Радувајте се на вашиот Крст...


 


Радувајте се на вашиот Крст



 Се сеќавам еднаш, кога бев на Крит, во едно село, во Аногеја, дојдоа некои стари жени на исповед, а кога завршија, една старица ми ја кажа својата молитва: Радувај се на својот Крст.

 Потоа дојде друга старица: Радувај се на својот Крст.

 И јас бев збунет и реков: А каква е оваа молитва ?

 И ми одговорија: Така велиме овде.  За родител, мајка или татко велиме: Радувајте им се на своите деца, бидејќи радоста на родителите се нивните деца.

 Кога некој е свештеник, му велиме: Радувај се во свештенството.

 А кога некој е монах или монахиња велиме: Радувај се на својот Крст.

 Оваа молитва, радувај се на својот Крст, мислам дека е нешто толку големо и толку длабоко, што ме потсетува на теологијата на Свети Максим Исповедник.


 Архимандрит Василиј Гондикакис

Comments