Советите дадени од Дева Марија...


 


Советите дадени од Дева Марија



Пресвета Богородица се појавила и зборувала со многу луѓе во последно време. 

Таа рече дека се застапува кај нејзиниот Син за нас, но ние не се каеме.

Таа во многу наврати не советуваше да се покаеме, бидејќи времето минува и доаѓаат тешки денови за христијаните.

Таа ни вели дека мора да се покаеме, за да не ја имаме истата судбина како оние кои се оддалечиле од Бога.

Светите Отци велат дека земјата ја принесе пештерата за раѓањето на Спасителот, а човештвото ја принесе Пресвета Богородица. И тоа беше направено за Господ да слезе меѓу нас и да стане човек за да не спаси.

Тој ја зеде на Себе нашата природа за да може да ја преобрази и обнови. А сите што се во Христа Исуса се ново создание, нов народ.

Животот на земјата е многу краток, незамисливо краток. Но, ни беше дадено многу во овој краток период од нашите животи. Тие ни се дадени за да можеме да се обратиме кон Бога од се срце.

Тој е Оној кој може да ги преобрази и Воскресне нашите души.

Навистина, христијаните имаат голема среќа што Пресвета Богородица се застапува за нас пред Божјиот престол...


Старец Тадеј Витовнички 


Comments