Боже, направи ги луѓето да научат да бидат среќни!

 Боже, направи ги луѓето да научат да бидат среќни!


Луѓето сакаат да бидат среќни, но секое утро се будат лути на животот, лути на светлината што доаѓа од прозорецот, лути на почетокот на новиот ден во кој треба да почнат одново
Луѓето сакаат да бидат среќни, но носат темна облека, шетаат со наведната глава, се поздравуваат тажно и со отворени усти, ги бројат пукнатините на асфалтот и дупките на патот… Луѓето сакаат да бидат среќни, но тие влегуваат тажни и под стрес на работното место, брзаат да ги осудат колегите и да ги обвинуваат шефовите за се што ги вознемирува
Луѓето сакаат да бидат среќни, но се враќаат дома оптоварени со стрес на работа, кој не се двоумат да го расфрлаат по домовите
Луѓето сакаат да бидат среќни, но одгледувањето дете стана товар, а желбата за игра стана дополнителен стрес.
Луѓето сакаат да бидат среќни, но се залепени на телевизорот со вести, згрчени се на реклами и се лутат на политички емисии
Луѓето сакаат да бидат среќни, но ноќното небо го покриваат со непроѕирни ролетни, пред спиење се нервираат со вознемирените мисли на денот и го обвинуваат животот за несоница
  Луѓето сакаат да бидат среќни, но тишината или размислувањето изгледаат како потрошено време, молитвата е наивна, а тишината тешко се поднесува
Луѓето сакаат да бидат среќни, но немаат време за тоа.
  Луѓето сакаат да бидат среќни, но немаат време за среќа
Луѓето немаат време да откријат дека среќата е во себе, на утринското небо, во насмевката со која ги поздравуваат луѓето, во очите на колегите на работа, во детската игра, во тишината на куќата, во ѕвездите на небото и во молитвата пред спиење
  Боже, направи ги луѓето да научат да бидат среќни!

Отец  Хризостом Филипеску 

Comments