Колку тежи гревот?...


 




Колку тежи гревот?



Еден атеист му се потсмеваше на еден проповедник, велејќи му:

Постојано зборувате со нас за еден куп гревови и слично. Сепак, верувајте ми дека јас лично не чувствувам никаков таков товар. Навистина, колку тежи гревот?

Божјиот човек многу смирено тогаш му одговори:

 Кажи ми ако ставиш сто килограми камен на мртовец, ќе го почувствува ли?

 Не, збунето одговори атеистот, бидејќи е мртов.

 Истото се случува и со вас, заклучил проповедникот. Надвор од Божјата благодат, човекот е мртов поради своите престапи и гревови (Еф. 2, 1). Затоа не ја чувствуваш тежината на гревот.


Извор: Света Гора 

Comments