Дете мое Јаков, ти си толку слаб! Јади јајце за да станеш посилен
Кога беше Великиот пост, строго постевме. И покрај сета напорна работа, го чекавме доаѓањето на Благовештението и Цветници, за да изедеме пржено солено бакаларче, кое ни се чинеше толку вкусно или некоја свежа сардина, единствената риба што пристигнуваше во селото од морето и тоа беше ретко.
Мајка ми, за да ме тестира дали постам со срце, понекогаш за време на постот ми велеше:
- Дете мое, Јаков, ти си толку слаб! Јади јајце за да станеш посилен.
- Ако го изедам јајцето мамо ѝ одговорив, нема да го разберам Воскресението. Сакам да јадам Велигденско јајце за да го разберам Велигден.
И кога заврши постот и дојде Велигден, јас не го изедов веднаш јајцето по Воскресението, туку го земав и одев од село во село до село, каде што со сета моја сила ја пеев „Христос Воскресе“ и Воскресните тропари со душа, со страст и занес, додека не стана пладне.
Потоа седнав и го изедов Велигденското јајце и ми се чинеше највкусно.
