Се плашам од тоа срце што се плаши од животот

 Се плашам од тоа срце што се плаши од животот



Многу е студено денес…
 Никогаш не се плашев од студот. Можеби затоа што имав дрва во каминот, топло ќебе, мајчинска прегратка во собата на татко ми
Но, се плашам од нешто друго. Се плашам од тоа затоа што го сакам…
Тоа е срцето кое живее во зимските патеки на „зошто“, очајот, разочарувањето.
Се плашам од ова срце, дури и во своето лудило, да не заслепи од злоба и сега да се изгуби во мразовите на себичноста.
Многумина од нас беа погодени со тешки искушенија, кои ги зафатија нашите срца, нашите егзистенции, нашите помисли.
Не е лесно да излезеш неповреден од искушението, не е лесно да ја скротиш болката што те предизвикува, да ја преобразиш во доблест.
Не е лесно да не се скршите и да почнете да кажувате „зошто“. Можеби е човечки, оправдано. Но, дали е и погодно за нас?
Полесно е да обвинувате некој друг, да го обвините Бога за „злото“ што ве снашло. Тешко е да го прифатиш судењето на твојот живот без „зошто“, без да се чувствуваш погрешно, без „Фала на Бога“ да ти се исуши од усните.
Многупати се плашам од оние луѓе во чиј што планиран живот тестот доаѓа како тешка зима и ги здроби. Се плашам од нив затоа што овие луѓе во својата беда ја напуштаат иднината, ги напуштаат другите и живеат опасно во осаменоста на нивните мисли. Полни со бес за животот, полни со солзи за минатото, сегашноста и иднината. На работ на исцрпеност, на работ на неповратното.
Тоа е нашиот живот неочекувано изненадување, на крајот на краиштата тоа е единственото сигурно.
Еден момент ја држиш за рака твојата љубов, а во следниот миг плачеш на нејзиниот гроб, во еден момент и велиш „се гледаме“ на својата пријателка, а во следниот момент немо изневерен чекориш
Тоа е нашиот живот во зимa и летo, сонце и дожд, смрт и Воскресение. Радост што нема да престане
Не се плашам од животот. Се плашам од тоа срце што се плаши од животот. Се плашам од неа затоа што ја сакам да не се откаже и да ја изгубам и таа да се изгуби

Архимандрит Павлос Пападопулос

Comments