Ако во овој момент ме посети мојот Господ...


 


Ако во овој момент ме посети мојот Господ...



 Старецот советува:


 -Кога ќе започнете некој проект, свесно поставете си го ова прашање:

 Ако во овој момент ме посети мојот Господ, што ќе се случи?

 Погрижете се внимателно да слушате што ќе ви одговори совеста.

 Доколку не се согласува со вас, веднаш откажете се од тоа што сте решиле и започнете нешто друго, што совеста ќе го одобри, за да можете храбро да го завршите.

 Работникот на доблеста мора во секое време да биде подготвен мирно да се соочи со смртта.

 Кога паѓате во кревет, кога спиете или кога станувате од сон, кога јадете или работите, кога стоите или одите, секогаш кажете му на вашиот ум:

 -Ако во овој момент мојот Господ ме повика, дали сум навистина подготвен?

 Повторно, слушај внимателно што ти кажува совеста и не престанувај да ги следиш нејзините упатства.  Вашето срце ќе продолжи да ве уверува дека Бог ве помилува.


 Старечник

Comments