Појавувањето на Тројца Свети архиереи на Свети Георгиј Карслидис

 Појавувањето на Тројца Свети архиереи на Свети Георгиј Карслидис






По многу години Свети Георгиј за еден период од неговиот живот : Бев сам дома со брат ми бидејќи нашите родители починаа. Тој ден дојде еден просјак и ми побара една чинија брашно. Отидов во подрумот и му дадов.


Следниот ден брат ми требаше да оди да земе брашно и почна да се расправа со мене велејќи: Ти зеде од брашното му го даде на просјакот. Се расправаше со мене толку лошо што тоа ме натера да ја напуштам куќата.


Најдов еден Турчин на кој му ги чував животните во една пештера. Еден ден кога ги чував животните видов Троица свештеници кои почнаа да пеат толку убаво што ги оставив животните и тргнав по нив.


Но, одеднаш ги изгубив , а пеењето беше толку убаво бидејќи станаа невидливи почнав да плачам. Кога се вратив во куќата плачејќи Турчинот ме праша што се случува, зошто плачам, но неможев да му одговорам.


По неколку часа дојдов и му објаснив што се случи. Тој ме праша ако ги видам дали ќе ги препознаам? , незнам одговорив. Ме фати за рака и ме водеше од една во друга соба и подигна една даска и се спуштивме по скали. Тогаш пред нас се отвори цела црква. Турчинот бил таен христијанин .

 Веднаш истрчав пред иконата на Троица архиереи : Да тие беа! -реков.


Потоа ми рече: Дете мое ти не си овде , ти за манастир.


Еден ден кога Светилот сам се молел му се појавил коњаник и го зел со себе. Тој му зборуваше со љубов и му кажа каде ќе го однесе и што ќе прави таму кога ќе го остави. Растојанието било долго, но тие го поминале за многу кратко време. Овој коњаник бил Свети Георгиј Победоносец чие име ќе го добие и ќе му биде заштитник и чувар во целиот нареден живот.


Од книгата на монахот Мојсеј Светогорец

,,Свети Георгиј Драмски (1901-1959),,



Comments