Ноќна посета на Пресвета Богородица

 Ноќна посета на Пресвета Богородица


Две побожни жени од Коница, г-ѓа Пенелопа Мурелату и г-ѓа Пенелопа Барбути, му помогнаа на Свети Пајсиј да работи во градината. Еден ден по Вечерната отидоа во манастирска гостилница  и си легнаа рано. Ноќта, откако слушнале тропање на клепалото во манастирот, се разбудиле и излегувајќи од собата, виделе дека и Старецот излегува од својата ќелија. Старецот им рекол: Благословени души, зарем не ве замолив да не чукате со клепалото навечер?
Жените збунето одговориле дека не го ни допреле клепалото. И одеднаш забележале како некоја жена влегува во храмот и станува невидлива. Ја видоа во профил - од рамото и надолу - раката и омофорот. Тоа беше Пресвета Богородица, чиешто ноќно посетување беше најавено со тоа што клепалото почнало да чука само по себе.
Гледајќи ја Пресвета Богородица, Старецот - кој претходно гласно зборуваше - замолкна од благословение и света стравопочит, давајќи им знак на жените да си заминат, а тој самиот отиде во својата ќелија.
Околу полноќ ги повика во храмот и тие служеа молебен на Пресвета Богородица. По молитвата им рекол: Бог ве удостои да ја видите Богородица. Но, не кажувајте никому за ова.



јеромонах Исак (Аталах)
„Животот на старецот Пајсиј Светогорец