Ние не сме спасители на светот, туку Христос е Спасителот на светот. Да бидеме понизни и да ги знаеме нашите граници.
Но, ако сме горди и се трудиме да се соочиме со секоја ситуација мислејќи дека сме големи пророци, тогаш можеби нема да издржиме.
Најдобро е да имаме на ум дека Христос е наш Спасител, додека ние сме гнасни робови. Се трудиш и правиш што можеш, а останатото препушти го на Бога.
Ова беше принципот на пустинските Отци, правилото што го имаа во нивните животи: да прават што можат без да се грижат дека ќе бидат обврзани со правила.
Умирајќи за нас, Бог не ослободи од ропството на законот, но ние создаваме закони и им робуваме на тие закони.
Кога стануваме робови на законите и ги исполнуваме, се гордееме со тоа, напротив, кога не ги исполнуваме, ние сме мачени и не се чувствуваме среќни.
Ниту едното ниту другото не е потребно. Мораме да правиме што можеме и со вера и благодарност да му го оставиме остатокот на Бога. Ова било правило на првите пустински подвижници и мислам дека треба да го следи и духовниот отец.
Сите можеме да функционираме добро ако ја знаеме нашата позиција и нашите мерки и не се трудиме да ги надминеме. Ние сме скапоцени камења со кои Небесниот градител го гради Својот Храм.
Но, ако се обидеме да ги надминеме нашите граници, тогаш уништуваме сè.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар