Каква е оваа „промена“, „новиот човек...


 


Каква е оваа „промена“, „новиот човек“?




 Вештачкиот свет, подигнат од луѓе кои сакаат да го уништат последниот остаток од Божественото влијание во светот и последниот остаток на човечката вера, ветува дека ќе биде толку целосен и сеприсутен што на луѓето ќе им биде невозможно да го видат, замислат или дури се надеват на нешто надвор од него.

Овој свет, од страната на нихилистите, ќе биде свет на совршен „реализам“ и целосно „ослободување“. Во реалноста, тоа ќе биде најширокиот и најефективниот затвор што луѓето го познавале, бидејќи, следејќи ги зборовите на Ленин: „нема да има бегство, нема да има друго „референтно место“.

...Ако ја погледнеме работата реално, каква е таа „промена“, „новиот човек“? Тој е критичкиот човек, оној кој е во дисконтинуитет со минатото уништено од нихилизмот, првиот материјал од сонот на секој демагог. „Слободномислечкиот“ и промислениот, кој ја исклучува вистината, но е „приемчив“ за секоја нова научна струја, бидејќи тој самиот нема такви основи. „Авантуристот“ на некое „ново откровение“, подготвен да верува во сè ново, бидејќи неговата вистинска вера е елиминирана. 

Планерот и експериментаторот, кој го сака „фактот“, затоа што ја напуштил вистината, бидејќи светот го доживува како широка лабораторија во која може слободно да одреди што е „возможно“


Отец Серафим Роуз 


Comments