесен благовесниче на нашето спасение
Радувај се,на Тајните Божји славен објавителу
Радувај се,на Божјите заповеди исполнителу
Радувај се,за спасение на човечкиот род усрден служител
Радувај се,бидејќи на верните радост од Престолот на Седржителот им носиш
Радувај се,бидејќи неверните на стазата на правдата и вистината ги приведуваш
Радувај се,бидејќи неверните на стазата на правдата и вистината ги приведуваш
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 2
Гледајќи те,голем слуго на Боженската Премудрост,како усрден застапник и брз помошник на сите неволни и вознемирени,радосно заради Тебе му пееме на Бога:Алилуја!
Икос 2
Дарувател на Божесвтен разум си ти,Говриле Богомудри.бидејќи благодатта ти се даде од Предвечната Премудрост Божја.Со тоа и нас грешните,нурнати во суетата на овој свет,подај ни од Боженствената Премудрост во умот и срцето наше светлост на вистински разум Божји,вака да ти воскликнуваме:
Радувај се,разум Боженствен несебичен дарител
Радувај се,прв учител во пишење на книга за човечкиот род
Радувај се,бидејќи мудроста Боженствена на пророкот Мојсеј си ја открил
Радувај се,бидејќи почетокот на постанување на светот си го кажал
Радувај се,бидејќи создавањето на првиот човек Адам,и житието негово и неговите потомци си го објавил
Радувај се,бидејќи во сите идни поколенија и родови,за потопот и поделбата на јазиците на племињата и на народите вест си донел
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 3
Си силата на Вишниот опасен и со неа прекрасно урепен,стоиш пред Господ Твој деноноќно,немолчаливо пеејќи:Алилуја!
Икос 3
Цел род христијански те има,Архангеле Гавриле,како голем помошник на добар совеодавец,и прекрасен учител во недоумици,фалејќи те вака:
Радувај се,бидејќи пророкот Данило протолкувал прекрасни виденија за царевите и царствата кои треба да дојдат,што се прикажуваше низ разни ѕверови
Радувај се,бидејќи ослободување на луѓето Божји од Вавилонското ропство си објавил
Радувај се,бидејќи времето на првото Христово доаѓање во светот си го открил
Радувај се,бидејќи овоплотувањето на Синот Божји од Дева Марија си го благовестел
Радувај се,пророку премудри веснику
Радувај се,на сите Христијани во добро учителу
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 4
Бура на сомнежи,жалости и очајувања ја обзеде светата праведна Ана кога тагуваше заради неплодност и со солзи се молеше во својата градина.Ти,пак,по заповед Божја и се јави и донесе вест говорејќи:”Ана,Ана!Услишена е твојата молитва,воздишките твои ги поминаа облаците и твоите солзи излегоа пред Бога,и ќе зачнеш,и ќе родиш ќерка Преблагословена,и ќе се благословат низ неа сите колена земски,и спасение на светот низ неа ќе дојде,и ќе и дадеш име Марија”.Таа,пак,во голема радост,слушајќи го ова,запеа:Алилуја!
Икос 4
Слушна светиот и праведен Јоаким,кој во тоа време во пустината слушна од тебе,Архангеле Божји,дека праведната Ана ќе роди ќерка пред сите векови избрана за Мајка на Месијата,кој ќе дојде да го избави човечкиот род,па во длабоко умилени и радост запеа:
Радувај се,бидејќи грижата моја си ја отстранил
Радувај се,бидејќи срамот мој пред луѓето си го избркал
Радувај се,бидејќи од очајување ме избави
Радувај се,бидејќи волјата Божја во мене ја објави
Радувај се,бидејќи на се свето неизречлива веселба со тоа си донесол
Радувај се,на праведнитеБогоотци наши Јоаким и Ана сладок утешители
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 5
Ти си како ѕвезда водена од Бога, Гавриле Чудесни, зашто со блеснувањето свое мракот и темнината на овој свет го просветлуваш,и на патот на спасението управуваш со се што со вера усрдно ти притече,и кон Христос, вечното Сонце на Правдата, смело пеат: Алилуја!
Икос 5
Гледајќи те тебе,Анрхангеле Божји,веснику на судбините Божји и исполнителу на Светата волја Негова,родена од неплодната Богодева Марија внимателно и усрдно ги послуша светите твои наредби и со голема радост запеа:
Радувај се,бидејќи солзи,плач и непрестајна тага заради бездетноста на Моите родители со своето неискажано јавување си го пролеал
Радувај се,Ангеле мирен и добар чувару од Бога на моите денови
Радувај се,од првио ден намоето раѓање испратен да ме чуваш
Радувај се,чувару Божји во денот на Нејзиното детство и младост
Радувај се,на правата вера и Богопочитување втемелителу
Радувај се,на сите кои те фалат верен заштитниче
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 6
Раѓањето на Јован,проповедник на покајанието и преславниот Претеча Господов,ти,семудар гавриле,си го благовестил на родителот негов Захарија свештеникот.А како тој на твоето вистинско претскажување не веруваше,ти го направи нем додека не се исполнат твоите зборови,и кога со своите очи виде овој натприроден случај,му запеа на Бога,кој низ Тебе чуда прави:Алилуја!
Икос 6
Си засјаил со чудесна слава,Архангеле Габрил,кога во градот азарет си пратен од Бога на Богодјева Марија да и благовестиш зачнување на Синот Божји со осенување и делување на Светиот Дух,пеејќи и :”Радувај се,Благодатна Марие,Господ е со Тебе.Благословена си Ти меѓу жените”,а ние грешните,откако слушна за оваа голеа радост која и ја благовести,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи Адам и Ева,нашите прародители,оваа благовест неизречиво ги израдувала
Радувај се,бидејќи на сите праотци и прародители на човечкиот род со оваа благовест си објавил настан на долгоочекувано време,на кој тие цврсто се надеваа
Радувај се,бидејќи веста за јавувањето на светиот долгоочекуван Искупител на човечкиот род сите патријарски,пророци,старозаветни праведници и подвижници ги развеселил
Радувај се, бидејќи овоплотувањето на Синот Божји во светот си го проповедал
Радувај се,бидејќи почетокот на нашето спасение си го благовестел
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 7
Сакајќи да ги разбере зборовите на благовеста на Архангел Гаврил и гледајќи се Себе во чистота,Пресвеа Дева Марија му рече смело:”Преславниот твој глас звучи чудно за мојата душа,бидејќи бессеменото зачнување на Раѓањето го објавуваш,воскликнувајќи:Алилуја!”
Икос 7
Нова и преславна вест за овоплотувањето на Синот Божји благовестејќи Преблагосовена а Прчиста Дева марија,која со страв и трепет слушаше,си запеал,Архангеле:”Не плаши се,Марија,бидејќи си нашла милост пред Бога,и ќе зачнеш во утробата,и ќе родиш Син,и ќе му дадеш име Исус.Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот,и ќе му го даде Господ Бог Престолот на Давид,таткото Негов,и ќе завладее во домот Јаковов во сите векови,и на Царството Негово нема да има крај”.Пазејќи на ова ветување и треперејќи пред величината и висината негова,и ние грешните вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи во градот Назарет си пратен да го проповедаш почетокот и темелот на нашето спасение
Радувај се,бидејќи радоста на светот низ Благовест си ја објавил
Радувај се,небесен жителу светозарен
Радувај се,на ангелските ликови сјаење и светлост чудесна
Радувај се,бидејќи одблиску го гледаш рајот Божји неискажлива убавина и добрина
Радувај се,бидејќи со умиление стоиш пред престоло на Пресвета Троица
Радувај се,голем архангеле Божји Гавриле!
Кондак 8
Чудна и прекрасна вест за раѓањето на Искупителот на човечкиот род од тебе,Архангеле гавриле слушајќи,Пресвета Дева рече:”Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?”,а ти,одговарајќи и рече:”Духот Свети ќе дојде на Тебе,и Силата на Вишниот ќе Те осени,и она што ќе го родиш ќе биде свео и ќе се нарече Син Божји.”Зборовите Твои конечно ги потврди Пресвета Дева,која те рече:”Еве ја слугинаката Твоја,нека Ми биде по зборовите Твои”,воскликнувајќи:Алилуја!
Икос 8
Целиот си меѓи вишните,Гавриле,стоејќи пред Престолот на Царот на Славата,но не си далеку ни од долните,памтејќи и слушајќи ги сите кои ти воскликнуваат:
Радувај се,предвечен судбино Божји благовестителу
Радувај се, гласник Божји и на Неговите чуда, добар слуга
Радувај се, ревносен застапник за човечкиот род
Радувај се, заштитнику на православните христијани
Радувај се, зашто сите верни те фалат
Радувај се. зашто на тебе се радуваат сите православни
Радувај се, голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 9
Сите витлеемски пастири многу се зачудија на твојата благовест,прекрасен Архангеле Гаврило,за раѓањето на Христа Спасителот,и слушајќи го чудесното пеење твоје и останатите работници Небесни што слатко пеат:”Слава Бога во висините и на земјата мир,меѓу луѓето добра волја”,му запеа на Бог:Алилуја!
Икос 9
Многуговорливите говорници многу се трудеа во фалењето на тебе,Гавриле Боженствени,и на твоите добри дела,кои секогаш ги правиш на овој свет;ние,пак,дури и да ја знаеме нашата беспомошност,се осмелуваме да те пофалиме за твоето достоинство,викајќи вака:
Радувај се,бидејќи витлеемските пастири си ги израдувал
Радувај се,бидејќи таа ноќ со мноштво Ангели родениот Син Божји си го опевал
Радувај се,бидејќи на кротките и смирени пастири први од сите луѓе им го објави Христовото раѓање
Радувај се,бидејќи смирените,кротки слухи Божји,што не мудруваат за високото,ги сакаш
Радувај се,бидејќи си секогаш спремен да ги услишиш
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 10
Сакајќи да го спаси светот и да ги искупи од гревот,проклетството и смртта,Господ наш Исус Христос во ноќта во која се предаде пребиваше во молитва во гредината Гетсиманска и се молеше до крвава пот,а ти Гавриле се зацврсти во подвиг,бидејќи си навистина крепост Божја,што ги укрепува во подвизите христијански сите кои воскликнуваат:Алилуја!
Икос 10
Ти си карпа.Гавриле прекрасен,на светите жени мироносици,кога во една саботна зора дојдоа на гробот,носејќи миро и се што приготвија,но не го најдоа телото на Господ Исус,и ужас ги обзеде и голема грижа за нивниот возљубен учител.А ти му рече на жените:”Не плашете се,бидејќи знам дека го барате Исус Распнатиот.Не е овде,туку воскресна”,и уште им рече:”Дојдете и погледнете го местото каде што лежеше Господ.”А тие,радувајќи се на твоите зборови,Архангеле,вака ти викаа:
Радувај се,на светлата и радосна вест за Воскресението Христово прв благовеснику
Радувај се,победа Христова над смртта и на адот слаткогласен објавителу
Радувај се,бидејќи од Небото,во големиот потрес,на Живоносниот гроб си слегол
Радувај се,бидејќи запечатениот камен од гробот го истргна
Радувај се,бидејќи со твојот зрак како молња си ги исплашил стражарите
Радувај се,бидејќи на Создателот Твој и Владика Господ,доброволно и чудесно Воскресение,си му послужил
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 11
Пеење пофално ти принесуваме,Архангеле Божји Гавриле,а Ти,како брз заштитник наш и во секое добро учител,покриј не нас со покровот на твоите крила,избркај ги од нас грешните духовите на злобата поднебесни и сочувај не од напаст и клевети на злите луѓе сите кои воскликнуваат кон Бога:Алилуја!
Икос 11
Светлоносен служител и благодатен весниче на волјата Божествена,Гаврило премудар,ти повторно си бил пратен кај Пречистата Дева Марија да и најавиш мирно вознесување-славното Успение нејзино кое се приближува,носејќи и награда рајска.Таа пак,примајќи ја радосната вест за преселувањето во Царството Горно,вака ти воскликнуваше:
Радувај се,бидејќи што ми донесе бакнеж од рајот
Радувај се,зашто ми служеше во Тајната на Богочовечувањето
Радувај се,зашто повторно си испратен кај мене да се подготвам за исходот на овој живот
Радувај се,Сине на морето и Боже на Божествената волја за Мене,објавувачот
Радувај се,на чесното и славно Успение на Богомајката служителу
Радувај се,бидејќи од небото и донесе радосна награда од Рајот
Радувај се,голем Архангел Божји Гавриле!
Кондак 12
Благодат Божја од Небото измоли ни нас кои пееме во слава на сечесното име Твое,Архангеле гавриле,осенувани со твоето застапништво,во секоја побожност и чистота да поживееме се додека,ослободени од смртта со телесените врски,не се удостоиме да застанеме пред огнениот Престол на Царот на славата и со Ангелските чинови да извикнеме:Алилуја!
Икос 12
Опевајќи го твојот сечесен собор,те фалиме,премудар Архангеле Божји гавриле,и го молиме Господ и Владиката на сите со твоето застапништво да му подари мир на светот,светата Црква Твоја да ја сочува и да ја утврди и сочува непоколеблива до крајот на овој век и за ги укрепи во верата православните Христијани,вака што ти пеат:
Радувај се,бидејќи во Стариот Завет многу пати за спасение на луѓето послужи
Радувај се,бидејќи во Новиот Завет многу пати за спасение на луѓето си се потрудил
Радувај се,добри наш патеводител во Царството Горно
Радувај се,за нашето спасение усрден застапниче
Радувај се,на христијанскиот род голем добротвору
Радувај се,на православната земја наша покровителу
Радувај се,голем Архангеле Божји Гавриле!
Кондак 13
О,прекрасен и преславен Архангеле Божји Гавриле,на предвечните судбини Божји објавителу и усрден помошниче нш!Услиши не нас кои ти ги принесуваме овие мали молитви,и како милостив,умоли го Царот на Славата да се избавиме од сите неволји,напасти и јад во овој привремен живот,а во идниот,вечен живот,измоли да се избавиме од стоење лево и од вечните маки,и да се удостоиме во Царството Небесно со Ангелските чинови непрестајно да му пееме:Алилуја!
(Овој Кондак се чита 3 пати,а потоа се чита Икос 1 и Кондак 1).