Како Божјиот страв позитивно придонесува за нашето духовно заживување?

 Како Божјиот страв позитивно придонесува за нашето духовно заживување?



Стравот Божји е раѓање на верата и услов за духовен напредок.  Кога ќе се смести во срцето, како добар домаќин, сè средува.
Дали се плашиме од Бог?  Ако е така, да му благодариме на Господа, кој ни го подарил и да го чуваме како скапоцено богатство.  Но, ако го немаме, да направиме се за да го добиеме, знаејќи дека за неговиот недостаток е одговорно нашето невнимание.
Од стравот Божји се раѓаат покајанието, скрушеноста, жалењето за гревовите.  Нека ова чувство, предвесник на спасението, никогаш не го напушти срцето!
За да биде зачуван во нас стравот Божји, мораме да ги чуваме непрекинато сеќавање на смртта и Судот, обединето со свеста за Господовото присуство.
Бог е секогаш блиску до нас и во нас, сè гледа, слуша и знае дури и нашите најскриени помисли.
Кога ова тројство - стравот Божји, сеќавањето на смртта, свесноста за Вожественото присуство - ќе се насели во нас, тогаш спонтано од срцето тече молитва, тогаш станува цврста надеж за спасение.
Затоа, да внимаваме на што предупредува Светиот Дух: Господа Саваота – Него свето почитувајте Го, и Он да биде ваш страв и ваш трепет! (Ис. 8,13).
Свети Неофит Затвореник 

Comments