Воскресението на мртвите
Смртта
Дали е вистина дека нашето тело, по Воскресението на мртвите, ќе се разликува од телото што го имаме сега?
Апсолутно да! Апостол Павле е јасен и категоричен. Исус Христос, ни вели, „Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе се“ (Фил. 3:21).
Расипливото тело е она што сега го носиме, она што се состои од месо и коски, она што, кога се одвојува од душата, е закопано во земјата и станува прав. Христос, значи, кој има моќ и власт да потчини сè на Себе, ќе го преобрази ова расипливо тело и ќе го направи како Своето славно тело.
За човечкото тело, истиот Апостол на друго место пишува: „Зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното - да се облече во бесмртно; А кога распадлитвото се облече во респадливост, и смртното - во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: Победата ја проголта смртта“ (1. Кор. 15:53-54).
Како ќе се случи Воскресението на мртвите?
Кога зборуваме за Воскресението на мртвите, мислиме на Воскресението не на целата психосоматска природа на луѓето бидејќи душите, како духовни и нематеријални супстанци, не умираат, затоа не им треба Воскресение, туку само на телата кои умреле и се раствориле во гробовите. Овие ќе Воскреснат, кога Христос повторно ќе дојде да им суди на луѓето и ќе дадат причина заедно со душите за се што добро или лошо направиле во овој живот. Како што пишува евангелистот Јован, „Не чудете се на оваа, зашто иде часот кога сите кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји; и ќе излезат: кои правеле добро - ќе воскреснат за животм а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јн. 5:28-29).
Нашите тела, кога ќе Воскреснеме, ќе бидат исто како и сега, но духовни, односно ослободени од тежината на материјата и од секоја физичка потреба и нераспадливи, како што вели Апостол Павле: „Зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното - да се облече во бесмртно“ (1. Кор. 15:53).
По Воскреснувањето на телата, секоја душа ќе се врати во своето тело. Душата и телото заедно ќе ја добијат наградата за нивните земни дела и или ќе бидат квалификувани да уживаат во вечното блаженство или ќе бидат осудени на вечниот пекол.
Како е можно да се Воскреснат мртви тела кои изгниле и се раствориле во гробовите?
„Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила“, ѝ рекол Архангел Гаврил на Дева Марија, објавувајќи ѝ го раѓањето Господово (Лука 1, 37). Навистина, „Неможното за луѓето е можно за Бога“, како што самиот Господ потврди (Лк. 18,27) но и на дело покажа со Своите чудотворни дела.
Зарем Семоќниот Бог не го обликувал човечкото тело од земниот прав? (1. Мој. 2:7). Зар не може ли да го подигне повторно телото што се раствори на земјата? Да разгледаме што се случува со пченицата или со кое било друго семе. Семето паѓа на земја и скапува. Скапаното семе, сепак, воскреснува тревно, повторно оживува во растение. Овој пример го спомнува Апостол Павле, пишувајќи им на коринтските христијани за Воскресението на телата: „ Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат? ; Безумниче тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре; Ако кога сееш , него сееш телото, кое ќе стане, туку голо зрно, било пченично или друго некое; но Бог му дава тело, какво сака и на секое семе негово сопствено тело; Такво е и воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; се сее во бесчест - воскресува во слава; се сее во немоќ - воскреснува во сила; се сее душевно - воскресува тело духовно, Има тело душевно, има и тело духовно“(1. Кор. 15:35-38, 42-44).
Дали сите тела на мртвите ќе воскреснат?
Сите, и праведниците и грешниците, и тие ќе бидат нераспадливи, духовни, ослободени од тежината на материјата и од секоја природна потреба. Зашто, како што пишува Апостолот, „...телото и крвта неможат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста“ (1. Кор. 15,50).
Се разбира, иако сите тела ќе Воскреснат, нема сите да имаат ист крај: „и ќе излезат: кои правеле добро - ќе воскреснат за животм а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:29). „ Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во царството на нивниот Отец“ (Мт. 13,43), додека вторите ќе бидат темни и жалосни.
По Воскресението на телата на мртвите, и телата на живите ќе бидат преобразени со Божјиот Дух, односно и тие ќе бидат ослободени од материјата како Воскреснатите тела на мртвите. Како што пишува апостолот повторно, „Еве тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме; одеднаш , во миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме“ (1. Кор. 15:51-52).
Од книгата: Старец Ефстратиј Головански, Одговори на прашања на христијаните
