Денеска исповедував една постара жена

 Денеска исповедував една постара жена.  

Ја прашувам:  Кажи ми, кои се твоите гревови? . Таа одговори : Но, јас немам посебни гревови!  Ја прашав :Колку пати одиш во црква?  -Па, два или три пати годишно.  

И ако ученикот оди на училиште два или три пати годишно,или десет години поминато со книга, тој сепак нема да научи ништо.  Така да не ги гледаш своите гревови. Ја прашав: погледни дали има луѓе во храмот?  – Да, многу луѓе, одговори таа . И ги затворив очите со раката:  А сега ги гледаш?  – Не, не.  - Зошто?  - Ти ми ги покри очите со рацете.  - Но, има луѓе во храмот? - Да, но не ги гледам.

Токму така не ги гледате и не ги чувствувате своите гревови, бидејќи вашите духовни очи се затворени.  Многумина станаа души мртви.  Од што?  Од постојани пороци и страсти.  Не одиме во црква, не му се молиме на Бога.  Ние сме заглавени во гревови и не ги чувствуваме со своето срце.  Светите Отци велат дека човекот почнува да живее духовно дури кога ќе му се отворат духовните очи. Кога во душата ќе види многу гревови. 

 Ова е почеток на покајанието. 


Архимандрит Амвросиј (Јурасов)

Comments