Што да кажам кога се молам?

 Што да кажам кога се молам?



Болниот Езекија, ниту стоеше, ниту клечеше, туку лежеше на креветот, молеше за исцелување од Бога, кој ја претскажа неговата смрт преку пророкот Исаија.

И успеа со чистотата и топлината на своето срце да ја промени божествената одлука.


Разбојникот, пак, прикован на крстот, со неколку зборови го освоил царството небесно.


И Еремија во јамата со калта и Даниел во јамата со ѕверовите и Јона во утробата на китот, кога горливо се молеа, ги отстранија неволјите што ги нашле и Бог им помогна.


„А што ќе кажам кога ќе се молам?“, ќе ме прашате.


Ќе кажеш што кажала  Хананејката од Евангелието. „Помилуј ме, Господи!“ молеше таа. „Мојата ќерка ја мачи демон.


„Помилуј ме, Господи!“, ќе се молиш и ти. „Душата ми ја мачи демон. Затоа што гревот е голем демон.


Опседнатиот е сожалуван, додека грешникот е осуден. „Помилуј ме!“. Фразата е кратка. А сепак, станува океан на милосрдие, бидејќи таму каде што има милост, таму се сите добра.


 Свети Јован Златоуст

Comments