Кога започнува рајот и кога започнува пеколот на човекот....


 


 Кога започнува рајот и кога започнува пеколот на човекот



Бесмртноста на човекот започнува од неговото зачнување во утробата на неговата мајка. А кога започнува рајот и пеколот на човекот?

Од слободниот избор за Божествено добро или демонско зло, за Бог или за ѓаволот. И рајот и пеколот на човекот започнуваат овде на земјата за да продолжат вечно во следниот живот.

Што е рајот? Тоа е чувството на Божјото присуство. Ако човекот го чувствува Бог во себе, тој е веќе на небото, бидејќи каде што е Бог таму е и Царството Божјо, таму е и рајот.

Откако Бог Словото слезе на земјата и стана човек, небото стана најнепосредна реалност за земјата и за човекот. Зашто каде што е Христос, таму е и рајот.



Свети Јустин Поповиќ 



Comments