Не очајувај, Бог ти ја гледа душата и ќе ти помогне...


 


 Не очајувај, Бог ти ја гледа душата и ќе ти помогне.



Имајте вера во Бога. Побарајте и ќе ви се даде. Оваа вера ми помогна и ме спаси 70 години.

Ниту една молитва, деца мои, не се троши. И оваа молитва ме одржуваше толку многу години.

Молитвата секогаш поддржува. Да не бидеме срамежливи, да не се плашиме. Господ е со нас, никој не е против нас.

Во Црквата наоѓаме здравје, утеха, надеж и спасение на нашите души.

Без нашата душа чиста немаме никаква корист од Светата Причест.

Она што духовникот простува, Бог на небото го простува и она што тој не го простува, останува непростливо.

Видов, дете мое, цел живот, дела, зборови, мисли се напишани: за се ќе даваме причина.

Мој брате кога велат дека си грешник, сите луѓе се грешници, само Бог е безгрешен, затоа ние ќе Му принесуваме жртви на Бога - вера, кротост, трпение, смирение, воздржување од зло, Божествени служби, покајанија, пост - за да ги прости нашите гревови.

Не очајувај, Бог ти ја гледа душата и ќе ти помогне. Се надеваше на Господа и се спаси!... надевајте се на распнатиот Исус Христос и сè ќе дојде по молитвата.


Свети Јаков Цаликис


Comments