Свето „скролање“.....






 Свето „скролање“.....


Го отвораме мобилниот


и скроламе со часови....

Одиме од една тажна вест до друга.....

Војни, пожари, земјотреси,

поплави, насилство и многу други лоши настани....

Најчесто сочувствуваме додека ги гледаме на екранот....

И обично од удобна и безбедна позиција...

Ќе речете, ах, што можам да направам

од сето ова далеку каде што сум?

Нешто толку едноставно и лесно...


Извадете ја бројаницата што ја имате на раката како накит, што ја имате во автомобилот како талисман, што сте ја заборавиле во фиоката со света вода и масло од тој манастир во кој сте биле и употребете ја...


Тоа е, да се молиме.....


Наместо да ги извиткуваме прстите,


како ги скроламе сликите на нашите мобилни телефони со часови,


да ги ,,скроламе,, јазлите на бројаницата додека се молиме.....


Тука влегува во игра светото „скролање“.....


Значи, ќе ми кажете, дали Бог чека мене да помогнам?


Да, пријателе мој


ти и јас и целиот свет.....


Во густата темнина


колку повеќе „свеќи“


толку посилен е отпорот.....


Не ги потценувај колената (молитвени)


тие имаат глас, имаат моќ...


И имаат затоа што Он (Христос)


ги има кој ги слуша и знае

и од болка и од зло....


Отец Јоанис Пападимитриу