Светот е како шаховска табла, каде што има црно-бели пиони...


 



Светот е како шаховска табла, каде што има црно-бели пиони



Бидејќи многу христијани се тажни или доведени до очај кога во нивните животи ќе дојдат таги или дури и падови, дозволете ми неколку охрабрувачки мисли.

Светот е како шаховска табла, каде што има црни и бели пиони. Пионите не се движат сами, туку во зависност од нивната боја ги поместува белиот или црниот играч.

На шаховската табла на светот Бог е белиот играч, а ѓаволот е црниот играч.

Целта на белиот играч е црните пиони да ги претвори во бели, а по целата шаховска табла да има светлина и радост и славење. Целта на црниот играч е или да ги „изеде“ белите пиони и да ги тргне од шаховската табла или да ги оцрни за да надвладее црнилото и стравот.

Во двата табора има крал, кралица, офицери, витези, коњи,топови ловци и војници. Потезите се прават наизменично од играчите.

Кај црниот играч сите пиони имаат темни улоги во темна хиерархија. Црните војници се потрошни во борбени планови кои се секогаш агресивни. Взаемната поддршка на црните пиони е насочена кон постигнување на црна цел и на никаков начин всушност да им се помогне на црните пиони.

Секој црн пион се плаши и ги гледа другите црни пиони со сомнеж, додека белите пиони ги гледа како омразени непријатели. Црните пиони гледаат напред и само на белите пиони, не грижејќи се за другите црни пиони. За црните белите се пречка.

За белиот играч сите пиони имаат добри цели, добронамерно почитувајќи ја хиерархијата. Самиот син на Кралот стана пион со чин Крал, додека неговата кралска мајка е самата кралица.

Офицерите, коњите,ловците се свештенството, монасите и учените црковни луѓе, додека војниците се верниот Божји народ. Ниту еден бел војник не е потрошен, додека главната тактика на белиот играч е љубовта.

Взаемната поддршка на белите пиони има за цел меѓусебна безбедност и среќа. Секој бел пион ги сака и ги почитува другите бели пиони додека со сочувство и милост гледа кон црните пиони.

Белите пиони гледаат насекаде околу нив, со намера да трчаат да понудат помош каде што е потребна. За белите, црните се болни браќа.

Црните пиони или целосно ги јадат белите пиони (кога немаат соодветна поддршка), им се закануваат и тероризираат или дури суптилно ги принудуваат да се претворат во црни пиони.

Многупати белите пиони избираат да се одбранат од црните закани користејќи методи на црни пиони, а потоа несвесно самите стануваат црни пиони. Каква трагедија!

Белите пиони не ги јадат црните пиони, туку им приоѓат со љубов и се обидуваат  да им покажат колку е убава шаховската табла, и колку се љубезни и ги сакаат белиот крал и белата кралица!

Многу црни пиони разбираат колку е светло сè на белата страна и среќно стануваат бели.

Белиот Крал ќе најде начин да не поддржи со Својот потег, се додека ги држиме очите и срцата отворени и остануваме бели играчи суштински!.

Големата предност на белите пиони е што често пати (недели, празници, пост и сл.) белиот Крал ги вади пионите од шаховската табла и ги носи на друго место (Светите храмови) каде што ги чисти, полира, дезинфицира, поправа и прави тие да се светли и јасни повторно и многу пати посилни и подобрени!

Затоа бидете трпеливи!

Белиот Крсл е секогаш победник! Добро е да се победи, да се шири љубов, добрина, милост и воопшто, а особено ЉУБОВ!…


отец Николаос Јанузас


Comments