Луѓето кои го направија својот Крст или го носеа својот Крст на себе....

Луѓето кои го направија својот Крст или го носеа својот Крст на себе...


Луѓето кои го направија својот Крст или го носеа својот Крст на себе, се спасија од многу тешкотии и многу проблеми и многу големи зла, кои беа пред нив.

Но и луѓето кои имале лични тешкотии, Свети Пајсиј им велел: „Ги гледате децата и тие се нервозни,викаат, немирни, ќе ги прекрстете ги децата или навечер кога спијат одете и распнете вашите деца, или ги носите чаша вода, прекрстете ја „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, нека се освети водата, нека ја пијат и нека се осветат, нека ја примат во душата благодатта Божја“.

И навистина, многу пати сме виделе дека многу луѓе омекнувале, се смирувале, си го нашле своето здравје и малите деца и постарите деца и болните, со оваа сила на светиот Крст нашле многу голема корист и многу благодат од Бога и многупати нешта беа направени од Бога, што ги поништи природните закони и текот на настаните.

Да научиме да го користиме Крстот на нашиот Христос. Срамота е да имаме такво семоќно, моќно, најмоќно оружје и да го правиме бескорисно, било од нашето невнимание или со некористење затоа што не знаевме колку е важно и колкава моќ дава Крстот. Влегуваме и излегуваме од нашите куќи,во нашите автомобили, секаде да го правиме нашиот Крст.


Митрополит Лимасолски Атанасиј

Comments

Post a Comment

Напиши коментар