ЗА ОНИЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НЕМААТ ШТО ДА КАЖАТ НА ИСПОВЕД...

  ЗА ОНИЕ КОИ МИСЛАТ ДЕКА НЕМААТ ШТО ДА КАЖАТ НА ИСПОВЕД...


 Зборовите на старец Филотеј (Зервакос), кои се корисни за паметење пред исповедта.

 Не го сакам Бога со сета душа...

 Не се молам со внимание, почит и нежност на срцето ...

 За време на Богослужбите, сеноќното бдение, па дури и за време на Божествената Литургија и во страшниот час на празнувањето на Тајните, стојам во храмот без страв Божји, без почит и внимание.

 Честопати умот ми се задржува на несоодветни теми и влегувам во разговор со гнасни, нечисти и богохулни мисли во овој страшен час на Божествената Литургија и за време на други богослужби.

 Немам длабоко, искрено, активно покајание, ниту тага за моите гревови, и солзи.

 Не признавам со скрушеност во срцето и со потполно сфаќање дека, кога стојам пред мојот духовен отец за време на исповедта, стојам пред Самиот Семоќен Бог и Самиот Нему Му ги исповедам своите гревови.

 До Светата тајна Причест пристапувам недостојно, без соодветна подготовка, со студено срце...

 Не го сакам својот ближен како себеси...

 Немам вистинска љубов и соодветна почит кон мојот духовен отец...

 Немам воздржување, трпение, кроткост, смирение: грешам со осуда, клевета, лаги, говори, несоодветни шеги, смеа, огорченост, гнев, одмаздољубивост, злоба...

Грешам со ненаситност, прејадување, вкусна храна, тајно јадење.

 Грешам со сите мои сетила, вид, слух, вкус, мирис, допир.

 Грешам со збор и дело, волја и не волја, знаење и незнаење, ум и срце.

 Од невнимание и мрзеливост не се чувам од лоши и нечисти желби.

 Грешам со гордост, суета, човечко угодување.

 Грешам со самољубие, љубов кон парите и среброљубие.

 Не го чувам моето срце од сè зло и суетно што ја попречува заедницата со Бога.

 Не ги бркам лошите, нечистите, богохулните, гордите мисли со должно брзање.

 Грешам со љубомора и завист, раздразливост, гнев, желба за одмазда.

 Јас сум мрзлив во извршувањето на моите должности и во молитвата.

 Во сите овие гревови што ги исповедав пред Бога и пред тебе, мој духовен оче, и во моите безброј други гревови, направени од мене, а не исповедани од заборав или незнаење, се каам и барам од Бога прошка.  Прости ми и ти, мој духовен отец, и одреди ми молитвено правило кое одговара на гревовите што ги направив.

Преподобен Филотеј Зервакос

Comments