Кога нашиот поглед ќе се сврти кон светителите

 Кога нашиот поглед ќе се сврти кон светителите




 „Кога нашиот поглед ќе се сврти кон светителите, кога ги проучуваме, во нас се раѓа желбата за нивниот живот. Ја гледаме нивната вистинитост, нивната блискост со Бога, дека живееле едноставно, понизно и мирно.

Гледаме дека и тие биле како нас, смртни, грешници, дека поминале низ истите фази низ кои поминуваме и ние. Каде што сум сега, тие беа некогаш, но сега се светители на небото.

...Зборувај со светителот, следи го, направи го свој. Побарајте ги неговите молитви, побарајте се што ви треба.

По правило, што и да побараме, Бог ни дава преку светиите. Тоа го прави за да не ја наруши рамнотежата на нашиот социјален однос. Тој постапува како што ние постапуваме во нашата работа.

Едното дело зависи од другото и на тој начин едниот станува учесник во даровите и молитвите на другиот.

Преку светиите Бог ни дава благодат, нè обликува, ни се открива. Кога би сакале да одиме директно кај Бога, би го игнорирале Христовото тело, неговата вистина и битие, би ја игнорирале самата Црква и би оделе кон Господ како лажни протестанти, без да се сретнеме со него.

Зашто не можете да го најдете Господа, освен опкружен, опкружен со светии, кои се толку многу што прават облак, не оставајќи простор за да го видите оддалеку“.


Старец Емилијан Симонопетритски


Comments

Post a Comment

Напиши коментар