Спасението е само во Христос

 Спасението е само во Христос


„И макар што ги размавна среде него рацете Свои, како што ги размавнува оној што плива, но Бог ќе ја понизи гордоста негова заедно со лукавството на рацете негови. ;Господи, Ти си Бог мој; ќе Ти возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил премудри дела...“ ( Исаија 25:11, 1 ).

Во минатиот век, на 30-годишна возраст, во Германија умре една богата, благородна личност, која до својата смрт тврдоглаво ја отфрлаше можноста за задгробен живот. Поради нејзините убедувања, таа оставила аманет нејзиниот гроб да биде покриен со тешка гранитна плоча и опкружен со масивен камен ѕид, обезбеден со дебели железни окови. Нејзината желба била исполнета, а на плочата бил ставен натписот: „Ова гробно место, стекнато во вечност, мора да остане неприкосновено засекогаш. Строго е забрането никогаш да се отвора гробот“. Така, дури и во ковчегот, таа изгледаше како да го предизвикува Семоќниот.

Меѓутоа, едно мало семе кое паднало под плочата никнало и се пробило меѓу камењата до површината на земјата. Малку по малку, коренот, растејќи повеќе и повеќе, ја откопуваше земјата и со текот на годините од него израсна огромно дрво. Моќните корени добија огромна сила, ја затресоа оградата; биле скршени железните окови и подигната надгробната плоча. Животот триумфираше таму каде што сè беше осудено на смрт. Над овој гроб сега стои висок даб, кој е нем сведок на вистината и јасно побивање на неверувањето на покојникот.

Обичните луѓе во тој крај гледаат на овој споменик со суеверен ужас. Навистина, ниту еден камен, ниту една бариера нема да ве заштити од праведниот Божји суд. Во последниот ден, секој од нас ќе се појави пред Бога, а потоа спасението ќе биде само во Христа. Агнецот ќе им суди на сите - закланиот Агнец, кој потоа ќе се појави во сета Негова слава. Самиот Христос, кој ќе не спаси од гневот Божји. Колку и да се трудат луѓето да ја побијат Божјата вистина преку неверување или нешто друго, ќе дојде време кога таа непобитно ќе се наметне; ќе дојде часот кога секоја уста ќе биде запрена пред Него, кога секое око ќе Го види, и секоја неверна душа ќе биде принудена да се поклони пред Него.




Од дневникот на еден православен свештеник


Comments

Post a Comment

Напиши коментар