Таков е рајот...


Еден монах раскажува за Рајот: 

Некако во сон видов дека сум мртов!

Гледам некој до мене како целиот е во светлина.

Тој стои во близина, но не можам да му го видам лицето. Ова е мојот ангел чувар си помислив.

И така, тој ме одведе во некоја просторија по изглед како некое складиште. Бев премногу изненаден од работите што ги видов на полиците.

Големи шишиња вода и пакувања со свеќи. Корпи со јаболка и Велигденски колачи. Следно што видов беа фото апарати и камери, телевизори со стерео системи!

Што е тоа? Каде сме ние? - го прашав мојот придружник.

И ова е рај, кажа тој.

Да, каков е овој "рај"? Дали е оваа некаква шега! - Се посомневав.

Оваа е "рајот на модерната побожност" - пресметка на верата- се слушна како одговор. И строгиот глас на мојот придружник продолжи:

- Тие слушаат црковни химни на дискови и на ленти, но тие не се молат! Ја Гледаат литургијата на телевизор, а во Црквата не стапнуваат!

Тие земаат света вода со лименки, ги благословуваат јаболките и се гордеат со шарени јајца за Велигден, но тие никогаш не се исповедуваат и не се причестуваат!

Овој став е на потрошувачите како тие да се во својата вера и се надеваат дека ке се оправдаат на последниот суд. Овие побожни објекти заслужуваат рај.

И нивните господари?

И нивните господари... и Ангелот горко заплака.

Игумен Валеријан Головченко