Кога Христос живее во вас, не плашете се од ништо...


 


Кога Христос живее во вас, не плашете се од ништо...




Кога Христос живее во вас, не плашете се од ништо. За да живее Христос во тебе, ти треба многу смирение. Духовно паднете пред Неговите нозе и плачете: 

Исусе мој, Ти сега остануваш во овој мој скромен живот, како светлина и живот, покажи ми ја Твојата духовна убавина, за да се исполнам со Божествена љубов и да трчам по Твојот мир и да плачам...Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува  (Псалм 62:9). 

О, Исусе мој, кога ќе дојдам до Твоето лице? Кога, о светлино на мојата душа, ќе те видам и ќе се наситам и ќе речам: О длабочина на богатство, и мудрост и Богопознание! 

Да, чедо мое, сакај го смирението пред се друго и тогаш со понизно срце Господа ќе го добиеш како неотуѓивото богатство во својата душа. 

 Дишете со Исуса, и издишувајте го Исуса, а потоа дознајте што е Исус! Каде е тогаш земната љубов! Дали е можно да се запали сува шума и да се живее? И во урнатините на човечките помисли љубовта на Исуса се прелева.


Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 


Comments