Кога ќе отвориш духовна книга, или Светата Библија, тоа е како да кажеш...

 Кога ќе отвориш духовна книга, или Светата Библија, тоа е како да кажеш...



Кога ќе отвориш духовна книга, или Светата Библија, тоа е како да кажеш:Да, Господи, верувам дека си тука... Да бараш да го разбереш значењето, тоа е како да Му кажеш: „Да. дојди Господи Исусе“...

Затоа, ја проучувам Светата Библија, значи се причестувам со Христа..

Христос, кој некогаш поучуваше во еден агол на Палестина, сега е тука тајно, но НАВИСТИНА!...и зад секој ред од книгата, или Светата Библија, те вика: дојди, дете мое!...и ако ти имаш желба да разбереш што ти кажува, ти одговараш:

Доаѓам Господе!.. дојди сега и Ти во мене..

Се одвива дијалог лице в лице.. јас и Христос разговараме низ книгата.. читањето, односно духовната книга е откровение, тајно соединување со Него...

Само со Христос?.. Не!!.. Христос е секогаш, заедно со Неговите духовни Апостоли.. Светителите и Ангелите..

Се соединувате во тоа време тајно, заедно со сите Светители...

Ќе почувствувате што рекол еден светец, дека „живеејќи на земјата, славиме на небото“, кога го имаме словото Божјо, во срцето и во устата...

А ближниот, постојано ја читаше Светата Библија, со солзи во очите, пееше...

Разбраа нешто повеќе…………..


Архимандрит Емилијан Симонопетритски 

Comments