Молитви за оние кои патуваат







,,ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ, ПОМИЛУЈ МЕ МЕНЕ ГРЕШНИОТ„

****
Молитва кон Господ Исус Хрисос

Господи, Исусе Христе, Боже наш, Кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на вистината и да нè воведеш во царството на Твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата крепка и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на Твојата љубов да стасам таму кајшто сум намислил. Ти се молам, преблаг Господи, да ми го испратиш Твојот ангел чувар.Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Отстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да Те прославувам Тебе, мојот Спасител и Бог. Амин.

****

Молитва пред патување кон Богородица

О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патеводителке, закрилнице и надеж за мое спасение!

Ми претстои да тргнам на пат, и Тебе ти ги предавам и душата и телото.

Целиот себе си се предавам на Твоето промислување и на Твојата сесилна помош.

Сесрдно те молам, милосрдна Мајко, раководи ме во мојот пат, чувај ме под твојот покров од секаква несреќа и скрб, од видливи и невидливи непријатели.

Богородице, моли го милостивиот Бог, Кој некогаш на својот слуга Товиј му го испрати Ангелот Рафаил, за да го пази од секакво зло по патот.

Сега и мене да ми испрати Ангел патеводител, за да ме чува при патувањето, и здрав и спокоен да ме врати во мојот дом, во слава на Неговото свето име.

Затоа јас ќе го прославувам преку сите денови на мојот живот и Тебе Владичице, ќе Те величам сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.

Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.

****

Тропар, глас 2:
Ти, Кој си Патот и Вистината, Христе, испрати го Твојот Ангел како придружник на Твоите слуги сега, како што му направи на Товиј во минатото, да ги чува и да ја сочува Твојата слава неповредена од секое зло во секоја добра среќа, по молитвите на Богородица, единствена Човекољубива.

Кондак, глас 2:
Ти беше придружник на Лука и Клеопа, а сега оди заедно со Твоите слуги кои сакаат да патуваат, избавувајќи ги од секое зло искушение. Зашто Ти, како Човекољубец, можеш сè.


Господи Исусе Христе, Боже наш, Кој си пат, вистина и живот, Ти си благоволил заедно co твојот божемен татко Јосиф и co Твојата Пречиста Мајка Дева Марија да патуваш во Египет, и да ги придружуваш во Емаус Твоите апостоли Лука и Клеопа.

Сега смирено Те молам, Владико Пресвети, преку Твојата благодат биди и co нас, Твоите раби, кои тргнуваме на пат.

И како што некогаш си му испратил Ангел пазител на твојот раб Товиј, така и сега испрати ни го и нам за да не’ сочува од секаква опасност и беда, од видливи и невидливи непријатели, да не’ упатува да ги исполнуваме Твоите заповеди, да можеме мирно да стигнеме до местото на кое што сме се упатиле.

Помогни ни Господи, да ги оствариме сите наши добри намери за угодување на Тебе, во слава на Твоето пресвето име, и мирно и безбедно да се вратиме назад.

Зашто Ти милуваш и спасуваш, Господи, и Тебе слава ти вознесуваме, co беспочетниот Твој Отец, и пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

****

Псалм 120

Господ е верен чувар

1. Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне?
2. Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата.
3. Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази;
4. не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот.
5. Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака.
6. Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
7. Гопсод ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
8. Господ ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.