Бројаницата има своја историја

 Бројаницата има своја историја




Монасите сакале да бидат прецизни во молитвата, па најпрвин собирале камчиња за секое „Господи помилуј“ што ќе го кажат.


Точноста е поврзана со послушност на нивниот дух и неправење на сопствената волја.


Подоцна Свети Пахомиј наместо камчиња, почнал да направи јаже од бројаница. Зеде конец и направи 10, 20, 30... 100 јазли. И ја упатуваше својата молитва: „Господи помилуј, Господи помилуј...“


Но ѓаволот отиде, ги отплетка и ги одврза јазлите и му ја расипа бројаницата. сатаната не сакал светителот да биде точен во својата молитва.


Тогаш на Свети Пахомиј му се јави Архангел Гаврил и му покажа како се прави бројаницата.


Тој му посочи дека секој јазол треба да содржи 9 крстови. Оттогаш, ѓаволот никогаш повеќе не ја допрел бројаницата.


Слушнав опседнати луѓе како велат:


– Фрли го тоа јаже што го држиш  и да се бориме!


Фрлете го крстот што го држите во рацете и дојдете да се соочите еден со друг.


 Бидејќи секој јазол од бројаница, како што рековме, има 9 крстови. А ако, на пример, вашата бројаница има 100 јазли, тогаш во раката држите 900 крстови!



Димитриос Панагопулос

Comments

Anonymous said…
Ja nosam ama ne ja znaev ovaa za mene novost.Blagodaram
Anonymous said…
Ja nosam ama ne ja znaev ovaa za mene novost.Blagodaram
Anonymous said…
Ja nosam ama ne ja znaev ovaa za mene novost.Blagodaram